A1 Net кабелски Интернет - генерална дискусија

  • Креатор на темата Креатор на темата Swifty
  • Време на започнување Време на започнување
Исто така мој предлог до сите кои планирате да си купите Wi-Fi уред, е тоа да тој биде Cisco, односно Linksys. Презадоволен сум од него, еве веќе 5-та година фрчит интернет преку него.

Тука јас би додал заинтересираните да купат Linksys рутер од постарите E модели, како што се E900, E1200, E1500, кои беа дизајнирани и почнаа да се произведуваат додека Linksys сеуште беше во сопственост на Cisco, но не и од поновите EA модели, како што се EA2700, EA6200, EA6300, кои беа дизајнирани и почнаа да се произведуваат откако Belkin го купи Linksys од Cisco во март 2013.

Belkin се фирма која ужива да игра валкано со лажни позитивни критики и оценки за нивните производи, и со лажно негативни критики и оценки за производите на нивните конкуренти, но причината поради која уживаат доста негативна репутација, е нивното непочитување на приватноста на корисниците на нивните мрежни уреди. Во повеќе наврати се откриени скриени филтри во рутери на Belkin кои го отежнуваат пристапот до одредени веб сајтови, меѓу кои спаѓаат и веб сајтови за пиратерија. Дополнително проблемот се влошува со фактот дека во рутери на Belkin бил откриен софтвер за шпионажа на корисниците на истите тие рутери од страна на вработените во Belkin.

Со Belkin како сопственик на Linksys, се става прашалник врз квалитетот на нивните мрежни уреди.

Алтернатива на Linksys се TP-Link, кои се доста солидна компанија исто како и Linksys,
 
Исто така мој предлог до сите кои планирате да си купите Wi-Fi уред, е тоа да тој биде Cisco, односно Linksys. Презадоволен сум од него, еве веќе 5-та година фрчит интернет преку него.
Јас само ќе додадам дека не е само хардверот важен (иако е многу важен), туку важен е и софтверот.

Во зависност на тоа кој рутер што подржува, често може да се најдат многу подобри и поквалитетни фирмвери од тој фабричкиот.
Инаку и од мене препорака за Linksys. (y)[DOUBLEPOST=1407886919][/DOUBLEPOST]
...откако Belkin го купи Linksys од Cisco во март 2013.
Што зборуваш бе?
Не знаев, одамна веќе ревносно не пратам новости од хардверот... но ме чуди како за ова немав некако чуено.
Штета, одличен бренд. Кога ги купи Циско не ми беше толку криво, ама ова со Белкин... :(

Инаку за бекдор во фирмверот, тоа се решава со ставање на кастом фирмвер (но лош квалитет на хардверот, е тоа не се решава).
 
Последно уредено:
Како што спомна @ts01 во пост #5786, кабелскиот рутер што ти го дале Близо на користење, работи според 802.11n мрежниот стандард, кој поддржува брзини од 54 мегабита во секунда до 600 мегабита во секунда, односно технички е способен да ти овозможи брзина на безжичен Интернет до 100 мегабита во секунда, па и повеќе.

Но сепак брзината на безжичниот Интернет не зависи само од мрежниот стандард, туку зависи и од техничките спецификации на самиот безжичен рутер, како и од самата брежична мрежна картица на компјутерот.

Јас би ти препорачал да провериш каква безжична мрежна картица користи твојот лап топ.

Доколку безжичната мрежна картица на твојот лап топ не поддржува 802.11n стандард, тогаш разбирливо е зошто брзината на безжичниот Интернет не ти достигнува 100 мегабита во секунда.

Во такви околности, препорачливо е да купиш нова безжична мрежна картица, односно безжичен USB Wi-Fi адаптер. Ги има во Анхоч, АМЦ и во речиси сите продавници за компјутери и за компјутерска опрема, а цените се ниски и прифатливи.

Еве ти примери за безжични USB Wi-Fi адаптери во Анхоч.

Tenda Wireless N USB Adapter 300Mbps W322U, поддржува 802.11n и може да достигне брзина на безжичен Интернет до 300 мегабита во секунда
http://www.anhoch.com/pcmarket/index.php?cat_id=394&pid=34097

TP-Link Wireless N USB Adapter 150Mbps TL-WN721N, поддржува 802.11n и може да достигне брзина на безжичен Интернет до 150 мегабита во секунда
http://www.anhoch.com/pcmarket/index.php?cat_id=394&pid=12233

Доколку безжичната мрежна картица на твојот лап топ сепак поддржува 802.11n мрежен стандард и доколку сепак може да достигне брзина на безжичен Интернет до 100 мегабита во секунда, алтернативно решение ти е да купиш нов безжичен рутер, кој исто така ќе работи според 802.11n мрежниот стандард и ќе може да достигне брзина на безжичен Интернет до 100 мегабита во секунда.

Но сепак ќе мораш да продолжиш да го користиш кабелскиот рутер од Близо, така што ќе го поврзеш жично преку мрежен кабел со безжичниот рутер кој ќе го купиш. Едниот крај на мрежниот кабел ќе оди во една од LAN портите на кабелскиот рутер од Близо, а другиот крај на мрежниот кабел ќе оди во WAN портата на безжичниот рутер кој ќе го купиш.

Ќе треба да го конфигурираш безжичниот рутер кој ќе го купиш за да ја превзема автоматски IP адресата од кабелскиот рутер од Близо преку DHCP, не е некоја филозофија, ќе се ориентираш според упатството кое ќе ти дојде со безжичниот рутер кој ќе го купиш.

Еве ти пример за безжичен рутер во Анхоч.

Linksys E900 Wireless N Router, поддржува 802.11n и може да достигне брзина на безжичен Интернет до 300 мегабита во секунда
http://www.anhoch.com/pcmarket/index.php?cat_id=394&pid=12384

Или безжичната мрежна картица на лаптопот, или кабелскиот рутер од Близо, еден од овие фактори придонесува да немаш брзина на безжичен Интернет до 100 мегабита во секунда.

Моја лична претпоставка е дека проблемот е во безжичната мрежна картица на лаптопот. Ќе треба убаво да провериш каков модел на безжична мрежна картица користи твојот лап топ, дали поддржува 802.11n мрежен стандард и со која брзина.

Одлично „скоцкан“ одговор со убави објаснувања. Јас само би додал дека, дури и да ти поддржува 802.11n стандард целата опрема (модем+компјутер, односно рутер+компјутер), брзината ти зависи и од „зафатеноста“ на етерот, односно доколку во твојот комшилук има премногу активни wifi уреди, сите заедно го делите спектарот. Затоа ти препорачувам да направиш скенирање на етерот (јас користам WiFi Analyzer на Android телефон) и за „носечки канал“ да си избереш некој канал што е послободен. Поради ова, ако се решиш за решение со сопствен рутер - исклучи го „зрачењето“ на модемот, оти само ќе ти пречи...
 
Bravo na postot objasneto-100%Alal da ti e.
 
Добар совет.
@Tajson7 Треба да одбереш рутер од повисока класа (побрз процесор внатре) и со подршка за bandwidth над 100мбс. Но воедно рутерот да подржува флешување на следниов кастом firmware: Tomato (јас имам искуство со Shibby верзијата, но има и други).
Листа на поддржани рутери:
http://tomato.groov.pl/?page_id=69

Оваквите кастом фирмвери можат да содржат и софтвер за скенирање на етерот (Spectrum analyzer). Што ќе ти треба, ако мислиш да го постигнеш теоретскиот максимум на конекцијата. Исто така паметно е да не користиш blootooth, односно да го исклучуваш кога не го користиш.

Друг важен момент е употребата на QoS во фирмверот. Ако фирмверот на сегашниот рутер има ваква опција, и ако истата е вклучена... тогаш ова може да е причината за нискиот bandwith. Исклучи го QoS и пробај да видиш дали ќе има разлика. Причината е тоа што за QoS на 100мбс линија треба многу јак хардвер.
 
Денес добив trial конекција од Blizoo. Ќе пренесам импресии и искуства по доволно време за детално тестирање, подоцна ќе подесам мониторирање на bandwidth (и слично) во фирмверот на рутерот. Но еве прелиминарно, разликите во однос на старата конекција (ADSL од T-home):

speedtest_MTNET.png

speedtest_Blizoo.png

Едит: Само да напоменам за T-home, дека нивни адсл интернет користам повеќе од осум години... Немав поплаки, се до проблемите кои ми почнаа со последниот договор од 2 години, кога без тестирање на можностите на конекцијата ни продадоа пакет со два дигитални ресивери за телевизија.
Потоа требаше повеќе од година и половина, и многу повикувања на сервис, за да констатираат (признаат) дека проблемот е до капацитетот на линијата. Паѓаше интернет конекцијата (и брзина под 1Мбс), телевизијата се замрзнуваше сликата, дигитални артефакти. Ова што го гледате сега 3.7Мбс е максимумот (во добар ден, кога еден или двата дигитални ресивери се исклучени).
Нормално, за неколку месеци не сакав да се замарам со пишување жалби и поплаки, и едноставно го почекав крајот на договорот. Еве сега (споредувајќи ги со конкуренцијата), можам само да кажам... good riddance!
 
