Почитувани корисници,
Денеска дојде до неочекувани технички проблеми во нашата мрежа, заради прекин на транспортната инфраструктура, како резултат на што нашите корисници почувствуваа намалени капацитети на мрежата во периодот од 12.36 до 14.39 часот. Професионалните екипи на Вип оператор и добавувачот на опрема интервенираа брзо, по што овие технички проблеми беа успешно отстранети и се воспостави нормално одвивање на целокупниот сообраќај. Би сакале да им се извиниме на нашите корисници за овие несакани технички проблеми и се надеваме дека ќе наидеме на разбирање. Вип оператор во континуитет работи на модернизација и надградување на мрежата со цел да обезбеди посовремена и поквалитетна услуга за своите корисници.
Благодариме за разбирањето.