Мистичен
Човек
Сеуште не многу, но се продаваат (што е добар знак). И јас сум релативно нов стокер и засега продавам само на Fotolia, таму имам ставено околу 30 мои фотографии (што е малку за вистински да правиш пари, но за почеток е добро). Чекам да ми се оправи интернетот, бидејќи вака е невозможно да ги аплоудирам сите нови кои ги имам направено (за објавување чекаат едно 50 комада, а секоја од нив тежи минимум по 5 мега) и да се зачленам и на ShutterStock и на IstockPhoto.mmm121 напиша:Браво за тебе... мислам одлични се. Ако не е тајна колку продаваш месечно од овие stock photos?
Навистина е потребно многу време за ова "хоби" (од смислување концепт, фотографирање, обработка на фотографиите, вметнување клучни зборови, аплоудирање, проверка на процесот за одобрување од страна на агенциите...).
Важно е создавање на сопствено портфолио со голем број на фотографии, бидејќи што повеќе твои фотографии имаш ставено, нормално - толку повеќе од нив ќе се продаваат и ќе заработуваш повеќе. Има луѓе кои имаат објавено по стотици, но и по неколку илјади фотографии. Замисли ја заработката на вториве. Не можеш да очекуваш да продаваш многу доколку имаш неколку десетици. Но, со тек на време, ќе го набилдаш портфолиото.
Највеќе се продаваат фотографии со модели во нив (под модели не се подразбираат разголени и згодни девојки). Значи, фотографии во чиј концепт има луѓе, а не само предмети, и тоа највеќе концепти кои покажуваат бизнис ситуации (бизнис тимови, деловни луѓе...), потоа фотографии поврзани со здравје (фотографии во кои моделите се доктори, медицински лица...), фотографии поврзани со животниот стил и фотографии во кои моделите изразено искажуваат човечки емоции (радост, тага, нервоза...).
За почетниците најлесно е да почнат со фотографии од предмети, чисто колку да добијат осет какви фотографии од технички аспект ќе им ги одобрат, бидејќи често се случува да бидат одбиени фотографии од страна на агенциите и поради технички причини, не само поради концептот. Кога сме веќе кај концептот, не се мачете воопшто да фотографирате цвеќиња, пејсажи, домашни миленичиња - фотографии со ваков концепт во 90% од случаите ги одбиваат, бидејќи не им се потребни. А и да ви ги одобрат, тешко дека некој ќе ги купи и дека ќе најдат комерцијална примена.