Ќе ја имаш 2 години со договорот, ама мора да ти биди склучен додека трае промоцијата. Ако кај тебе има оптика од А1 ќе имаш 1/1 Gbps, а ако има од телеком ќе имаш 50/50 за М, 100/100 за Net L.
Ако имаш од првите попусти со постарите договори на интернет и тв ќе искористиш попуст на тоа, а за новите мобилни тарифи можно е да ти се јават тебе и да ти даде агентот некој попуст ако си пред продолжување на договорот. Ама пази сега наплаќаат и 299 денари за промена на тарифа.
Чоек арна е мрежата не треба да се жалиме толку сега, некој што искористе попуст со 20% арно си напрај тоа беше најголемиот попуст во Јуни, сега џабе ќе дебатираме. Може слободно да коментираме до утре, ама овде тие се дојдени да направат голем профит да лапнат поголем залак од колачот.
Кабелнет се добри, јас се надевам дека ќе го покријат Прилеп со оптика и дека ќе можете понатаму здравје за интернет и тв да си изберете од кај нив и гледај тие го нудат спорт клуб, еуроспорт и куп канали без доплата. А1 само накачуваат претплати, а не ги враќаат каналите што ги укинаа и доста од телефоните им се поскапи за разлика од обична продавница кај што продаваат исто нови. Телеком ќе станат тек поголем лидер во мобилната, оптиката им е најдобра и најстабилна која постои во државава. Имам другар од село кој плаќа претплата на телеком, а мрежава на А1 катастрофа е таму и заради тоа плаќа секој месец по 1000 денари.
Да завршам сега, арни се претплатите за тие што земаат месецот 1000 евра по чоек дома, а за другите не му треба повисока сметка. Фала.