Последно уредено:
Меѓувреме од Линксис модем, кога ми прегоре заради невремето, ми го сменија ми ставија Циско (не знам кое бројче, црно е). Дури и рутерот и мрежната (и 2те прегорени) ги сменив (од Белкин на некој Асус), разлика некоја засега нема. Торенти со нормален % регуларни сидери симнува со 1.1 МБ/с, другите со 0.6-0.8 што е сосем доволна брзина за мене (освен за некоја гооолема игра). Дали е тоа еквивалент на 10 Мбпс, не знам.
88 Мбпс нејќум :pos:
 
:)
E тоа со невремето е заебанција овде, со надземниве инсталации без заштита. Треба да се посвети малку внимание на тоа. Здравје, не можам веднаш ама треба да погледнам што има од достапна опрема за заштита. Иако најверојатно ќе треба да си правам сам (се по ред, варистор, зенер диода, итн).
 
Извини можеби си и спомнал, што рутер сега користиш?
 
@Insanity55
Моментално е вклучен само дифолт рутерот на Blizoo (со вграден модем, WiFi, итн). Малку вака ќе го поработам, потоа ќе го вклучам стариот Linksys WRT54G со Tomato firmware (Shibby верзија).

Сега за време на трајалот, со 88Мбс не ми е ни накрај на паметот да пуштам QoS во фирмверот на овој Линксис. Се што е над 20Мбс ќе го сатурира хардверскиот капацитет на WRT54G (216МHz Broadcom процесор) со пуштен QoS. Дури и побрз VPN канал може да биде проблем со овака стар рутер, но тоа е веќе друга приказна.
Имам еден стар VPN аплајанс со X86 платформа, кога ќе имам време ќе се занимавам со него. Има побрз процесор од 666MHz и 64Мб меморија, и уште поинтересно два IDE канали. Идејата е даму инсталирам OpenWRT firmware (OS всушност), и да го направам рутер кој одлично ќе работи QoS, плус некаков елементарен нетворк сториџ (со некој поглем ИДЕ хард диск).
 
Денес добив trial конекција од Blizoo. Ќе пренесам импресии и искуства по доволно време за детално тестирање, подоцна ќе подесам мониторирање на bandwidth (и слично) во фирмверот на рутерот. Но еве прелиминарно, разликите во однос на старата конекција (ADSL од T-home):

Прегледај го приврзокот 99763

Прегледај го приврзокот 99762

Едит: Само да напоменам за T-home, дека нивни адсл интернет користам повеќе од осум години... Немав поплаки, се до проблемите кои ми почнаа со последниот договор од 2 години, кога без тестирање на можностите на конекцијата ни продадоа пакет со два дигитални ресивери за телевизија.
Потоа требаше повеќе од година и половина, и многу повикувања на сервис, за да констатираат (признаат) дека проблемот е до капацитетот на линијата. Паѓаше интернет конекцијата (и брзина под 1Мбс), телевизијата се замрзнуваше сликата, дигитални артефакти. Ова што го гледате сега 3.7Мбс е максимумот (во добар ден, кога еден или двата дигитални ресивери се исклучени).
Нормално, за неколку месеци не сакав да се замарам со пишување жалби и поплаки, и едноставно го почекав крајот на договорот. Еве сега (споредувајќи ги со конкуренцијата), можам само да кажам... good riddance!
Хмм, а зошто ти изпорачуваат 88Mbps, кога плаќаш за 100?
 
@Insanity55
Моментално е вклучен само дифолт рутерот на Blizoo (со вграден модем, WiFi, итн). Малку вака ќе го поработам, потоа ќе го вклучам стариот Linksys WRT54G со Tomato firmware (Shibby верзија).

