A1 Net Lite безжичен Интернет - генерална дискусија

  • Креатор на темата Креатор на темата Network
  • Време на започнување Време на започнување
Има некој друг проблем со нетот? Мене не ми отвара некои страни, а тие што ги отвара им треба 5 минути скроз да се отворат. Еве тука долго време чекав да се лоадира комплетно за да можам да пишам. Само до мене е или..?
 
Да, го имав и јас тој проблем, исклучи и уклучи пак нетот, ќе се среди, барем кај мене се среди.
 
Да, го имав и јас тој проблем, исклучи и уклучи пак нетот, ќе се среди, барем кај мене се среди.
Еве баш откако пишав само се среди без да праам ништо ... :)
 
Дечки абе некој од вас да не има проблем како мене...Значи фиксна линија веке 5 дена немам ниту можам да звонам ниту да ми звонат а интернетот пага на секој 10 до 15 мин и ми се појавува некој си жолт триаголник со црн извичник долу кај конекцијата,некое решение???? БТВ се има имам јавено кај апашите и ми рекоа дека ке ми се јават да видиме што е проблемот а ги нема еве веке 2 дена.........
 
Сигурно тие ти ѕвонат ама неможат да те добијат ;).Приговор поднеси во продажен салон.
 
Јас немам таков проблем, ама за да го решиш треба СЕКОЈ ДЕН ТИ ДА ГИ БАРАШ А НЕ ДА ЧЕКАШ ТИЕ ДА ТИ СЕ ЈАВАТ. Јас така ко го зедов пакетот дома, требало да го поврзам телекомуникацискиот кабел во рутерот. Јас имав таков кабел ама немаше сигнал во него (ДСЛ сијаличката не светеше само трепкаше). Се јавувам ми викат треба да се пушти сигнал и ќе дојди екипа да пушти. Другиот ден иди екипата. И поврзува демек на бандера ама пак исто. Ми викат тие (тие биле од Телеком зашто поправките на мрежата на ОНЕ се вршеле преку Телеком) дека од таму немале средено нешто. Му се јавувам нив тие ми велат дека ќе провереле и ќе ми се јавеле. Ама ни се јавија ни ништо и така да бев приморан пак да се јавам јас. И му реков дека интернет немам една недела и дека се префрлив кај нив демек нудат поубај услуги ама дека сум се излажал и дека ќе поднесам барање за раскинување на договорот. И следниот ден одма дојдоја овие мангупиве од Телеком (ама тие нешто маткаја, ми изгледаше како намерно да не сакаа да средат, зашто бе аљубоморни. Велат еве и тие почнале ко нашите рутери да дават и туку си прат некој фаци.) се качија пак на бандера и оп ДСЛ почна да свети ама телефонот не работеше. И овие радосни велат ете пак кај нив е проблемот. И тие заминаја одам јас кај рутерот изнервиран и гледам свети и то за интернет и то за телефон ( му требало на рутерот некое време за да ги конектира услугите) ама овие одвратниве нејќеја да ми кажат. И така надолго нашироко ви раскажав. Ама еве месец и пол сум нивни корисник на пакет со три услуги и откако го средија тоа досега немам НИКАКОВ ПРОБЛЕМ (да не е на подрек) ни со телевизија ни со интернет ни со телефон. И мој совет за крај: досадвајте луѓе, ако не ви се јават тие одма вие вртете иако тешко ќе ги добијате. Ама бидете упорни.
 
дали некој има ваков проблем со тп линк рутеров: 2 пати ми се деси да ми го ресетира пасвордот од вајарлесот заедно со името на мрежата од вајарлесот, опциите не се чепкани си работеше месеци без проблем...
 
Вчера ми се по*ба нешто модемот и го заменав ама не му вратив едно од обичните телефонски каблина бидејќи дкипата нивна кога дојде од Телеком да поврзи, го пресече и го настави со теле. кабел. Дечкото прегледа се што му вратив и не рече ништо. Дали можно е да побараат целосна доплата на модемот заради тоа кабле отпосле, бидејќи на тоа ливчето што ми го дадоја пишваше дека се согласувам ако опремата е нецелоснада го платам целиот модем? Имал некој вакво или слично искуство?
 
Леле истото ми се деси и на мене вчера.Имам ЗТЕ модем и вчера после 4 се шекна.Едноставно трепереше пола саат и се изгаси.Пробав се,вртев подршка ништо.Цел ден без интернет сабајле отидов им го фрлив у салон модемот и ми дадоа нов.Одам дома го уклчувам неработи.Таман па да одам се рестартираше 2 пати модемот и проработи.Не го пипам сега страв ми е.Важно работи....А мислам дека нема да ти прават таков проблем за кабелче
 
Ги прашав за кабелчето и рекоја дека нема никаков проблем. А ова со модемот и мене ми се деси то време исто така трепкаше и овај новиот 2-3 пати се рестартира и пак немав интернет но сабајлево се си беше средено. Ми текна дури сабајлево дека тој дечкото ми рече после еден сат ќе се конектира интернетот.
 
pak da ne zaebava internetov ili do mene e ? Nemozam edno video vo HD da gledam...
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom