Како до инвалидска пензија

  • Креатор на темата Креатор на темата Anco
  • Време на започнување Време на започнување

Anco

За солун ДА, ЗА срем НЕ
Член од
1 ноември 2011
Мислења
8.606
Поени од реакции
15.409
Возраст
70
Локација
Skopje
Личноста (човекот) ми е многу близок.
Личноста по еден месец прави полни 40 години работен стаж.
Личноста до старосна пензија и требаат уште 3-4 години.
Личноста пред 6 месеци го изгуби видот
Личноста (човекот) во тоа време направи неколку операции.
Личноста од понеделник по два дена треба да оди на работа, не и следува повеќе боледување со таа дијагноза,комисијата ја праќа на работа.
Личноста беше и на комисија за инвалидска пензија а од таму доби одговор и препорака за промена на работно место( не му е дадено инвалидска пензија.
Личноста по дадената таа документација во работната организација,нема добиено од таму одговор. ( а и нема изгледа такво работно несто таму без вид)
Личноста(човекот не бил на лекар и боледубање сите 40 години.дури немаше ни матичен лекар и поради овој случај се пријави и го одбра.
Личноста како да оди на работа во понеделник кога не може ( не гледа)
...Кој е патот до инвалидска пензија/
 
Жално е што личности што навистина треба да добијат инвалидска пензија како овој случај си имаат проблеми да ја истераат до крај целата процедура. Додека стотици (ако не и илјадници) други здрави луѓе земаа инвалидски пензии со фалц дијагнози, така што си платија по 4-5000 евра кај локални партиски шерифи и сега се пензионери
 
Мито и корупција - јавна тајна е.
Луѓе со срцеви состојби, тешки болести, изгубен вид трпат вака, а лично познавам луѓе што подмитија и тераат, без никакви здравствени проблеми (или не такви сериозни).
 
не! не со мито и корупција, туку со мала закана со јавни Тв медиуми, Нет портали кажани со име и презиме, па ќе размислат дали ќе дадат таков предлог за преместување на работното место како способен за работа слеп човек! не се предавајте така лесно, дајте малку агресивност истите се плашат од излегување на виделина на нивната работа, се разбира ако има услови за инвалидска пензија според законот, а тие неправилно решаваат при самата постапка ...

Право на инвалидска пензија има осигуреникот кај кого е утврдено дека постои инвалидност:
  • кога поради промени во здравствената состојба која неможе да се отстрани со лекување, работната способност е трајно намалена за повеќе од половина во споредба со психички и физички здрав осигуреник со исто или слично образование и способност (професионална неспособност) а ако осугреникот е над 50 години (маж, жена) и
  • кога поради промени во здравствената состојба која не може да се отстрани со лекување, ќе настане трајно губење на работната способност (општа неспособност за работа) без оглед на возраста.
 
Последно уредено:
Личноста (човекот) ми е многу близок.
Личноста по еден месец прави полни 40 години работен стаж.
Личноста до старосна пензија и требаат уште 3-4 години.
Личноста пред 6 месеци го изгуби видот
Личноста (човекот) во тоа време направи неколку операции.
Личноста од понеделник по два дена треба да оди на работа, не и следува повеќе боледување со таа дијагноза,комисијата ја праќа на работа.
Личноста беше и на комисија за инвалидска пензија а од таму доби одговор и препорака за промена на работно место( не му е дадено инвалидска пензија.
Личноста по дадената таа документација во работната организација,нема добиено од таму одговор. ( а и нема изгледа такво работно несто таму без вид)
Личноста(човекот не бил на лекар и боледубање сите 40 години.дури немаше ни матичен лекар и поради овој случај се пријави и го одбра.
Личноста како да оди на работа во понеделник кога не може ( не гледа)
...Кој е патот до инвалидска пензија/
незнам точно дали го има се уште тој член уште во Законот, но имаше одење во инвалидска пензија и за лица со преостаната работана способност ако во работната организација НЕМА такво работно место што тој може да го работи... имаше и некоја старост, мислам над 50години, не се сеќавам, но тоа не е проблем ако има 40г стаж сигурно е 60 години...
Веднаж жалба до второстепена комисија НО од Фирмата да дадат документ дека немаат соодветно работно место за неговата способност... најдобро и специјализиран адвокат да се ангажира или да се појде во Синдикат..
 
Денес (со придружба) човекот беше на 1-степена комисија за боледување, беше одбиен и го пратија на работа.Денес попладне беше и на 2-степена комисија и со 300 маки некако му се даде уште две недели боледување(иако имаше конзилијарно мислење од лекари и за подолг период) со напомена дека потоа мора да оди на работа, таков бил законот за таа дијагноза толку.Лицето оваа недела прави 40 години стаж во таа организација и до сега не барало ништо никакви привилегии работело исто како и сите други потполно здрави лица и ги извршувало сите задачи ИАКО УШТЕ ОД ДЕТЕ Е СО ВИД САМО НА ЕДНО ОКО (несреќен случај) но еве сега и со големи потешкотии и на другата страна и со тоа намалена способност за движење-гледање или било каква работа, но и тоа не е доволно за ТАА ИНВАЛИДСКА ПЕНЗИЈА.....има ли друг пат за до целта. Решение е самоволно напуштање-давање отказ од работа после цели 40 години поминати таму.(бидеиќи лицето само не може ни да оди до таму)
Не сме биле во синдикатот на раб.организација,што ќе кажат таму ?
 
Комшивкава(65 год) е пензионер веќе 20 години, а еден ден нема поминато во болница.
А познавам и случај инвалид, телото не му прифаќа никаков материјал за колкот да му функционира а ене го десетта година само го праќаат на работа од комисија.
 
Денес ја „носев“ женами на комисија ....значи ете за кој човек се работи.
Дајте ми бре пиштол...не бре само атомска б....што се спомнува така често е мајката за тука.
Таму се по старо не продолжуват боледување,не дават, а жената не може сама да се движи-оди,ја праќат на работа,дури и се завркаваат тами некој си доктори, еееееееееееее ти кола може да возиш... ма хидрогенска б... не не оправува.
Еве ја само лежи 28 врсти на капки до сега и даваа и нон-стоп ги става-не помагат.
Сега има одмор уште малку и ќе мора да дава отказ, не може да оди надвор сама а сака да оди на работа и само збори ДА МОЖАМ ЌЕ ОДАМ НА РАБОТА:
 
Денес ја „носев“ женами на комисија ....значи ете за кој човек се работи.
Дајте ми бре пиштол...не бре само атомска б....што се спомнува така често е мајката за тука.
Таму се по старо не продолжуват боледување,не дават, а жената не може сама да се движи-оди,ја праќат на работа,дури и се завркаваат тами некој си доктори, еееееееееееее ти кола може да возиш... ма хидрогенска б... не не оправува.
Еве ја само лежи 28 врсти на капки до сега и даваа и нон-стоп ги става-не помагат.
Сега има одмор уште малку и ќе мора да дава отказ, не може да оди надвор сама а сака да оди на работа и само збори ДА МОЖАМ ЌЕ ОДАМ НА РАБОТА:

Доста често во вакви случаи помогнале медиумите .Обрати се кај нив и нека направат сторија (макар и анонимна ) .Можеби ке (ви) помогне таквиот притисок (и од јавноста) .
 
Писмо Жалба до Народен Правобранител на РМ ?(y)
i83cAxE.png

WEhYhIZ.png

qDEQNUE.png

 
морам да го пишам ова,со некаква култура,а пцовките ви ги оставам вам.
Ситуацијата ни е многу лоша
Пишувам од прв пат од позајмен лап-топ,мојот се расипа.
Женами треба да оди на работа,но како ќе оди кога го изгуби видот.
Комисијата не и дава повеќе боледување а инвалидска не и дава инвалидска пензија.
--------------------------
Сега ова подолу е за во друга тема САМо......... може и да ве вознемири.
ВЧера женами се одалечи сама од дома.
Почнавме веднаш да ја бараме,објавивме и на фејзбук
Таа решила вчера да се само........
Не сакала тука за да не ја гледаат доле на плочникот.
Разбравме дека ја виделе во нагари,не бевме сигурни што бара таму и како отишла до таму.
Сама тешко се движи. Од таму се качила на автобус и до последна во бања Катланово.
Решила тоа да го стори таму кај што не може никој да ја види,
Седела блиску до мостот и кога немало никој се качила на оградата и рипнала доле.
Тој мост е многу висок,
Во меќувреме ние се јавивме и во полиција и брза помош. и ја баравме таму дали имат некој податоци.
После пладне ни јавија дека некоја жена е извадена од Плиња во Катланово.
Нас не ни се јавуваше на телефон го оставила дома.
Околу 15 часот ја донесова кај нас, со брза помош.
По 10 минути дојдоа и од мвр да направаѕ записник.
Од кога заминаа приметивме дека е многу повредена,цела една страна и беше црна.
Веднаш отидовме по амбуланти и клиники.И на очно да го проверат едното око.
Прва помош само ја донесе до дома трамспортира и ништо друго?
цела ноќ преседовме со неа на ургентен со разни прегледи и снимања.
Околу 3 часот сабајле напуштивме и дојдовме дома.
Сега е тука и гледаме ко0лку можеме да и помогмеме.
Самата ни збори ! требаше да рипнам на другата страна во карпите а не во реката.
------
Ете до каде ни дојде состојбата затоа што е разочарана од таа инвалидска комисија, а толку сака да оди на работа ама не може,само збори Како ќе одам на работа.
Може е ова и за во таа тема САМО,,,,,,,отепување,па нека се премести и тааму.
Од понеделник незнам какви чекори да преземеме.
На инвалидска комисија имаме повторно закажано на крајовод месецов.
Сега дека е неработен ден не сме биле на други места.каде треба да продолжиме незнам.
извинете на грешки
 
@Anco ако немаш фб профил напрај и постирај го ова таму. Собери за пријатели некои од новинарите шо се против власта настроени и замоли ги да споделат. Ќе се дигне врева ако ништо друго, тука има 100тина активни членови што се секојдневно на форумот и тоа е, немаш скоро никаков импакт.

И како шо прочитав зимаш ти пензија, објасни и на жена ти дека не е до толку црно, и баба ми и дедо ми живеат со една пензија па еве ги туркаат некако. Продавај нешто на пазар, вади некој денар екстра, ако ти не ја мотивираш нема кој друг.
 
Дедо @Anco искрено многу ми е жал за тоа што твојата фамилија го преживува.
Го видов повикот пред некој ден на фб и сликата со личната карта и знаев точно за кого станува збор ( ги пратев постовите во стари скопјани кои ти тука редовно ги реобјавуваше). Борбата која ти претстои е многу тешка но не и невозможна, иако е тежок патот за да убедиш некој кој се откажал од животот. Биди ти храбар и твоите најблиски и секогаш бидете до нејзе, само позитивно пред нејзе и никогаш не покажувајте негативни емоции, а откако ќе се изборите после терајте постапки за пензија.
Инаку за основното прашање за пензија, ќе треба да собереш стручни мислења и резултати од лекар кои ќе бидат доволен доказ да комисијата одлучи позитивно на вашето барање. Не сум сигурен но со вид оштетен од преку 75% се рачуна како инвалидитет и лицето се прогласува за нереботоспособно, пропратно ако може уште некоја здравствена потврда да соберете (како психички нестабилна личност итн) за да и се издејствува инвалидска пензија.
Кајгана е исто така медиум, споделете го проблемот почнете од некаде, побарај помош од кајгана администрацијата ( @Acid ) да ја објаваат вашата приказна на порталот, никогаш не покажувајте срам за она што сте го преживеле, зашто искреноста е доблест на храбрите а не мана.
Поздрав и борете се до крај
:(:(:(:(
 
Последно уредено:
Ima advokati so se zanimavaat pretezno so ovakva problematika. Ima eden ama bas specijalist za invalidski penzii vo gorce zivee ako ima ovde nekoj od tamu neka te upati kade. Ke gi vidat dokumentite i odma ke ti kazat kakvi se sansite, i dali i kade i ako treba da se podmiti. Za usluga obicno zemaat po 500-1000e. Mu davas dokumentite i oni si teraat rabota ti ne se zamaras.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom