Кога и како почнавте да слушате метал? :)

  • Креатор на темата Креатор на темата Damien
  • Време на започнување Време на започнување
јас од 4-то одд. почнав нешто металика, а исто така слушав некои рапови. подоцна ми се присвиѓа металот па се навлеков на треш и ну метал глупости. на крајот од 6-то треш слушав, а во 7-мо слушав гејс ов бодом. на крај од 7-мо (летото тогаш) почнав да ги слушам death, cannibal corpse и малце nile. во осмо почнав spiral architect и tech работи и си продужив со технички работи, а сега во последно време се навлеков на класика и џез исто така.
 
Растев со Бон Џови, Пинк Флојд, Дорс ... ју ноу.
И тап, едно време почнав да слушам Мејден (Seventh son of a seventh son) и многу ми се свиѓаа. Тоа некаде пред 3 години ќе да беше. И после продолжив со Металика, Сабат, за денес да сум свртен кон ориенталниот метал (Orphaned Land и Salem).
 
Музички сум необразована, незнам да нацртам петолиние и виолински клуч како што треба, иако низ годините сум имала прилики и сум била на некој начин форсирана да започнам музичка кариера. Во принцип, таквите остануваат верни на мејнстримот и имаат ограничено размислување кон другите жанрови. Метал не почнав да слушам преку ноќ, ниту пак со определен изведувач/песна. Домашното влијание го направи своето, имајќи во предвид дека тоа го слушале моите родители и уште од најрана возраст ми ги презентирале и металот и рокот како музички правци кои вредат да се слушнат. Денес не се ограничувам само на еден поджанр затоа што сметам дека треба се да се слушне и да се процени колку тоа вреди, па затоа во глобала сите подвидови ги ценам на некој начин (освен пауер металот затоа што е геј).
 
Јас почнав да слушам метал покрај еден дечко (уште во средно беше тоа).Еххххх времиња...

--- надополнето ---

(освен пауер металот затоа што е геј).
Многумина сум слушнала да го речат ова но не сфаќам зошто такво мислење за power metal-ot имаат.
 
Почнав у основно со битлси и такви ствари, па после у прва средно заслушав метал и наравно тоа беа Металика.И од тогаш барав на нет разни бендови од разни жанрови.На моменти слушав само еден жанр па преминував на друг,и сеа слушам се зависно од расположение:)
 
Не знам, татко ми на времето слушал таква музика, наследно ќе да е.
Слушав едно време панк, ама сфатив дека металот и рокот ми се во душата.
Всушност, израсната сум со метал..Не се сеќавам кога сум почнала да слушам,...отсекогаш, можеби..
 
Почнав со System of a Down (случајно ги слушнав), па продолжив со Iron Maiden, Slayer и Cannibal Corpse. После тоа се префрлив на попрогресивните и технички стегнатите метал правци и барајќи ја главната инспирација за тие правци стигнав до Progressive Rock, Jazz и класичната музика, па сега и не ни ми се слуша метал така често како порано што слушав. :)
 
Јас почнав да слушам метал покрај еден дечко (уште во средно беше тоа).Еххххх времиња...

--- надополнето ---


Многумина сум слушнала да го речат ова но не сфаќам зошто такво мислење за power metal-ot имаат.

Можеби поради вокалот мада је не мислам така
 
Кога пред тебе ќе застане 2 метра power-aш со 2ипол метра ЧЕКАН во рацете...речи му дека е геј:vozbud:
 
Па на мали години класика, ју рок и нешто како битлси, квин и слично, па стана пополека ајрон мејден..и така натаму
 
ehe toa bese u sfrj pocnav so maiden site ploci gi kupuvav posle doe speed metal se secham na kaseta ja imav od Sodom sign of evil, posle Tankard darkness tie thrash Slayer i bash mi se svidza crust thrashot ma super muzika!
 
Прв пат слушнагф метал в диско. То беше она песната од филмо со Џон Траволта од бриљантин филмо. После навлегов во металската музика и си купив некои плочи од Биттлзи, деп партал, јуриткмикс, били ајдол.... во то време имаше појќе металски плочи од домашни вокално инструментални изведувачи како парни ваљак, индекси, леб и сол, денис и денис, црвена јабука...... а странските потешко се набавуваа требаше да му порачаш на некој шо ој грција или германија или норвешка. Тие беја убај плочи се виткаја по то се познаваше оригиналка плоча ако се витка, ако не може ако е крута е домашна од југотон или РПГ ПГП или СОКОЈ. Ја малце во тој период слушав и панк (Вилиџ пипл, шкорпион, рејнбоу, џими хендрикс) али после брзо ојдов војска па се женав така заврши тој период металски за мене
 
Јас сум цел живот посветен на музиката и музички образуван, почнувајќи од нижо музичко на 8 години па све до сега до музичка академија. Запознаен сум во секој вид на музика буквално и металот можам да го набројам во првите три омилени жанрови покрај класичниот Rock & Roll, и класиката.
Највише ми се свиѓа живата свирка полна со енергија без разлика за кој бенд станува збор, а највише ме иритираат бендови кои студиски имаат убиство добри песни а у живо звучат ко нинтендо.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom