На 4 март купив мобилен интернет од One (припејд).Направив два повика до 181 (за информации) и пратив порака за активирање на интернетот.Вкупно потрошив 153 ден (од 600) за 2гб и сурфав само 50мб (дома имам 30гб од T-Home).Бидејќи немав потреба не го користев интернетот до денес.Бидејќи го стартувам интернетот од таскбар на Windows 7 , а не од апликацијата што се инсталира , не запазив дека ми стигнувале пораки.Мобилен имам од VIP значи од Оне го користам само за повремено сурфање.Денес сакав да ги потрошам 2гб за да не отидат џабе и случајно видов дека имам 3 пораки за активација на услуга со почетни 500 бесплатни минути , која потоа АВТОМАТСКИ се продолжува за 80 ден НЕДЕЛНО.Бидејќи слабо ја посетувам страната на Оне немав појма дека со активирање на број на Оне автоматски ти активираат пакет КОЈ НЕ ГО БАРАШ.Значи дека ако не ми текнеше да ги искористам 2гб , ќе ми потрошеа сите пари.
Кога ќе ја провериш сметката на интернет освен оние 149 за интернетот други трошоци не прикажува а јас не можам да ја проверувам сметката од мобилниот бидејќи картицата е ставена во стикот.
Ме интересира дали ова вреди да го пријавам во АЕК зошто без да побарам ми активираат продукт , го продолжуваат автоматски и нема јасно напишано која е пораката за деактивација на продуктот ?