Сега за време на трајалот, со 88Мбс не ми е ни накрај на паметот да пуштам QoS во фирмверот на овој Линксис. Се што е над 20Мбс ќе го сатурира хардверскиот капацитет на WRT54G (216МHz Broadcom процесор) со пуштен QoS. Дури и побрз VPN канал може да биде проблем со овака стар рутер, но тоа е веќе друга приказна.
Имам еден стар VPN аплајанс со X86 платформа, кога ќе имам време ќе се занимавам со него. Има побрз процесор од 666MHz и 64Мб меморија, и уште поинтересно два IDE канали. Идејата е даму инсталирам OpenWRT firmware (OS всушност), и да го направам рутер кој одлично ќе работи QoS, плус некаков елементарен нетворк сториџ (со некој поглем ИДЕ хард диск).
OFF-Topic прашање? Циско сертификат имаш(CCNA и погоре) ? Гледам премногу се разбираш, секоја чест. Епа вака имам едно прашање за тебе. Имам рутерче Global WNRT 627v2. Неам појма што процесор и рам има. Ако го отворам ке може ли некаде да се најде името на процесорче(или целиот SOC) и рам меморијата. Претпоставувам дека е 400 мегахерци пошто е уствари копија на еден друг рутер од TP-LINK( да не те замарам премногу). Што мислиш можно е ако го отворам да најдам потребното инфо, и да подоцна да му шибнам едно DD-WRT?
Имав порано TP Link 740n, ама се гушеше и закочуваше а изгледа дека е исто по спецификации со овој рутер сега што го имам. А чудно шиба, еве веќе 7 дена ниту еднаш не закочи...Којзнае што е работата.
 
BTW, едно прашање до вас што веќе користите Blizoo (да не губам време вечер), претпоставувам дека IP aдресата на нивниот модем/рутерот е на 192.168.1.1 и не може да се менува?
Имаат некој систем на менување на сетинзи преку кориснички акаунт од веб страната, но таму гледам само вклучување/исклучување на WiFi.

Хмм, а зошто ти изпорачуваат 88Mbps, кога плаќаш за 100?
Не плаќам ништо овие недела дена, колку што трае трајалот. Не сум одбрал пакет сеуште.
Инаку не знам зошто е 88Mbps, наместо теоретскиот максимум од 100Mbps. Можеби приклучкот за дигитална телевизија игра улога?
Да не мора оптички приклучок за фул 100Mbps, плус телевизија?

Јас секако нема да одам на пакет со интернет над 20Mbps.
Како што посочивте овде, инсистирав да стават филтер на приклучокот за телевизија а момците што инсталираа рекоа дека секако обавезно ставаат филтер. Исто така извлекоа нов коаксијален кабел од бандера до кај мене, иако имаше и стар кабел од пред 5-6 години кога брат ми користеше кабловска телевизија исто од нив.

OFF-Topic прашање? Циско сертификат имаш(CCNA и погоре) ? Гледам премногу се разбираш, секоја чест. Епа вака имам едно прашање за тебе. Имам рутерче Global WNRT 627v2. Неам појма што процесор и рам има. Ако го отворам ке може ли некаде да се најде името на процесорче(или целиот SOC) и рам меморијата. Претпоставувам дека е 400 мегахерци пошто е уствари копија на еден друг рутер од TP-LINK( да не те замарам премногу). Што мислиш можно е ако го отворам да најдам потребното инфо, и да подоцна да му шибнам едно DD-WRT?
Имав порано TP Link 740n, ама се гушеше и закочуваше а изгледа дека е исто по спецификации со овој рутер сега што го имам. А чудно шиба, еве веќе 7 дена ниту еднаш не закочи...Којзнае што е работата.

Хаха, гледам си прашал на DD-WRT форумот. :)
Тоа ти е некој нонејм рутер, не можев ништо да најдам на нет. Најдобро да го отвориш и да видиш што процесор има, некои ознаки на плочката, или слично.... што би те упатило на информации или евентуално ако е клон на некој друг рутер. Дури и процесорот сам по себе, ако е погоден, не значи дека одреден фирмвер ќе работи.
Е сега ако имаш копија од оригиналниот рутер, и се осеќаш авантурстички... можеш да пробаш со нешто, ама јаки се шансите дека ќе го брикуваш рутерот. И тоа во многу случаи може да се среди, но некогаш и не. Барем не без епром програматор и многу искуство во одлемување/залемување (на биос епромот).
Колку што гледам неговиот фирмвер има и QoS, што конкретно ти треба од DD-WRT?
 
Последно уредено:
Незнам за новиот што го имаш. Обично за Cisco EPC2202 и Arris TM501A е 192.168.100.1 . Удри во cmd ipconfig и ке го видиш нема каде да бега :)
Инаку од целиот DD-WRT ми треба опција да секој ден во точно време рутер прави рестарт. Гледам дека тоа може во DD-WRT/Open-WRT ама за ова гомново мое нема. Како и да е, има друго решение. Во штекерот пред да се вклучи има еден timer којшто се сетира, и пример од 12:15 до 12:30 гаси се што е на него и послемто ја враќа. Само сите се над 10 долари не се исплати боље рачно да го рестартирам секое утро.
Edit: Еве каде најдов link
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom