Гоч
33 1/3 rpm
- Член од
- 17 мај 2009
- Мислења
- 1.417
- Поени од реакции
- 47
Расте довербата за влез во НАТО
18.05.2009 15:58
Расте желбата на граѓаните, Македонија што поскоро да стане членка на НАТО, покажала последната анкета на американскиот институт ИРИ, спроведена од 22 до 30-ти минатиот месец.
Зa биле 94 проценти од испитаниците, 5 повеќе во однос на истражувањето од пред 3 месеци. Истовремено се намалува и процентот на граѓаните што категорично се против влез на Македонија во Алијансата. Сега изнесува 6 проценти, за разлика од претходно кога ПРОТИВ биле 9 проценти.
Дека македонските граѓани недвосмислено се за евроатлантска интеграција на земјава, покажува и порастот на процентот за членство во Европската унија. Сега ЗА се цели 95 отсто, наспроти 92-та во февруари.
Во истражувањето нема податок дали ваквата поддршка за ЕУ и НАТО значи и подготвеност за компромис за името - условот што се наметна како најважен за влез во овие организации. Инаку, поддршката на граѓаните за партиите нема подрастични варијации. Позначаен пад од два проценти, од 10 на 8, бележи ДУИ. Селмани има 4 отсто, Тачи 3. Двете најголеми македонските партии, пак, бележат идентичен пораст од 3 проценти. ВМРО сега има 33, а СДСМ 13 отсто поддршка. Неопределени се 13 проценти од граѓаните.
Во истражувањето, лиферувано од извори во ВМРО-ДПМНЕ, нема податоци за рејтинзите на политичарите. Според последното, на Институтот за демократија, премиерот Груевски имаше 30,9 проценти, претседателот Иванов 2,9, а идниот лидер на опозицијата, Бранко Црвенковски имаше 8,7 отсто.
http://a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=108727
Е сега кажете ми граѓани на РМ (и Македонци, и Албанци, и Срби, и Власи, и неодредени), дали сме ние нормални. По се што ни се случи во последните 18 години како независна држава, по сите срања (да ми извините) ние ко слепци 92-95% сакаме да се приклучиме кон тие организации. Апсолутно неверојатно! Only in Macedonia!
:kesa: