Портрети- не. Врска немам од портрети. Исто и животни. А толку имам желба барем некоја квази скица да направам и никако не успевам.

Природа (жива) е она што знам да го сликам, акварел, нема утка тука.
Планински пејзажи, плажи, водопади, куќички на планина, сонце, вода, земја, шуми, џунгли... Ма сВе знам, ако е природа.:girlinluv:
Razorblade Kiss напиша:
Па апстрактни работи,најчесто црно-бела обработка,таа највеќе ми лежи некако.
И тука ме бива по малце, а и со туш ако имам мноооогу време, зашто нерви... Немам.

Цртам кај што ми текне, во било која позиција, било кое време, било што. Еден молив или парче графит и лист хартија - секогаш имам.
Не аматер, не лаик... Везе неам, ама ќеиф ми е да цртам. Многу!

И баш затоа многу строго си се оценувам сама себе, ама само како ликовен уметник.

А кога ќе завршам некој цртеж, сум си најгорда и најсреќна на свет, зашто кога станува збор за уметност, сум перфекционист, и штом
јас, сум ставила дата и потпис во долниот десен агол... Значи го бива!:je: