K-15 (официјална тема)

  • Креатор на темата Креатор на темата A__
  • Време на започнување Време на започнување
Се согласувам дека во последно време скечевите им беа се послаби, ама во секој случај го подржувам нивното враќање. И ова што ќе се емитуваат на Алфа им е добар потег, мислам дека од Алфа ќе имаат најмалку притисок за содржината на скечевите. Видовте на еднооки и на Васко Ефтов што им се случи, мислеа дека на Канал 5 ќе можат да го критикуваат Груевски...

Генерално К 15 е едно од најдобрите нешта што некогаш е направено во МК на креативен план.
Остај политиката на страна, К-15 имаше политички скечеви, но од времето на А1... но тогаш имаше премалку приватни програми и само скопјани ги гледеа скечевите, ко на пример тие:

Реално, без политика се многу подобри, кој само скечеви ги имаат...​
Но за жал никогаш нема да се врати стариот сјај, глумата на Миле, Тошо и Цацко некако е загубена... не е тоа што беше. Како и да е, традицијата мора да се продолжи и да ја достигнат 20-ката од нивното постоење.​
Од новите, ова е најзакон... исто ко да ги глеаш старите :icon_mrgr:
 
Од политичките овој му еден од најдобрите
Треба да се вратат на старите патеки, онака добар сатиричен хумор од секојдневието, инаку би била уште една неуспешна сезона, која тешко ќе сакаш да ја гледаш.
Инаку најлошите скечови им се кога некој глуми пијан и кога ги прераскажуваат вицовите
 

Еве ти една ама ова за најстарата гарнитура на државата :D Се истурам од смеење :D

Значи никој не го може подобро ова неповрзано зборење од „Миле“...

- Они Америка ќе ова, шетат тамо... и овакво.... ооооо Џони кај си, нишо еве мењаме гума...
:pos:

Остај политиката на страна, К-15 имаше политички скечеви, но од времето на А1... но тогаш имаше премалку приватни програми и
само скопјани ги гледеа скечевите, ко на пример тие:


Nah, локални телевизии FTW !!! :D

Инаку, нема да е исто ко порано сега, сепак се други времиња, остарени се, плус не ми се допаѓаат овие новиве дечки од рекапитулацијата, али К-15 е јбг, македонски супербренд. Ќе им се даде шанса.

Ако не ко порано кога секој втор скеч им беше епик, сеа сигурно бар еден у 10 ќе биде добар. :)
 
Не им требаа новиве ликови,старите клипчиња им се пресмешни се надевам дека новиве ќе бидат бар пола од нив.
 
Старите им се најјаки, а новиве не се нешто посебно.Многу јак ми е стариот Миле, а сега е поинаков и многу изменет и подосаден.

Па каква разлика има од овој Миле:


и сегашниот....
 
Денешните скечеви им се со прочитани вицови од весници,списанија,интернет.. И скоро се сменети Тошо и Миле не се оние стари фраерски ликови ,оние моабети Тошо да се докажува каков фраер е пред жените као Мачо мен :D ,Миле да се јавува од телевизија("За вашата телевизиа Миле Паника"),да зборува некои моабети за младичите,за ситуацијата во Македонија...

Aли ипак ќе ги гледам ради што се трудат во денешно време кога и премногу го има хуморот во светов и станува се исто па исто ,се видено ,слушнато,читано..
 
Се надевам само дека ќе се вратат на старите добри патеки, а не на преточувања вицови во скечеви. Како и да е, мило ми е. Секогаш се освежување.
 
Глеам ја нема на рекламата Барбара . Да не знае некој причина за тоа ?
 
Им посакувам среќа со новата сезона. За мене се ненадминлив бренд. Монолозите на Тошо се епик. :) Се надевам ќе успеат да направат добри скечеви, нешто налик на овие подолу :pos:


 

Oд денеска почнува К15 од 17:15 до 17:30 има и од 19:45 до 19:55 и од 22:45 до 22:55

на Алфа тв
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom