Скопје

  • Креатор на темата Креатор на темата StormAngel
  • Време на започнување Време на започнување
Поим немам каде да го поставам ова прашање (барав, не најдов тема за ЈПС), ама ајде еве го тука: Кој број автобус оди до Александар Палас, а минува кај Собрание (бул 11ти октомври) или ако нема некоја си директна линија барем некоја приближна..... Грацијас :smir:
 
Поим немам каде да го поставам ова прашање (барав, не најдов тема за ЈПС), ама ајде еве го тука: Кој број автобус оди до Александар Палас, а минува кај Собрание (бул 11ти октомври) или ако нема некоја си директна линија барем некоја приближна..... Грацијас :smir:

Баш до Палас нема, освен не сум сигурен осумнаеска кај стои и дали поминуе поред Палас. Али, мој совет, 15, 22, 24, кои се почести, симни се пред Лептокарија, пет-10 минути имаш пеш до Палас. :wink:
 
Зошто Скопје полека но сигурно прераснува во хотелски град?
Швалерите ги спасуваат хотелите од загуба

регистрирани 128 хотели во главниот град.
САЛ ХОТЕЛИ ВО СКОПЈЕ-А ТУРИСТИ НИ ЗА ЛЕК-многу лошо!
а допрва ќе градат уште:uvo:Иако бројот на туристите не се зголемува за да има потреба од нови хотели, велат познавачите, Скопје станува хотелски град. Бизнисмените што се занимаваат со оваа дејност велат дека отварањето нови хотели, особено во главниот град, е ризичен потег, кој инвестицијата може да ја дефинира како неисплатлива.
http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=1112101558352&id=9&setIzdanie=22132
 
Ај и овде да пишам..
Контен план од Трајко Русевски по книжарнициве во Скопје или пак во Матица да не има?
 
Ај некој да ми помогне да ја најдам најлесно железничката постројка во Ѓорче Петров? Ептен итно е....
 
Здраво кајганџии. Нека ми каже некој или секој кои се манастирите на Матка. Како се викаат и од прилика кој каде е лоциран. Потребно ми е за истражување. Благодарам.
 
Дали (се уште) ги има оние rent-a-bike што беа во Центар и Аеродром? За во случај утре да е убаво времето... :motor:
 
Промотивно возење на првите 15 украински автобуси во Скопје
22.02.2011 - 15:40 |
Она што пред неколку години беше само желба и сериозна потреба за ЈСП „Скопје“ денеска станува реалност и почнува да се остварува.


Пред нас се првите нови 15 нископодни автобуси доделени како донација на Градот Скопје, односно на ЈСП кои се дел од проектот за набавка на 80 новопроизведени нископодни автобуси, а кои денеска влегуваат во сообраќај по скопските улици.

Ова го истакна премиерот Никола Груевски на претпромотивното возење на првите 15 од планираните 302 автобуси кои Владата ги набавува за Јавното сообраќајно претпријатие во Скопје.

Автобусите, како што истакна премиерот Груевски, се со препознатливата црвена боја, располагаат со ефикасен систем за греење и ладење, имаат 28 седишта и 30 места за стоење, електронски информатор за граѓаните, дигитален тахограф за работа, автоматски менувач, електронска рампа за лица со посебни потреби... Опремени се со мотор што исполнува ЕКО 4 стандард што овозможува намалена емисија на издувни гасови и намалена потрошувачка на гориво.

- Новите автобуси полека но сигурно ќе ги заменат старите кои веќе неколку децении се дел од секојдневието на илјадници граѓани кои го користат јавниот градски сообраќај. Главниот град и неговите жители заслужуваат нов и современ јавен превоз, а од денеска па натаму лошата слика со стари автобуси почнува да избледува и Скопје полека добива ново лице, рече Груевски.

Тој истакна дека во текот на годинава согласно предвидената динамика за испорака се очекува да пристигнат и останатите нископодни автобуси од Украина, како и новите двокатни автобуси од Кина кои, според него, ќе дадат дополнителен шарм на главниот град.

- Со нивното ставање во функција ќе биде направена целосна замена на возниот парк на ЈСП „Скопје“. Во исто време радува и фактот што овој проект придонесе и приватните превозници да почнат да го обновуваат возниот парк во Скопје, рече Груевски и додаде дека тоа беше поттикнато со олеснетите услови за увоз на користени возила кои Владата ги донесе минатата година.

Министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески посочи дека и покрај светската економска криза Владата обезбеди средства за набавка на нови автобуси за Скопје со цел обновување на возниот парк на ЈСП.

- За остварување на оваа цел Министерството за транспорт и врски спроведе постапка за јавна набавка на новопроизведени нископодни автобуси што беше склучен со украинската компанија ЛАЗ која беше најповолен понудувач. Денеска имаме чест да присуствуваме на свеченото пуштање во употреба на првите 15 автобуси. Со тоа конечно жителите на Скопје добиваат нови и модерни автобуси, рече министерот Јанакиески.

Тој посочи дека сите новонабавени автобуси се целосно во согласност со барањата на Правилникот за пуштање на пазар и ставање во употреба на моторните возила, приклучни возила, опрема и делови кои можат да се вградат или можат да се користат на нив. Автобусите, како што рече, иако се произведени во Украина 70 отсто од нивните делови се од германско производство.

Новите автобуси, според градоначалникот на Град Скопје, ќе значат голема заштеда на ЈСП за резервни делови, одржување и гориво, а скопјани ќе добијат можност за побрзо и поудобно возење.

- После 20 години Град Скопје и ЈСП добиваат целосно нов возен парк, а тоа ќе помогне и за заштита на екологијата бидејќи ќе има помалку издувни гасови, рече Трајановски.

Согласно договорите потпишани со Украина и Кина, возниот парк на ЈСП целосно ќе биде сменет во наредните три години. До крајот на годинава треба да пристигнат и преостанатите 69 автобуси од Украина, како и првите 68 двокатни автобуси од Кина. Владата за потребите на ЈСП ќе набави 84 нископодни автобуси од Украина од кои четири зглобни, како и 202 двокатни автобуси од Кина од кои два панорамски. Панорамските автобуси ќе бидат користени за разгледување на Скопје и Охрид. Треба да се набават и 16 минибуси.

Премиерот Никола Груевски заедно со вицепремиерите Зоран Ставрески и Владимир Пешевски, министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески и градоначалникот на Град Скопје Коце Трајановски беа првите патници кои промотивно се возеа во 15-те новопроизведени нископодни автобуси. Покрај нив, во автобусите се возеа и граѓани.

КАНАЛ 5
СИТЕЛ
КУРИР
 
Да каже некој како е со изнајмување на точковите? Колку е цена, оди од час, ден? Треба да се вратат на местото, ги оставаш каде сакаш? Хелп :)
 
Колку што знам, а и имам видено 15 А има двокатна и си вози Карпош 4 - Лисиче, за други двокатни бусови не знам :)

Па нема други двокатни ... еден е

--- надополнето ---

Да каже некој како е со изнајмување на точковите? Колку е цена, оди од час, ден? Треба да се вратат на местото, ги оставаш каде сакаш? Хелп :)

Мислам дека е 10 ден час..значи зимаш на 1 пунк точак и после го враќаш на друг..или пак на истиот.. Даваш лична карта или капар незнам тоа,како гаранција дека нема да го оштетиш или да му извадиш некој дел
 
Одлично фала
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom