Wimbledon 2018

  • Креатор на темата Креатор на темата Löwe
  • Време на започнување Време на започнување

Кој ќе го освои турнирот?

  • Роже Федерер

  • Новак Ѓоковиќ

  • Рафаел Надал

  • Ернестс(Лорд) Гулбис

  • Милош Раониќ

  • Џон Иснер

  • Хуан Мартин Дел Потро

  • Серена Вилијамс

  • Доминика Цибулкова

  • Јелена Остапенко

  • Кики Бертенс

  • Aнжелик Кербер

  • Некој друг...

  • Некоја друга...


Резултатите може да се погледнат само после гласање.
Мое мислење е дека Федерер е готов, некако после америчката турнеја во март се виде дека нема гориво веќе. Хале, Индијан Велс, Вимблдон, се виде дека не е тоа тоа.
 
Федерер пораз во четвртфинале, изгуби 1640 поени. Со самото тоа ја изгуби шансата да оди на 21 грен слема на турнирот каде има најголеми шанси. Така да генерално делуваше дека целта е исполнета и од двете страни.
Рафа после 7 години прв пат ја помина границата 4. коло, дури дојде до полуфинале што веројатно и самиот би потпишал после резултатите во изминативе 7 сезони, меѓутоа како се наместија коцките и уште на каков начин загуби, загуби во еден од оние мечеви за кои практично треба да има и нерешено во тенисот, никој не заслужи да загуби, но не знам зошто мислам дека сепак Рафа ја заслужи победата повеќе од Новак поради тоа што за него беше многу поголем хендикеп кровот и можам слободно да кажам дека е нефер бидејќи сабајлето и двајцата тренираја на отворено, несфатливо.
Третиот сет практично го украде Новак, 3 сет топки имаше Рафа и според 95% од неутралните гледачи тој беше подобар во тој трет сет, слично нешто може да се каже и за 5. сет со оглед на тоа што до моментот 4-4 (15-40) во 5. сет, Рафа имаше 4/6 реализација на брејк топки, мечот го заврши со мизерни 4/11 т.е. 0/5 од тој момент.
Новак поштено си ги спаси сите брејк топки, некои од нив спектакуларно, но мој генерален впечаток дека сепак Рафа делуваше цело време поблиску до освојување и на третиот и на петтиот сет.

Генерален впечаток е дека Надал одигра одлично, голема штета што не успеа да победи, но тоа е тоа, ова е можеби најтешкиот пораз во неговата кариера одма после AO 12' , AO 17'.

Е и заборавив, искрени честитки до Новак, бидејќи некој нели мора да победи, а некој мора да изгуби. Но големи честитки, не така искрени за вас, нема да ве цитирам, не вреди да се враќам назад на вашите постови, вие кои после ваков меч пуштате најевтини можни и најселски провокации. Поздрав.
 
Последно уредено:
Каков ужасен меч на Серена, заслужено Кербер со титула.
 
Прејак меч, сепак 18ката ќе се смешка сеуште, а 19ка е далеку. Како и да е прејак меч.
 
Уште не можам да се средам после мечов, во зависност од тоа каков ќе биде епилогот во финалето, ова ќе може да биде една од најголемите победи на Новак во кариерата, а освоил Слем кој никад не го освоил, РГ, со што стана актуелен шампион на сите 4 слемови истовремено, па све со ова сум кажал каков меч беше ова, и за двајцата.
У сите параметри исти, страшно, абе она што го изиграа на брејк топките и меч топката на Надал беше језиво бре, и вчера у тајбрејкот при мини брејковите и сет топките, што би рекол ибра, кога го прашаа да се опише со еден збор, па рече само, wow.
Имаше низа луди потези, ама ако морам да двојам, дропот на Надал при меч топка на Новак .... :confused::confused::confused::confused::confused::confused::confused::confused::eek::eek::eek::eek::eek::eek::eek:
Не можам да најдам соодветни зборови што би го опишале тоа, какви челични муда, храброст и остало, преслаби термини се тоа.

Ја реков уште пред некој месец, формата на Новак оди во нагорна линија и очекував барем до УС опен да биде у фул моуд, што и најверојатно ќе се случи ако нема некој проблем повторно, тука не игра на свое максимално ниво, Новак никогаш не паѓа физички во еден меч, макар и претходните 2 ги изиграл у 5 сета, буквално никогаш, и тоа му беше една од најголемите предности во вакви натпревари, зашто го користеше заморот кај противникот. Вчера беше доволен показател дека едноставно сеуште не е тоа тоа, треба да се земе во предвид фактот дека повторно смени цел тренерски тим и се врати на најпроверената варијанта, Вајда, претпоставувам планот им е годинава да се стабилизира и на неговиот омилен турнир, АО, да почне она вистинското, ама шампионскиот карактер си го направи своето денес а и вчера, кога буквално му украде сет на Надал што можеби и беше клучно за оваа победа.

Јас сеуште верувам дека ќе се мачи со Андерсон, и дека не е решен однапред тој дуел што би било случај доколку таму беа Надал или Федерер, нарочито зашто Новак е сеуште многу ранлив, а сервериве му се најиритантно нешто кое му ја пореметува цела психа. Би рекол дека првиот сет утре ќе биде многу битен, но сеуште не можеме да знаеме на што сме бидејќи Андерсон е енигма и не се знае како ќе се понаша на физички план, две 5ки изигра, онаа со Иснер го дотолчи, успее ли да влезе опоравен, све е можно.

Од друга страна за Надал, ова е еден од најтешките порази во неговата кариера, ја не би бил рамнодушен на местото на неговите навивачи, зашто освоен Лондон скоро сигурно ќе значеше и стигање на Федерер, ама и вака има шанси за тоа, али проблем може да му претставува токму оној кој денес го победи, се надевам на уште многу вакви епски дуели, искрено му реков и на стекот, после ваков меч неам срце да реметам други навивачи, така да спортски поздрав до следната класика. ;)
 
Само ме интересира како би изгледал Федерер против еден од овие двајца кои очигледно одиграа еднакво, самата статистика го зборува тоа. Рафа освои еден гејм повеќе, а Новак сет повеќе што на крајот нели е побитен сегмент. Да не навлегувам во детални статистики, скоро сите бројки им беа буквално идентични, освен бројот на асови.

Да ги тргниме на страна бројките, што мислите, дали би имал Роџер шанси според покажаниот тенис годинава на трева против некој од овие двајца што играа денес?
 
DiE2tw9W4AEjHLy.jpg

Дури и просечната брзината на првиот и вториот сервис им е иста
 
Последно уредено:
Tesko da najdam statisika na novak ama ne pamtam deka nekogas iserviral tolkav broj na asovi, eve gleam na onoj legendaren duel na AO, 9 asovi, so federer na wimbledon u 5 seta, 13 asovi, ova e redok slucaj, nad 20 asovi, a i servisot denes, a i vcera, mnogu go izvadi, vleze u nekoj fedex moud, samo on bese sposoben vo takvi momenti taka da servira, trejdmark e toa za federer.
 
Ист број винери и неизнудени :eek::eek:
Ова у 5 гема не може да се деси, не у 5 сета.
 
Ист број винери и неизнудени :eek::eek:
Ова у 5 гема не може да се деси, не у 5 сета.
Со тоа што од поле Рафа го разнесе Новак што беше најголемо изненадување за мене.
 
Каков ужасен меч на Серена, заслужено Кербер со титула.
Серена за малку ќе умрела на среде пораѓање, 10 месеци потоа игра финале на Вимблдон. Не е битна толку нејзината игра колку пораката што ја испрати вчера.. :)
 
Siluvanje do sega, ko da brza nole za hrvatska - francija da fati od start.
 
Јуниорсково финале поинтересно беше. :D
Овој Ценг сеоски Ноле у стилот е. На АО финале изгубил, Роланд Гарос без изгубен сет го освоил, Вимблдон само у финалево изгуби сет.
 
Скроз очекувано финале, нема Кевин игра да му се спротистави на Ноле.
 
Ајде Ноле до 5 да завршиш. :D
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom