- Член од
- 13 октомври 2007
- Мислења
- 3.175
- Поени од реакции
- 434

92 годишна жена од Флорида е уапсена зашто од полуавтоматски пиштол пукала во куќата на комшијата ,изнервирана што тој одбил да ја бакне -јави Фокс Њуз.
Хелен Стодингер била обвинета од својот 40 години помлад сосед Двајт Бетнер дека таа пукала 4 пати во неговата куќа.
„Ако ја исправев главата малку повисоко веројатно куршум ќе ме погодеше во тилот“ изјави Двајт за АБЦ.
Според полицискиот извештај,Стодингер отишла во куќата на Бетнер и одбивала да си оди се додека не ја бакне.
Кога тој ја одбил,се скарале и таа лута ја напуштила куќата -пишува во извештајот.
52 годишниот Бетнер зборувал на телефон со неговиот татко кога слушнал пукотници. Еден куршум го пробил неговиот прозорец а стаклото се распрснало врз него.
Наводно,постарата соседка се вљубила во својот сосед кога тој се преселил во нејзина близина пред 6 месеци. Но,Бетнер се брани дека се што правел било нормална соседска помош- и помагал да го фрли ѓубрето и слично,но таа сфатила погрешно.Еднаш таа му зготвила појадок и тој пријателски ја бакнал на образот,но не мислел ништо со тоа, бидејќи-како што самиот изјавил- тој веќе си имал девојка!
Но,има и друга верзија на приказната.Одредени медиуми пренесуваат изјава на постарата госпоѓа во која таа вели дека отишла во куќата на соседот затоа што тој и должел пари,и демантирала дека побарала да ја бакне.
Старицата потврдила дека оружјето и припаѓа нејзе.
Сега,доколку успее да плати 15 000 долари кауција за да излезе од затвор,на Стодингер ќе и биде забрането да му се приближува на Бетнер./www.kanal5.com.mk