вака сега, лани на крајот од октомври уклучив интернет од кејблтел и склучив договор на 1 година кој истекува за еден месец. е сега, не сакам да склучувам нов договор, односно сакам да имам интернет, ама ако платам месецов да имам, ако не платам да немам. во договорот пишува дека доколку не го продолжам договорот се продолжува на неопределено време. по моето сфаќање, тоа значи токму тоа што ми треба на мене. меѓутоа, ме интересира, ако некој веќе бил во ваква ситуација, односно, по договор од една година, да си продолжи да има месец за месец, да каже како оди плаќањето? ќе ми стигнува сметка за секој месец како досега или? и ако на пример користам во ноември и ми е платено, а во декември не сакам? дали ќе стигне сметка и јас нема да ја платам па ќе ми го исклучат или како оди? и дали треба да се купи модемот во ваков случај или?