А1 Припејд 4Г+, локација Марино маало, базната што е наместена кај зградите. За 299 денари месечно и со секое надополнување +GB, ова е сосема одлично, особено по градовите кај што базните се на Band 3 и има поголема брзина и на друга фркефенција се. Ова подолу е од кај мене дома, населено место, мобилниот телефон ми беше поставен кај прозорецот и ја изваде оваа брзина, иначе по селата се знае дека е послаб сигналот + послаба брзина дава, ама со поставување на повеќе репетитори ќе се израмни брзината.
Предности на А1 припејд:
-Одлични пакети за комуникација и интернет (вклучени неограничени минути и СМС)
- Супер брз мобилен интернет
- Покриеност со сигнал низ државата со 99% според моја проценка
- Бесплатни гигабајти со секое надополнување, над 5 години корисник има 20GB со важност од 15 дена со надополнување од 100 денари
Негативни страни: Недостасува 5G мобилна мрежа и VoLTE, се очекува во иднина да бидат достапни за сите корисници на А1, со целосно покривање на државата со постојан 4G/5G сигнал, се исклучува постепено 3G мрежата и неизвесно е дали повиците ќе бидат на VoLTE или ќе одат на 2G мрежа, во а1 припејд.