Која банка е најдобра? (ваши искуства со банки)

  • Креатор на темата Креатор на темата cYb3rc0re
  • Време на започнување Време на започнување
Во Халк ако си го заборавиш пасвордот за електронско банкарство наплаќаат 200 денари :sekcza:
 

Да, изгледа посветени се повеќе на фирми такви клиенти па овие помаливе многу не ги интересираат затоа и затворија еден куп експозитури низ државата. Сега се префрлив на комерцијална и само 30 денари ми месечно зимаат што е коректна сума
 
До сега бев премногу задоволен со НЛБ, но еве, од никаде ни излезе проблем. Ни стигна писмо дека на починат родител, кој имаше само трансакциска сметка за примање на пензија, за 8 месеци, стигнале некои недоспеани обврски од околу 19.000 денари. Ниту добивме некое известување претходно дека има долг, ниту пак имаше можност таа сметка да иде во минус. Ако некој имал слично искуство, нека пише што да очекувам во понеделник од идиотиве.
 
До сега бев премногу задоволен со НЛБ, но еве, од никаде ни излезе проблем. Ни стигна писмо дека на починат родител, кој имаше само трансакциска сметка за примање на пензија, за 8 месеци, стигнале некои недоспеани обврски од околу 19.000 денари. Ниту добивме некое известување претходно дека има долг, ниту пак имаше можност таа сметка да иде во минус. Ако некој имал слично искуство, нека пише што да очекувам во понеделник од идиотиве.
Иди кај адвокат и не плаќајте ништо,распрашај се кај повеќе адвокати,можеби некој имал сличен случај на суд,ако треба тужи ги,ова ми личи на банкарска измама
 

стапката на покриеноста на депозитите на населението, која покажува колку Фондот може да покрие од вкупните штедни влоговги на ниво на држава, се намалила од 6,25 проценти, на 4,94 прпоценти.

Државата велиТ дека до 30.000 евра, влоговите ни се гарантирани, но во реалност, има пари за само за 5% од депозитите по банките. Останатите 95% ќе чекаат државата да дојде на некаков начин до пари, па да ги исплати и тие, ама колку време ќе помине за тоа ...
 
денес попладне, околу 14-15ч мислам, забраив сега која ТВ станица, кажа дека на лу хакери им подигале пари од банкомат, од позната банка ама не ја кажа која, демек еден ќовек пријавил, 30,000мкд во Штип му подигнале а тој си бил во Скопје и картицата никому не ја давал.... Демек граѓаните да ВНИМАВААТ ?????? .. вклуќив интернет, не можеше пола сат да се отвори веб сајтот на банката... после отворив..
ме чуди по тоа МУКЛА, никаде на интернет НЕМА... а не е пријавено ни во МВР..
Банката ќе ги покрие Трансакциите ?????

еве ЛИНК од денешен, ама мислам на Телма веќе не објавуваат во вестите...
 
Последно уредено:
Комерцијална банка минатата година година април месец имаше хакерски напад од странство.Од сметката на мајка ми имаше 2 резервирани интернет трансакции со вкупна сума од околу 27000 денари и тоа од американски сајтови за накит и часовници кои воопшто не испорачуваат роба за Македонија. Пријавивме за овој случај и после неколку месеци ги вратија парите на сметка.Подоцна преку луѓе дознавме за овој напрад и дека не сме биле само ние оштетените туку имало и други клиенти.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom