Скопје

  • Креатор на темата Креатор на темата StormAngel
  • Време на започнување Време на започнување
ако знае некој да ми одговори зошто се исечени дрвата по улицата од нова македонија до соборна црква?
 
ако знае некој да ми одговори зошто се исечени дрвата по улицата од нова македонија до соборна црква?
ВО РАМКИТЕ НА ГРАДСКИОТ ПРОЕКТ ЗА РЕКОНСТРУКЦИЈА НА УЛИЦИ ВО ЦЕНТРАЛНОТО ПОДРАЧЈЕ

„Климент Охридски“ ќе добие две нови ленти

Градоначалникот Трајановски најави почеток на проширувањето во јуни, а веќе е распишан тендер за избор на изведувач, но од одделението за односи со јавност рекоа дека немаат информации на кој потег ќе се работи

Проширувањето на булеварот Климент Охридски ќе почне во јуни, а веќе е распишан тендер за избор на изведувач за градежните работи, објавен на страницата за јавни набавки. Градоначалникот Коце Трајановски при најавата за голема реконструкција на улици и булевари низ Скопје го спомена и „Климент Охридски“, но не прецизираше на кој потег ќе се работи, а и за колку ленти ќе се прошири.

Урбанистичките планови „Дебар маало 2“ и „Буњаковец“ за овој реон предвидуваат уште една лента, од двете страни, со ширина од 3,5 метри и средишно зеленило од 5 метри. Новите ленти би се изградиле на сметка на дел од парковското зеленило. Како што објаснија од Општина Центар, при усвојување на плановите во 2004 година, не постои можност да се одзема од делот на тротоарите поради блискоста на објектите до улицата.

- Средишното зеленило, меѓу коловозите, сега изнесува 12 метри, а за оваа цел, планот дозволува да се скрати за половина - објаснија надлежните од Центар.

Од одделението за односи со јавност во Градот, пак, не може да потврдат што точно ќе се случува во јуни, односно на кој потег ќе почне проширувањето, имајќи предвид дека булеварот се протега од Влада, па с` до крстосницата на Водњанска со улицата Васил Ѓоргов. Рекоа дека во моментот не располагаат со детаљни информации за овој проект, односно дека раководните лица не се достапни да кажат нешто повеќе.

Сепак, најавата за поширок булевар за уште една лента од двете страни не е нова, напротив ја промовираше и минатиот градоначалник Трифун Костовски. Тогаш тој нарача и проект во ГП „Маврово“, но не го оствари замисленото, како за Климент Охридски, така и за Илинденска. Организираше потпишување петиција, а потоа се откажа поради поделеност на мислењата кај граѓаните за тоа дали идејата е добра или не.

Проширувањето на булеварот е предвидено со Генералниот урбанистички план на Скопје поради релаксирање на сообраќајот во централното градско подрачје. Администрацијата на Костовски сметаше дека е важно сообраќајот да се движи на овој потег, да не стои, затоа што стоењето на автомобилите на раскрсниците е голем причинител на загадувањето на воздухот. Финансиската процена за изградбата на двете нови ленти, како што беше кажано пред пет години, ќе чини околу 300.000 евра.

Од Градот изјавија дека наредните денови ќе излезат со точни податоци околу цената за овој булевар.

Превземено од www.dnevnik.com.mk
 
мислам дека е најприкладно тука да пишам, од вас скопјани ми треба помош со кој автобус да стигнам од автобуска станица до воена болница најкасно до 7:50 наутро
фала однапред
 
мислам дека е најприкладно тука да пишам, од вас скопјани ми треба помош со кој автобус да стигнам од автобуска станица до воена болница најкасно до 7:50 наутро
фала однапред
Има неколку од таму што те носат, 22 почетна и е таму, имаш и приватен и од ЈСП, или 15ка, таа вози од аеродром до карпош. Сигурно има и други, ама не ми текнуваат сега, а и таму ќе ти кажат ако прашаш :)
 
а рано во 7 има? зш морам да бидам кај воена болница најкасно до 7:50
 
а рано во 7 има? зш морам да бидам кај воена болница најкасно до 7:50
Ептен редовни се 22-ките, и приватниците со државниве се јадат кој побрзо да стигне, така да не се секирај, стигнуваш сигурно ;)
 
Кај се наоѓа кардиологија, и со кој автобус да стигнам до неа качувајќи се од автобуска/железничка. :)
 
Кај се наоѓа кардиологија, и со кој автобус да стигнам до неа качувајќи се од автобуска/железничка. :)
Мислиш на кардиологија при Клинички Центар-Државна Болница? Колку што се сеќавам штом влезеш во дворот на Државна, после продавниците десно нагоре до крај на стазата.
Од железничка се оди со тројка, малку е поредок во летните месеци. Види возен ред
http://www.jsp.com.mk/VozenRed.aspx
ако не ти се чека, ќе продолжиш по булеварот (К.Ј. Питу) од железничка ќе ја заминеш Народна Банка до бул. Кочо Рацин каде има автобус бр. 9 кој исто ќе те однесе до клиники. Вторава варијанта е повеќе пешачење, но 9 е малку почеста.
http://skopje.on.net.mk/
 
Има неколку од таму што те носат, 22 почетна и е таму, имаш и приватен и од ЈСП, или 15ка, таа вози од аеродром до карпош. Сигурно има и други, ама не ми текнуваат сега, а и таму ќе ти кажат ако прашаш :)
Како бе 22 почетна и е кај Воена Болница? Кај Воена Болница - или по ново Градска Болница (Не памтам име), а до нејзе е одма Румунска болница, почетна станица има 7. Седмица. Дваесдвојка поминуе по Партизанска и стои на 50 метра од Румунска и на 100 од „Воена болница“.
--- надополнето: Jul 8, 2011 8:44 AM ---
Кај се наоѓа кардиологија, и со кој автобус да стигнам до неа качувајќи се од автобуска/железничка. :)

Тројка поминува под железничка. Не заборавај да ја поминеш улицата кога ќе искочиш од железничка. Арно ама, како што рече Лурц, многу ретко ја има. Е сега, додека пешачиш за деветка, или да стигнеш до ГТЦ па во сутеренот (подрумот на ГТЦ) да чекаш 50 што исто оди до пред врата, до последна станица, најпаметно ти е да си застанеш и да чекаш тројче.​
 
Како бе 22 почетна и е кај Воена Болница? Кај Воена Болница - или по ново Градска Болница (Не памтам име), а до нејзе е одма Румунска болница, почетна станица има 7. Седмица. Дваесдвојка поминуе по Партизанска и стои на 50 метра од Румунска и на 100 од „Воена болница“.
Хехехе, дечкото праша од железничка/автобуска станица до воена болница како да стигне. А 22-ка почетна и е на железничка. :)
 
браво, конечно го спастрија пазарот

Пуштен во употреба новиот Цветен пазар
Градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски, заменик-министерот за локална самоуправа, Сашо Лазаровски и директорот на ЈП „Паркови и зеленило“, Душан Авировиќ денеска и официјално го отворија новиот Цветен пазар за граѓаните.
- Градот Скопје за реализација на овој проект, односно за изградба на платформата на којашто се поставени куќичките, за паркингот пред Цветниот пазар, за уредување на постојката на автобусот со број 23 и за паркингот што ќе го стопанисува ЈП „Градски паркинг“ од Буџетот ќе одвои околу 6 милиони денари - рече денеска градоначалникот Трајановски.
Од ЈП „Паркови и зеленило“ кое што ќе стопанисува со Цветниот пазар нагласија дека реализацијата на овој проект е пример за добрата соработка меѓу јавните градски претпријатија и цвеќарите
Задоволство од локацијата на новиот Цветен пазар и од условите изразија и од Занаетчиската комора на Скопје – секцијата на цвеќари.
 
Среќа што не им дадоа некоја у курац локација како што беше муабетот. Сеа ми е поблиску дури, поредовно ќе и купуем на баба ми, до сеа у Тинекс ме ошуруваа. :)
 
Да прашам нешто, дали некое такси би ме однело до Тетово и колку тоа би чинело?
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom