Бегство од Македонија

  • Креатор на темата Креатор на темата STEALTH
  • Време на започнување Време на започнување

Во која европска држава е најдобро да се емигрира?

  • Германија

    Гласови: 72 26,9%
  • Шведска

    Гласови: 48 17,9%
  • Италија

    Гласови: 11 4,1%
  • Франција

    Гласови: 6 2,2%
  • Малта

    Гласови: 8 3,0%
  • Обединетото Кралство

    Гласови: 23 8,6%
  • Ирска

    Гласови: 15 5,6%
  • Белгија

    Гласови: 5 1,9%
  • Холандија

    Гласови: 24 9,0%
  • Данска

    Гласови: 15 5,6%
  • Австрија

    Гласови: 15 5,6%
  • Словенија

    Гласови: 15 5,6%
  • Полска

    Гласови: 11 4,1%

  • Вкупно гласачи
    268
Аман бе друже, дотолку ли е? Имам познаници кои се фалат па затоа прашав а и сакам да бегам што подалеку.
Абе ако идеш со оние дефицитарни струки што високо котираат и не треба јазик до толку, сегде ќе ти биде горе-доле ок да се снајдеш,каде и да идеш...ова другово треба ептен претпазливост.
А на наши у странство не им верувај за ништо, јас ги знам по овде...живеат во гарсоњера,мебел втора-трета рака од фондација купен,работат ноќна смена по 12 саати,никаков социјален живот...а на познати во Македонија бајка Елдорадо живот им разкажуваат.
 
Се согласувам со делот за претпазливоста а за социјализација, па сигурно нема да одам у Словачка да се социјализирам одам да заработам.
 
Како е со работа и живот во Италија моментално..Знам дека не е најбогата у свет ама..Негде север- центар..Ми се бега натаму многу,ја обичам таа државичка
 
Од ИТ разбирам прилично многу, освен програмирање за кое сум тапа.
Имам завршено и средно медицинско - мед. брат, така да и таа опција за работа постои.
Девојка ми е дипломирана акушерка.

Моментално работам за 200 евра.
не знам кај и што работиш ама како ИТ профил треба да земаш поголема плата. Ако не преферираш програмирање, нешто понеплатена опција ти е системска администрација. И кај двете области најтежок дел е да добиеш шанса и да изградиш искуство а потоа за неколку години лесно идеш +1000евра нето. Ако те интересира нешто трето можеш да пробаш QA област за која барем за почеток не се потребни некои инженерски/технички способности но и таму поискусните имаат битна улога во процесот па така и тие идат накај 1000евра (и повеќе). Размисли за својот пристап и работи на своите вештини и ќе успееш.
 
Мислењето ми е пред 5 години. :)

Од тогаш до сега прекинав со таа девојка, она се омажи :icon_lol:, а јас сум во друга врска веќе трета година.
Од аспект на вработување: променив 2 работи, успеав да се вработам во солидна компанија, да градам искуство во ИТ (не е програмирање), да стекнувам нови вештини и да учам.
Платата за МКД стандард ми е сосема ОК.
 
Како е со работа и живот во Италија моментално..Знам дека не е најбогата у свет ама..Негде север- центар..Ми се бега натаму многу,ја обичам таа државичка
Зависи што бараш и на каква основа сакаш да одиш? Италија не е елдорадо веќе одамна, ги сотре кризата овие неколку години! Ама комбинацијата плата социјален живот им е јака! Само север се исплати, надолу не за џабе и они го викаат тој дел Африка!
 
Како е со работа и живот во Италија моментално..Знам дека не е најбогата у свет ама..Негде север- центар..Ми се бега натаму многу,ја обичам таа државичка
Ниту сјајно ниту лошо , до пред ковид кризата беше сасвим океј и се одеше во нагорна линија , сега е малку зезнат период исто како и во цела европа.
 
Зависи што бараш и на каква основа сакаш да одиш? Италија не е елдорадо веќе одамна, ги сотре кризата овие неколку години! Ама комбинацијата плата социјален живот им е јака! Само север се исплати, надолу не за џабе и они го викаат тој дел Африка!
Северот е економското срце секако,но и надолу има убави места и економски солидно развиени.Пример Катанија се нарекува јужен Милано..Сега коронава ги нокаутира,ама и другите не се нешто нај.
 
Северот е економското срце секако,но и надолу има убави места и економски солидно развиени.Пример Катанија се нарекува јужен Милано..Сега коронава ги нокаутира,ама и другите не се нешто нај.
Абе каква Италија сандокани се. Дојде време Словенциете, кои на времето одеа таму да работат сега на нив одозгора да ги гледаат...
Не си играј играчки со несредени држави. Италија само ќе тоне, немаат идеја, знаење, ништо.

Купив кондури мејд ин Итали се скинаа во еден месец, купив машина за перење се расипа во една година, купив еурокрем на храна за кучиња имаше вкус. Наивен мислев ги бива. За ништо не ги бива, реков ништо Итаљанско дур сум жив не купувам. Таков неквалитет ни Бугарите на времето ко имаше вицој не можеа да извадат.
Не е ни чудно што стагнираат економски. Батали такви држава, барај си подобра.
 
Последно уредено:
Британија врие со романци и црнци кои ја имаат баталено Италија и имаат дојдено во Англија по работа...
 
Британија врие со романци и црнци кои ја имаат баталено Италија и имаат дојдено во Англија по работа...
Исто жабари масовно се селат по Германија.
 
Како е со работа и живот во Италија моментално..Знам дека не е најбогата у свет ама..Негде север- центар..Ми се бега натаму многу,ја обичам таа државичка
Едно е кога гледаме разгледници или идеме туристички а сасвим друго е кога си внатре во системот,небо и земја разлика што би рекол Тошо за животот у Австралија.

Ја овде во Англија познавам еден што се досели од Канарски острови за да работи во фабрика и живее во англиско село, кое воопшто не е ни живописно, класична равница и еднотипни досадни куќи.
Просто иде таков момент кога кажуваш заеби природни убавини, убаво време и историјски споменици на секој чекор кога неможам да си купам нови патики.
 
Што знам,имам двајца пријатели на кои им е сосема ок,едниот е во Мерано другиот централно негде Анкона или Пескара така нешто..се зависи кој што очекува ...ја Англија пример нејќам ни да ја смислам не да живеам..едино поради јазикот ако ме одведе патот натаму..
А дека итаљанските производи не биле квалитетни..скроз обратно искуство имам..нормално дека шкарт имаш сегде,колку пари толку музика.
 
Едно е кога гледаме разгледници или идеме туристички а сасвим друго е кога си внатре во системот,небо и земја разлика што би рекол Тошо за животот у Австралија.

Ја овде во Англија познавам еден што се досели од Канарски острови за да работи во фабрика и живее во англиско село, кое воопшто не е ни живописно, класична равница и еднотипни досадни куќи.
Просто иде таков момент кога кажуваш заеби природни убавини, убаво време и историјски споменици на секој чекор кога неможам да си купам нови патики.
Истиот филинг у еден германски град го доживеав. Една монотонија внаре во градот, да нема човек кај да се “наживее на раат“, не знаеш дали е понеделник или среда од р`мбање. Викенд? Што беше тоа? Така што, не е се во тој така наречен “стандард“ кој го имаа големите држави, а каде нам барем странците ни треба долго време за да се интегрираме и го живееме животот на макс и сето тоа независно од професијата (знам и доктори заглавени по мали местенца од по 5000 луѓе кој чуму парите освен работа друго не гледаат).
п.с Се е право на избор, и платформата за нафта у Норвешка, и Сончева јужна Италија, буквално кој како се осеќа.
 
Гледам на листата ги нема Шпанија и Португалија, знам дека за разлика од северниве земји се доста назад и со плати , a најверојатно и немаат толку функционален систем таму како северниве. Ме интересира дали има некој искуство да сподели за емигрирање во тие земји?
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom