Уф, неблагородно е да се споредуваат две средства 1 на 1 па нема ни да гласам.
Никогаш ни Америка ни Русија не се борила со горе-доле слично софистициран протувник. Секогаш со послаб непријател кој лесно може да се изолира и уништи по делови. (зборам за после 45-та)
Зошто го велам ова? Нема да се случи, ако било која од двете држави напаѓа некаде, да има еднакви или послаби сили од непријателот (не зборам бројки) туку далеку појаки.
Значи 1 на 1 А10 е троа подобар зошто носи повеќе оружје а има и подобар топ, барем според мене па може повеќе цели да нападне за време на една мисија. Но сухојот е побрз и помалку време проведува над целта и на нишан на ПВО.
Но пошто војните не се водат 1 на 1, морам да го изберам Су-25 од проста причина што за парите за А10 може 2 или 3 Сухоја да се купат што мислам е подобра опција.
Инаку „нашите“ Су25 што трунат на аеродром моментално, се најслабата верзија што постои. Русите од параноја која им е вродена веќе заради историските околноси (никој не сакал во последните 1000 години да ги освои туку да ги истреби) се плашат од надворешен непријател кој ке знае се за нивните оружја па за време на СССР имаат 3 па и 4 типови на секој систем.
1 тип тхе бест за Црвената Армија, со најдобра опрема, оружје, нишански системи и сл.
2 тип за „сојузниците“ од Варшавскиот пакт, прилично добри но со малку послаба опрема.
3 тип за „пријателските“ земји со сериозно намалени карактеристики (Југословенските МиГ 29 се вакви) далеку послаба електроника и системи и слаб радар за авиони што го носат.
4 тип („мајмунска верзија“) за Африка и Арапите на кои не им се верува ич (со право) зошто многу од нив на Америте им испорачале Советска опрема за испитување, па затоа се со примитивни (во однос на другите) системи, радари и слично.
Ова најлесно може да се види по Т-72 за Ирак (тип 4) кои од 2 - 2,5 километри биле уништижувани од сојузничките тенкови, додека на тестирање на бившите Источно Германски Т-72 (тип 2) морале да се приближат на 1км за да ги пенетрираат (хе,хе пенетрираат) во пределот на предниот оклоп. Исти тенк демек, слично изгледа, али сосем различни еден од друг по способности и јачина.
Моментално Русите продаваат она за колку имаш пари да платиш, така што ако имаш пари ке ти стават секаква опрема. На пример Индиските Су-27 се со појака опрема и од Руските, или барем така велат Русите.
Се на се зависи колку, со каква опрема, против кого и каква опрема ке се борат, со какви пилоти (ова е најбитно), подршка (авакс има/нема, сателити има/нема) планирање (дали се генералите компетентни или се Арапи? дали политичарите се мешаат превише?) и еден тон други работи.
За крај: Кога почнува војна аматерите мислат на оружје, тактика и стратегија. Професионалците мислат на логистика.
Толку од мене за сега.