90210

  • Креатор на темата Креатор на темата диме
  • Време на започнување Време на започнување
Сношти во 4 сабајле ја звршив. Вака од А до Ш серија немам изгледано кој знае од кога .. Млади бунтовници ќе да беше последна изгледа. Ептен ме бендиса и стварно убава сериичка. Кратки и слатки 5 сезони исполнети се интересни животни стории.

Инаку околу расплетот и крајот на серијата да кажам два збора. Можеби ќе испаднам глуп и ептен кратковид, ама финиш на Лиам и Ени заедно не ми доаѓаше на памет. Они се пробаа пар пати претходно, никако не им одеше работата, а и последните 2 сезони (ако не се лажам) уопште не ни покушаваа пак да се спојат. Оддалечени ми беа и само на пријателска траса делуваа .. Ама ајде, така си сакале и требало да биде :) . Работата Силвер и бебето знаев дека ќе се заебе порано и покасно, уште кога педерчињата умешаа прсти. Крајно не фер и безобзирно ја изигра Теди (колку и да немаше лоши намери), оти и двајцата знае што и како им беше првичниот договор околу бебето и не знам како она уопште се согласи на сите услови што тој и' ги постави. Аааа нај криво за се' на крај ми остана за Нејоми и тоа што не и' успеа бракот со Макс. Прашање на вкусови е, ама они дефинитивно ми беа најоригинален и најинтересен пар во целата серија. Сцената кога му се појави како Аватар на тој собирот ќе ја паметам цел живот:icon_lol: - Штета што не останаа заедно.

Исто морам да забележам, оваа серија располагаше со многу убав и секси сет на глумци и глумици. Јас од машка гледна точка ќе искоментирам за девојките само :) : Кога го гледав тој специјалот на крај, во кој сите зборуваа за серијата, очекувањата кои ги имале од нив поради претходното издание на 90210, дешавките кои ги минувале и кога даваа исечоци од претходните епизоди, мене лично Ени ми испаѓа најсимпатична во првата сезона. Нејоми се трансформираше од грдото пајче, во лебед. Од третата сезона, па натаму е права бомбшел .. Која фигура и половина ја има само уффф. Ејд исто така, во првата сезона не беше ништо посебно, ама после се пролепша за све паре. Аааа црнка во окото ми остана Силвер:love: - Ја пикисав уште на почетокот, а зенитот девојчето го имаше сезоните 3 и 4 со кратката фризура. Најубава :P ! Иии исто многу мила ми беше и Мекејла. Требало порано да ја убацат во серијата, со некоја друга и подолга улога.

И тоа е ... I'll miss these two. :(
annalynne-and-jessica-naomi-and-silver-silver-and-naomi-17444052-1500-1014.jpg

Ги отпоздравувам со ова парче ..
 
ми се свиѓа напишаново од тоја страна...уште не сум ја доглеал на почеток на 5 сезона сум...така да не коментирам др со тематиката...а иначе за девојките...мене лично сите ми се убави ...наоми ми е најсекси ,еми ми е мн слатка..ама најмерак ми праат адријаана и силвер... btw ( предходно пишав : сериајта БЕШЕ прејака....епа тоа го пишав зашто мислев дека на сител више завршила...зашто "ја изгубив" некое време па затоа...да нема забуна :P :D xD
 
Ми ја препорача еден другар и ги спуштив сите сезони уште лани во Септември. Ја гледам одвреме-навреме кога немам добар филм при рака, можам да кажам дека после ниедна епизода не сум рекол „Доста е, утре пак“ туку секогаш сакам да видам како почнува наредната :) Добро филмче е сепак (y) Уште малку ќе ја завршам 4та сезона и баш ме интересира каков е финишот, кој со кој ќе заврши оти како шо приметив цело друштво си менуваат исти дечковци и женски.
 
за последниве два реда ....да... и ја приметив тоа ..малце ми е глупо некако
 
за последниве два реда ....да... и ја приметив тоа ..малце ми е глупо некако

На запад е ок, можи дека ние си сме заостанати во секој поглед повеќе од 10 години :) кај да е ќе биди и ова нов бренд кај нас, крадење женски од најдобри другари и сл.
 
На запад е ок, можи дека ние си сме заостанати во секој поглед повеќе од 10 години :) кај да е ќе биди и ова нов бренд кај нас, крадење женски од најдобри другари и сл.

па да ..и тоа што викаш..
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom