Која банка е најдобра? (ваши искуства со банки)

  • Креатор на темата Креатор на темата cYb3rc0re
  • Време на започнување Време на започнување
Родител треба да ми префрли висока сума на пари на моја сметка, зборам над 10к евра. Дали овие пари се даночат, бараат потекло, дали се бара причини зошто се префрлува?
 
Родител треба да ми префрли висока сума на пари на моја сметка, зборам над 10к евра. Дали овие пари се даночат, бараат потекло, дали се бара причини зошто се префрлува?
Не.
Автоматски споено мислење:

Сакам да ја сменам НЛБ, препорака за банка? Сакам добро електронско банкарство, не ме интересираат кредити, соработка за фирма итн, јас сум просечен човек кој сака се што може да се заврши преку телефон. НЛБ е ваква али почнаа на се и сешто да ставаат провизии.
@Gags
Халк. Топ е електронското, режиски трошоци се без провизија, интерен налог 5 денари, екстерен (према други банки и трезорска сметка) 15 денари. Опција за вадење пари од банкомат без картичка (Смарт кеш), опција Смарт сенд- да пратиш пари со еден клик без провизија 24/7 ( али ова е само према корисници на оваа опција од Халк Банка), и уште еден куп добри ствари.
 
+ единствена банка во МК што работи со Garmin Pay.
 
Не.
Автоматски споено мислење:

@Gags
Халк. Топ е електронското, режиски трошоци се без провизија, интерен налог 5 денари, екстерен (према други банки и трезорска сметка) 15 денари. Опција за вадење пари од банкомат без картичка (Смарт кеш), опција Смарт сенд- да пратиш пари со еден клик без провизија 24/7 ( али ова е само према корисници на оваа опција од Халк Банка), и уште еден куп добри ствари.
Ај да ги кажеме негативните…
Строго пто и да правиш или да имаш потреба те праќаат во матичната односно онаму каде што си ја отворил сметката, за обнова на картичка треба да побараш сам да изработат и нормално да си ја подигнеш од матичната банка, им се јавуваш во кол центар ти викаат јавете се у матичната банка, работат доста неписмени па идеш да затвориш дебитна ти затвараат бизнис картичка и така
 
За електронско подигање сѐуште не почнале, ама кај и да е... Ме интересира, во која земја освен во Македонија наплаќаат ако подигнеш свои пари од шалтер? Каде наплаќаат ако повеќе од три пати си ја провериш состојбата на сметката на банкомат? Не ми текнува за други бисери, сигурно ги има

Во многу земји воопшто не ни постојат веќе шалтери и готовински трансакции, а ние сакаме со прескокнување да фатиме ред со нив, ама сме отепани стотка.

Поентата е веројатно да се намалат пензионерите по шалтери за подигање и плаќање по 12 сметки ама прашање е колку е изводливо, мислам и 1000 ден да е провизија пак би дремеле по шалтери иако дел банки пред години им даваа и бесплатни картички.
Уште постојат луѓе кои не двојат картонче за трансакциска и картичка за банкомат (па пробувале со картончето да вадат од банкомат),
- картички редат во делот каде треба да излезат пари
-пцујат и боксираат по банкомат после несвесно згрешен пин
- вадат неколку пати по 1000 или 2000 зошто не користат опција друг износ

(овие примери дури сум чекал зад некои титови пионери).
За разлика од нив, новоти генерациите се доста финансиски пописмени дури и од некои банкарски шефчиња и премногу напредни за застарените законски прописи кај нас особено спрема дигитални платформи.
Иако добар дел банки формално се заложиле за дигитализација и мал дел навистина се трудат тешко одат тие промени со ограничувања од законска смисла, уште се барани документи во копија или печатено итн.
А провизиите за наш стандард се високи сегде, нијанси се во прашање.
 
Ај да ги кажеме негативните…
Строго пто и да правиш или да имаш потреба те праќаат во матичната односно онаму каде што си ја отворил сметката, за обнова на картичка треба да побараш сам да изработат и нормално да си ја подигнеш од матичната банка, им се јавуваш во кол центар ти викаат јавете се у матичната банка, работат доста неписмени па идеш да затвориш дебитна ти затвараат бизнис картичка и така
Зависи што бараш, како бараш и зошто бараш. Да, се слагам дека има и такви вработени како што кажа, меѓутоа за другото можеш да си издејствуваш и да ти пратат во која филијала ти сакаш, иако една ти е матична. Ќе си побараш на шалтер да ти ја пратат картичката во која филијала и да сакаш и тоа е тоа. Али не навлагам понатака, секој си има различно искуство. За обнова на картичка не треба сам да побараш него автоматски се реизработува, нешто грешно си разбрал. Едино да не си ја користел долго време па системски да ти ја затвориле и ти да дојдеш после 300 години и да се чудиш зошто не ти е реизработена.
 
Комерцијална Банка онлајн кредит преку oneid, аплицираш од дома додека пиеш кафе и за 10 мин ти легнуваат парите на сметка. Без заверка на документи без провизии, трошоци, без да те контактираат љубезни вработени.
Нешто позитивно од овој сектор.
 
Преку која банка е најисплатливо да ти праќаат месечно пари, да кажеме околу 1500 - 2000 евра ? Или дали е по исплатливо да се праќаат пари на фирма наместо на физичко лице ?
 
ТТК зема ли пари провизија за отварање на апликацијава електронско банкарство?
 
Овие од Нлб најутепана банка се, треба цел град да го извртам и да имам среќа да погодам банкомат кој има пари. Уште еднаш да ми се деси ова и ги мењавам кој ги ебе, се утепав од даваање екстра пари на други банкомати за да извадам пари кога ми треба итно
Во последно време тоа навистина им е проблем, јас живеам во помал град и има 3 нивни банкомати, неќна 2 беа без пари за среќа од третиот извадив, за што се работи не знам, ама веројатно нивната служба која полни пари по банкоматите веројатно е недоволно ажурна
 
Пред еден месец бев искамиран преку букинг, од хотелот каде што имав букирано ми стигна порака која се воиспостави дека не е од хотелот.
Ја оспорив трансакцијата во Халк банка, по некое време ми се јавија дека барањето ми е одбиено.

Во меѓувреме најдов на редит доста случаеви како мојот и дека на доста луѓе што биле упорни од букинг им ги вратиле парите. Го исконтактирав букинг и тие ме советуваа прво да ја оспорам трансакцијата во банка(што веќе го има направено) и во случај да не ми го одобрат барањето ми бараат потврда од банката дека оспорувањето на трансакцијата не е успешно. Бев во Халк банка вчера, вработените незнаат што да ми дадат, никој до сега не им имал барано таков документ. Звонеше девојката на некој поупатени ваљда но не го добив тоа што го побарав со изговор дека такво нешто неможат да ми дадат.

Еве го одговорот од букинг:

We request you to dispute the unauthorized charge with your credit card provider/bank. In the event that disputing this charge is not an option, we kindly request that you obtain an officially stamped and signed letter(s) from your credit card provider/bank indicating that the transaction in question cannot be disputed. The letter should include the details of the transaction.

Additionally, we will require a copy of your bank statement showing both transactions (the one to hotel and the second unauthorized charge) along with their details. Please email the letter issued and copies of the bank statements to the email address below:
4532942292@my.booking.com at your earliest convenience.

Второто го добив од банката, документ со трансакциите (депозитот до хотелот кој претходно го имав платено и трансакцијата за која бев искамиран). За првото барање(потврда од банка дека неможе да се оспори трансакцијата) е проблемот.

Каков документ би можеле да ми дадат од банката кој би ми завршил работа и од кој да барам дека тие вработените на шалтер очигледно не знаат?
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom