- Член од
- 24 април 2008
- Мислења
- 11.273
- Поени од реакции
- 13.004
претходно имав 10mb,сеа 20mb на торенти пак исто си иде,ни до 500кб не иде,спид тест 19mb вади,уште ми е стариот модем циско
Ако пакетот за кој плаќаш доаѓа со стандардна брзина од 20 мегабита во секунда, односно 2 мегабајти во секунда, тогаш треба да им се јавиш на Близо и да им се пожалиш.
Потоа треба да продолжиш да им се јавуваш и да им се жалиш и да не ги оставиш да дишат се додека не го решат проблемот.
Доколку продолжат да глумат лудило, поднеси поплака до Агенцијата за Електронски Комуникации.
Во најлошо можно сценарио, ќе мораат да те исклучат бидејќи технички не можат да ти обезбедат Интернет со толкава брзина, а во такви околности ќе можеш и да бараш да ти ги вратат парите од сметките кои си ги платил, а за кои не си ја добил ветената услуга - а и за ова можеш да побараш помош од Агенцијата за Електронски Комуникации.
Со молчење и со чекање проблемот сам да се реши, им ставаш до знаење дека не си сериозен корисник и дека не ги сфаќаш сериозно услугите кои тие треба да ти ги обезбедат, а не ти ги обезбедуваат.
Јас имам пријател кој секогаш е тазе расположен за караници и жалење по телефон, им има отидено во повеќе наврати во седиштето на Близо во Кисела Вода и не ги остава да дишат се додека не го решат проблемот. Човекот е одлучен да плаќа за квалитетна услуга, а не само за сметката која пристигнала, така се однесуваше и кон Ти-Хоум порано кога ги користеше нивните услуги и така се однесува и до денешен ден и кон Близо чии што услуги сеуште ги користи.
Батали ги културата и љубезноста, тие се наменети за нормалните општества, а не за ненормалните општества како што е македонското општество.
Последно уредено: