Скопје

  • Креатор на темата Креатор на темата StormAngel
  • Време на започнување Време на започнување
Скопје!

Убава слика .

308658_265914380126254_100001230822025_828269_1258869498_n.jpg
 
Форумџии,да не знае некој како да стигнам до Кисела вода(општината) од Ѓорче 2?(кој автобус треба да фатам,и како да знам кај треба да слезам)
Фала однапред! :)
 
Форумџии,да не знае некој како да стигнам до Кисела вода(општината) од Ѓорче 2?(кој автобус треба да фатам,и како да знам кај треба да слезам)
Фала однапред! :)

Првин со петка до рекорд па после со четворка и ќе се симнеш после Макси Д, спроти паркот е општината :)
 
Првин со петка до рекорд па после со четворка и ќе се симнеш после Макси Д, спроти паркот е општината :)

А не може да иде директно со четворка, да не мења автобуси?
 
А не може да иде директно со четворка, да не мења автобуси?

Може ама четворка трга дури од Хром, он треба пешки да иде до таму :)
 
Добро, ако не му е многу далеку нека попешачи малце :)

Епа добро еве и ќе пишам и за некој друг ако треба :) ако сакаш директива со 4ка, оди до кружниот тек кај СП маркет па сврти десно по Исаија Мажовски улицата и оди додека не дојдеш до тој помалиот кружен тек. Таму застанува 4ка :)
 
Јас во Скопје,кога треба да одам негде(освен центар и факс)
images

Потоа добивам идеја како да стигнам
images

И на крај кога е доцна и кога ќе увидам дека сум завршил на другиот крај на Скопје изгледам вака..
images

:pos:

Пс. Ќе ја фатам кај Карпош 3,и го проучив патот нема да бега!!:icon_mrgr:
 
-СКОПЈЕ- старите скопски мала
незнам дали има ваква тема или овде на оваа да пишуваме
ние кој сме живееле во овие скопски мала до пред 1963 год.
поточно до тоа време и постоева,после ја знаеме состојбата.
Сакам да го опишеме животот во Скопје во тоа време во тоа
старо поубаво Скопје кое го знаеме од детството.А за пред
воено Скопје да не речам “српско“ Скопје е можеби доцна,
но ако се јави некој нека напише и за тогашно Скопје.
Еве јас сум живеел ,поточно бев:водњанец,еврејскомалец,
новомалец и за тоа нешто напишав нешто во темата:
-Еврејските партизани во НОВ.-но има уште и ќе продолжам.
-да прочитаме и за:
-Дебар мало,Пајко мало,Карадак мало,Крњево,Ново мало,
Дуќанџик, Топаана,Маџир мало,Еврејско мало, и други.
 
Picture 098.jpg
Старото Еврејско маало во Скопје пред земјотресот,
Во средината зградата на бившиот ЦК на Македонија,позната како Цека. На која на кровот на предниот дел,имаше голем Срп и Чекан,добро видливи и од плоштадот.
 
Сте го виделе ли рингишпилот кој се постави деновиве во центарот ,не сум од Скопје за да го видам подобро ,ама од она што видов во вести стварно не им требало вакво нешто .Ај све се трпи споменици еден куп на едно место но рингишпилот таков шарен ич не му е место во центарот на главниот град .Се знае на ригишпил кај му е местото некаде во некој парк малку подалеку од центарот .
 
Важно!
Сега прошетав низ центарот.
Јапонските цреши на улица Максим Горки процветале, глетката е неповторлива. И најсредечно Ви препорачувам да прошетате по улицата и да ги видите.
Самиот настан во Јапонија се нарекува Sakura
Еве послушајте една трдиционална песна и прочитајте на Wikipedia
http://www.youtube.com/watch?v=XPGNqwT2N_Y
http://en.wikipedia.org/wiki/Sakura
 
Сте го виделе ли рингишпилот кој се постави деновиве во центарот ,не сум од Скопје за да го видам подобро ,ама од она што видов во вести стварно не им требало вакво нешто .Ај све се трпи споменици еден куп на едно место но рингишпилот таков шарен ич не му е место во центарот на главниот град .Се знае на ригишпил кај му е местото некаде во некој парк малку подалеку од центарот .

Па да се употполни сликата на панаѓур, мора и рингишпил да има.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom