A1 Net Lite безжичен Интернет - генерална дискусија

  • Креатор на темата Креатор на темата Network
  • Време на започнување Време на започнување
Бесплатен интернет за 149 денари

8E86769142A7674D9A189840BEF64B44.jpg
Мобилниот оператор ОНЕ стартува со нова понуда во која корисниците ќе добијат многу повеќе вклучен интернет-сообраќај. Оперативниот директор на ОНЕ, Тадеј Ленарчич појасни дека за 149 денари месечна претплата корисниците на Mobil net xs месечниот пакет добиваат 2 гигабајти вклучен бесплатен интернет-сообраќај, наместо досегашниот од 200 мегабајти. Многу повеќе бесплатен интернет-сообраќај ќе добијат и корисниците на другите Mobil net месечни пакети. Според Ленарчич, оваа понуда на ОНЕ е најконкурентна на пазарот.
-На сите корисници на мобилната телефонија ОНЕ им доделува многу повеќе вклучен бесплатен мобилен интернет. Корисниците ќе можат подолго и повеќе да сурфаат во движење од својот мобилен телефон или лаптоп, да симнуваат многу повеќе музички и видеосодржини и да користат мобилни апликации, да проверуваат и испраќаат меилови, а притоа и вистински да ги почувствуваат перформансите на своите "паметни" телефони - рече Ленарчич.
За генералниот извршен директор на ОНЕ, Цирил Кафол, со 80 отсто покриеност на популацијата со нивната 3Г-мрежа и неверојатна брзина на 3Г мобилниот интернет, за корисниците на ОНЕ не постојат ограничувања во користењето на интернет.
(С.Бл.)
Бесплатен интернет за 149 денари? #FuckLogic
 
Бесплатен :tapp:
Инаку ако си припејд може да си платиш пример за месец за 149 денари ?
 
Бесплатен ИНТЕРНЕТ за само 149 денари..
Па ако е бесплатен за шо стој 149 -.-
Значи пак нешто се плаќа..
Будали незнаат да се изразат веќе
само што ја прочитав првата реченица и јас ова го помислив. натака не ни читав.. ако е нешто БЕСПЛАТНО значи е 0 денари - ова е бесплатно ама само 149 денара се плаќа... глупости
 
само што ја прочитав првата реченица и јас ова го помислив. натака не ни читав.. ако е нешто БЕСПЛАТНО значи е 0 денари - ова е бесплатно ама само 149 денара се плаќа... глупости
Прееска прочитав исто една тема за ова оне со тоа некоја наградна игра (БЕСПЛАТНА аха да) кај шо ги изгореле 3000 денара..секој ден 25 денара за претплата ох ох...и башка таму некој глупости тарифи и слично...Типциве многу дарежливи се..бесплатни награди,бесплатен интернет...пфф..глупости невидени.
 
што е бесплатно па и ова. Политика на фер користење* и вие ништо незнаете. Само некои нови правила за е*ење мозок секој ден измислуваат.
 
Колку што разбрав јас, до сега за тие 149 денари се користеле 200 мегабајти интернет, а сега за истата цена можи да се користи 2 гигабајти интернет, значи 1800 мегабајти бесплатно ...:unsure:
 
Златен wireless јас ќе им давам 149 ден. :pos:
Инаку требало да пишат дека даваат гратис мегабајти за таа цена.
 
Јас сум на ВИП, ако мојт да си земам една картичка од ONE на припејд со околу 300-400 денари таму кредит минимум колку е и да си ставам 2 GB интернет за 150 денари, ако е изводливо......btw. каква е понудата за интернет во ВИП ако некој е информиран... ?
 
Штета што ми ја преместиле темата :(
Баш беше за ЧДА.
Па каде на друго место има бесплатен интернет за 149 денари?
Мислам дека ваква понуда не се пропушта.
Ова му доаѓа како : Купете 2 чоколади и добијте уште една за иста цена како претходните.
 
Абе арно си е.. бесплатен :X3:
нема платно со него (y)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom