Јас немам таков проблем, ама за да го решиш треба СЕКОЈ ДЕН ТИ ДА ГИ БАРАШ А НЕ ДА ЧЕКАШ ТИЕ ДА ТИ СЕ ЈАВАТ. Јас така ко го зедов пакетот дома, требало да го поврзам телекомуникацискиот кабел во рутерот. Јас имав таков кабел ама немаше сигнал во него (ДСЛ сијаличката не светеше само трепкаше). Се јавувам ми викат треба да се пушти сигнал и ќе дојди екипа да пушти. Другиот ден иди екипата. И поврзува демек на бандера ама пак исто. Ми викат тие (тие биле од Телеком зашто поправките на мрежата на ОНЕ се вршеле преку Телеком) дека од таму немале средено нешто. Му се јавувам нив тие ми велат дека ќе провереле и ќе ми се јавеле. Ама ни се јавија ни ништо и така да бев приморан пак да се јавам јас. И му реков дека интернет немам една недела и дека се префрлив кај нив демек нудат поубај услуги ама дека сум се излажал и дека ќе поднесам барање за раскинување на договорот. И следниот ден одма дојдоја овие мангупиве од Телеком (ама тие нешто маткаја, ми изгледаше како намерно да не сакаа да средат, зашто бе аљубоморни. Велат еве и тие почнале ко нашите рутери да дават и туку си прат некој фаци.) се качија пак на бандера и оп ДСЛ почна да свети ама телефонот не работеше. И овие радосни велат ете пак кај нив е проблемот. И тие заминаја одам јас кај рутерот изнервиран и гледам свети и то за интернет и то за телефон ( му требало на рутерот некое време за да ги конектира услугите) ама овие одвратниве нејќеја да ми кажат. И така надолго нашироко ви раскажав. Ама еве месец и пол сум нивни корисник на пакет со три услуги и откако го средија тоа досега немам НИКАКОВ ПРОБЛЕМ (да не е на подрек) ни со телевизија ни со интернет ни со телефон. И мој совет за крај: досадвајте луѓе, ако не ви се јават тие одма вие вртете иако тешко ќе ги добијате. Ама бидете упорни.