А1 Македонија

image.jpg

Вчера инсталирав iOS 8 и има опција да го натераш телефонот да користи LTE и ми се појави знакчето, ама дефинитивно брзината беше 3г, плус немав хотспот
 
Последно уредено:
Преправите ги договорите, ова се промотивни тарифи од она што го знам.
 
Би било многу глупо така селективно да даваат 4Г само на нови корисници, а на тие од пред месец-два-три да не даваат. @STEALTH нешто има со ајфоните, ама ваљда ќе се оправат. Ја поддржуваат фреквенцијата за 4Г. И самите нудат ајфон, нема логика да нема и за нив.
Исто и со корисници од градови кајшто нема 4г покривање. Без разлика од каде си плаќаш исто а добиваш различно.
 
Вчера инсталирав iOS 8 и има опција да го натераш телефонот да користи LTE и ми се појави знакчето, ама дефинитивно брзината беше 3г, плус немав хотспот
Како инсталираше iOS 8? Преку телефон не дава апдејт за iPhone 5, вика дека 7.1.2 е последна верзија.
Исто и со корисници од градови кајшто нема 4г покривање. Без разлика од каде си плаќаш исто а добиваш различно.
Не е исто затоа што на веб страната има јасно објавено на кои места има 4G. Некој од Дебар кој земал интернет за да има 4G ќе биде сам виновен бидејќи донел необразована одлука.[DOUBLEPOST=1410561989][/DOUBLEPOST]
Преправите ги договорите, ова се промотивни тарифи од она што го знам.
Не знам како може да се преправи, нема таква можност колку што знам. 3 месеци пред истек на договор може да се промени тарифа. Вака излегува тоа што си потпишал, тоа е скоро две години.
 
Како инсталираше iOS 8? Преку телефон не дава апдејт за iPhone 5, вика дека 7.1.2 е последна верзија.

Треба да инсталираш овака:
1. Симнуваш соодветен фајл од тука (тоа е цел оперативен систем)
http://ios.wonderhowto.com/how-to/i...download-ios-8-your-iphone-right-now-0157312/
2. Во iTunes држиш shift на тастатурата и кликаш restore. Ќе ти даде browse за фајлови. И тоа е.

За враќање назад треба телефонот да го ставиш во DFU и после само restore (без бирање фајлови). Ќе ти се врати на 7.1.2

Да напоменам само да не правиш бекап додека си на осмица ако планираш да се враќаш назад. Нема да ти работи тој бекап на 7.1.2.
Сето ова е можно до 17 септември кога од Епл ќе престанат да го верифицираат 7.1.2 и кој отиде напред - нема назад :)
Моментално ги верифицираат и двете, затоа е оваа луфта.
 
Во понеделник би требало да кажат.
Није ваљда?

Претходната недела уште од четвртокот се шушкаше дека следен ќе биде Core 2. Прашувам некој да не слушнал нешто за следната недела.
 
HTC 610 можеби, или некоја од икспериите. И јас имам за обнова договор, па чекам да излезе нешто подобро.


Sent from my iPhone using Tapatalk
 
^ Ќе има уште еден добар телефон некаде во 4-тата недела.... и после тоа до крај само полошо и полошо ќе иде. А сите нели се чуваат за крај за да земат најдобро. Стандардна работа.
 
Може ли број на вип од постпејд да се префрли на припејд и каква е процедурата?
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom