Вовед во Stock Photography (комерцијална фотографија), терминологија и поделба

  • Креатор на темата Креатор на темата Мистичен
  • Време на започнување Време на започнување
Eeeeeej у таквото на таквата значи шо кретен сум:( ц ц ц ах абе Гоце бе Гоце......Ништо мора да сликам нови слики поголеми зашто овие биле премали, абе луѓе па size does not matters :pos: ај од утре се фаќам сериозно за работа
 
Денес додадов неколку нови на Fotolia, се изненадив колку го убрзале процесот на прегледување на фотографиите. Ми беа прифатени буквално за 2 минути.

Еве нешто од новите:

слика 1
слика 2
слика 3
слика 4

Целата моја галерија - тука

Не. Више имаат доверба во тебе па само кликаат некст некст некст.
 
Ѕирнете ги и StockXpert од истите луѓе позади SXC, сајт за бесплатни stock photos.
И на Fotolia има free section каде што може да даунлодираш фри сток фотки, но тоа се оние кои ги одбиле. При аплоудирање штиклираш опција дали дозволуваш ако ти одбијат фотогафија да ја стават како фри.
 
super se dvete prvata ama poveke mi se dopaga.
 
Се зачленив на Фотолиа па да почнам да ставам слики од утре.
 
имам неколку прашања...
- дали може со било каков “просечен“ дигитален апарат да се праќаат...
- со која програма е најдобро да се дообработуваат...
- што најчесто треба да се поправи на сликата...
- како оди плаќањето (пошто сум малку скептик) во врска со заработка преку интернет, префрлање пари, за тиа работи сум тапа...
 
1. Со било каков искрено и може и неможе, важна е големината на сликата мислам дека најмала што можеш да пратиш е околу 5MPx.
2. Па претежно се користи Фотошоп со додатни плагини за да зачистиш нешто ако има Noise и слично.
3. У глобала нејќат многу доправување, има Сток Фотос и Сток Илустрејшнс, ти треба да одбереш што повеќе сакаш
4. Си одбираш ти, ама пред се треба да имаш заработено одреден минимум пример 100$ за да ти ги искешираат по пошта на кредитна како ти сакаш
 
Колку се чека да дознаеш дали ти се прифатени или одбиени првиот пат ??....еве веке чекам 2 дена и абер немаат :)За фотолиа зборам
 
Колку се чека да дознаеш дали ти се прифатени или одбиени првиот пат ??....еве веке чекам 2 дена и абер немаат :)За фотолиа зборам

Мене ме прифатија за еден ден, незнам како иде тоа
 
Колку се чека да дознаеш дали ти се прифатени или одбиени првиот пат ??....еве веке чекам 2 дена и абер немаат :)За фотолиа зборам
Провери си меил:)
 
Ни на маил нема нишо ни овие приватиле нешто...од 22 и 23 ми се сликите аплоадирани и нишо....уште чекам. Ме забораиле изгледа, или нејкат да ми кажат колку лош фотографер сум :(:(:(
 
Супер тема, се надевам дека ќе имате успех во светот на фоитографијата и деќа добро ќе заработите! Изненаден сум дека имало и вакви сајтови, така да е добро да се заработи и нешто екстра ако се свожи во опрема и добри идеи!
 
А дали може една иста слика да ставам во повеќе агенции? (на пр. и на fotolia и на istockphoto)
И како иде тоа со Model Release лиценца?
 
Можеш на колку сакаш , јас пракам на 5.Само гледај да не ставиш exclusive кога се зачленуваш...

А Model Release е документ во кој треба да е потпишан оној што го сликаш (тоа е ако има препознатливо нешто како лице , за се друго нема потреба)
 
Шо ќе се деси ако стаиш дека фотката е ексклузив а ја шиткаш и на други места? :)
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom