Затоа што споменуваш чекање со години, се наметнува заклучокот дека нешто не е како што треба, и дека ваквото чекање може да се изедначи со губење време. Ок, сметаш дека има надеж...Но зарем не помислуваш дека после толку време, надежта е залудна?...Затоа што, без разлика на околностите, доколку и двајцата го чувствувате истото еден за друг, сигурно до сега ќе изнајдевте начин да бидете заедно.
И велиш дека таа личност е причината поради која живееш...Но, тоа било така до сега. Уште утре може неочекувано да се појави некој друг кој ќе стане иста таква причина.
Прексрасно и ретко е тоа што можеш толку време да имаш интензивни чувства кон некој. Али кога нештата не се движат на подобро, не дозволувај истото да те ограничува. Обиди се да го тргнеш "фокусот" од него. Така ќе видиш и други вредни нешта околу себе. И ако бидеш со некој друг, не значи дека целосно ја искучуваш можноста да бидеш некогаш заедно со него. Затоа што ако е љубовта обострана, сама ќе си го најде патот. Кога е само прашање на време. А времето ќе те научи и дека можеби не сте еден за друг.