92 годишна Американка пукала во комшијата зашто одбил да ја бакне!

  • Креатор на темата Креатор на темата GORAZDS
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
13 октомври 2007
Мислења
3.175
Поени од реакции
434
getImageThumbnail.php



92 годишна жена од Флорида е уапсена зашто од полуавтоматски пиштол пукала во куќата на комшијата ,изнервирана што тој одбил да ја бакне -јави Фокс Њуз.

Хелен Стодингер била обвинета од својот 40 години помлад сосед Двајт Бетнер дека таа пукала 4 пати во неговата куќа.

„Ако ја исправев главата малку повисоко веројатно куршум ќе ме погодеше во тилот“ изјави Двајт за АБЦ.

Според полицискиот извештај,Стодингер отишла во куќата на Бетнер и одбивала да си оди се додека не ја бакне.

Кога тој ја одбил,се скарале и таа лута ја напуштила куќата -пишува во извештајот.

52 годишниот Бетнер зборувал на телефон со неговиот татко кога слушнал пукотници. Еден куршум го пробил неговиот прозорец а стаклото се распрснало врз него.

Наводно,постарата соседка се вљубила во својот сосед кога тој се преселил во нејзина близина пред 6 месеци. Но,Бетнер се брани дека се што правел било нормална соседска помош- и помагал да го фрли ѓубрето и слично,но таа сфатила погрешно.Еднаш таа му зготвила појадок и тој пријателски ја бакнал на образот,но не мислел ништо со тоа, бидејќи-како што самиот изјавил- тој веќе си имал девојка!

Но,има и друга верзија на приказната.Одредени медиуми пренесуваат изјава на постарата госпоѓа во која таа вели дека отишла во куќата на соседот затоа што тој и должел пари,и демантирала дека побарала да ја бакне.
Старицата потврдила дека оружјето и припаѓа нејзе.

Сега,доколку успее да плати 15 000 долари кауција за да излезе од затвор,на Стодингер ќе и биде забрането да му се приближува на Бетнер./www.kanal5.com.mk
 
Значи со баба да си немаш работа :)
 
Па и тој, нека ја бакне, ќе му пече cherry pie секој ден. :)
 
Да бев јас, че и го земев пиштоло и сам че си го мавнев в чело ...
 
Да бев јас, че и го земев пиштоло и сам че си го мавнев в чело ...
Мајсторе оваа нема еден заб во тиквата да ти го издува голем мерак ке ти направи :pos:
 
Tребало да ја баци подобро ке си поминел.Баба без заби знае како да сврши работа хахахахха
 
52 годишен и тек сега девојки врти?

И двајцата се за ебење, ама типот повеќе изгледа.
 
ma neeeeeeeee, ne pukala taa samo zaradi baknezh, taa sakala povekje = da go ozheni :pos2:
podb85_93.jpg
 
:pos2::pos2::pos2: ние жените сме опасни, особено кога ќе остареме, затоа пазите што правите со нас:pos2::pos2::pos2:
 
Нема лабаво, очеш очеш, нечеш - бам бам! :icon_lol:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom