Флертот во врска, добар како игра или не...

  • Креатор на темата Креатор на темата cYb3rc0re
  • Време на започнување Време на започнување
Слобода, да, задолжително. Не само во однос на флертот, туку во секој поглед.
На пример, мене ми е нетолерантно партнерот да ми рече „не смееш“ или „не може“. Си знам јас добро што смеам а што не смеам, мене татко ми не ми кажува дали смеам или не, па дечко ми уште помалце.
Не смееш да искочиш, не смееш да се облечеш така и така, не смееш да пушиш цигари и такви некои наредби што ме засегаат лично мене, а не и него ми се крајно балкански и затуцани и во животот тешко да би била со дечко што ќе биде склон кон ваков тип на доминација.

Да ми кажува како да се однесувам или што да носам ми е исто така банално, а и онака не се облакам провокативно. :icon_lol:

Ако на партнерот не му се допаѓаат некои мои понашања, карактеристики итн., може да ми укаже на тоа, па ако јас одлучам дека погрешно постапувам и решам да се променам во ред, ама ако сметам дека се тие работи океј, ондак партнерот има два избора: да научи да живее со тоа или да ми раскине.
Изборот „не смееш“ кај мене не постои како опција.

Во однос на флертот... Не го сметам за нешто страшно или сериозно до таа мера да би ми побудило љубомора. Флерт може да значи од љубезно смешкање до џои стајл шмекања, така да се додека не премине во обид за физичка спојка, мене не ми пречи.
Пример, дечко ми пред некој ден флерташе со една моја колешка на маса пред мои очи, иако тоа ќе го негира до смрт :icon_lol: Мене ми беше смешно, па дури и симпатично зошто ме потсети на тоа каков беше кога излеговме прв пат, а плус колешката е стварно привлечно девојче и они си се размуабетија, па природно си доаѓа флертот во такви ситуации, не мора да значи дека има некаква стратегија да ја сќари или не знам што.
Едноставно му се допаднала, може мислел на неа уште некој саат после тоа, може дури посакал секс со неа во моментот, ама се` додека јас сум таа со која го дели креветот и срцето, нема да се чувствувам загрозена од колешка ми или да ми пречи неговиот флерт.

На крајот на краиштата и јас флертувам, се случило и пред него (само он веројатно не приметил пошто било суптилно, а плус нели мажите не ги бива за вакви сигнали :) ), не е тоа ништо сериозно, чисто за забава е со некој што ми е симпатичен и пријатен за друштво или било што што го класифицира како личност чија наклонетост сакам да ја придобијам и тоа е тоа.
 
Љубов е единство со некој или нешто надвор од себе под услов да се сочуваат слободата, интегритетот и сопственото јас!!!:pipi:
 
Не е исто да одиш на кафе со другарките, да разговараш со личност од спротивниот пол, да се облекуваш провокативно со тоа да флертуваш со други личности. Не ми е во ред дечкото да ми забележува кога излегувам и со кого, не ми е во ред да се лути затоа што сум разговарала со некој другар и не ми е во ред да ми забележува на тоа колку провокативно сум облечена. Но, ако јас си дозволам да флертувам со други нормално е да ми се лути, па дури и да раскинеме.
Сепак ако ние ја бараме таа слобода во врската, ние треба да сме спремни да дадеме таква слобода и на својот партнер. Има некој што е за толкава слобода?
 
сум за слобода нормално со другарки и другари да искочам да пијам кафе да си направам муабет и со неговите другари кога би биле у друштво а не само да седам како украс за облеката сакам да бидам стокмена како треба посбно за вечерно излегување но да флертувам и провоцирам други машки во негово присуство нема шанси или пак тој да зјапа во некоја 3 сати не доѓа у предвид све си има граница
 
Незнам кој не би сакал слобода во врската. Кој сака да е во буквална смисла врзан за партнерот? Љубовта и вака и онака е присутна.
Мене на пример многу ми пречи ако партнерот ми е љубоморен на секоја ситница, излегување со другарки или другари, создавање идоли од познатите личности или ете кокетирање со други типци, но и да се случува ова треба да се има држење до врската, значи без изневерување. Никому не му штети малку флерт кога самите знаеме дека неможеме да одолееме на некој/а дечко/девојка кој/а не воодушевува со некои особености или изгледот.
Ин ди енд, за мене најдобар вид врска досега била т.н. `врска без обврска` , да немора да има љубоморни испади и расправии, има целосна слобода, но тоа е зависно од 2те страни, да го почитуваат истото и машкото и женското(значи сепак зависи од главните ликови), a и морам да напоменам дека најдолго трае таквиот тип врска :wink:
 
Слободата во врска е задолжителна работа за да имаат време партнерите да оладат едни од други.
Сега, нормално е да бидат заедно, но факт е дека ако се 24/7 заедно, или ако прават муабет нон-стоп, на едниот кога-тогаш ќе му се здосади.
Исто така е во ред, ако женската прави муабет со машки [збориме за другари тука], ако излезат на кафе или некои слични активности, истото може да го направи и машкото.
Имам другари и другарки кои се претерано љубоморни, и само и еден мал поглед од некој/а од спротивниот пол е причина за огромна караница, да не правиме муабет за излагање со некој кој не е нивниот дечко/девојка. :ija:
Океј, нека се облакаат провокативно девојчињата, зошто да не. Секој дечко сака да си има пристојно дотерана девојка покрај него, или не?
Но, да не го користи тоа за да флертува со други машки, затоа што сепак, не е слободна да прави што сака, има некои обврски кон човекот со кој што е во врска.
Мислам дека треба партнерите кои се во врска да имаат слобода, затоа што во спротивно, ни големата so-called „љубов“ нема да ги задржи заедно, барем не долго време. Никој не е доволно глупав да се држи во заробеништво заради партнерот/партнерката.
 
па многу нормално дека мора да има секој слобода во врската иначе ништо
 
Ги молам сите што одговорија „слобода во врска“ да се изјаснат колку долго биле во врска? И без смешни одговори од неколку месеци,мољим вас.
 
па според мене слобода во врска се подразбираат 2 поима....првиот а и за секој нормално е дека сака додека е во врска а и надвор од неа да си испаѓа со другари/другарки на кафе итн итн....а другото шо го подразбирам како "слобода" во врска е тоа да дечкото/девојката прави шо сака и да не се обврзани еден за друг т.е. она да се мува со други и обратно...а тоа е нешто шо го мразам во врска и таква "слобода" во врска несакам
 
????? Да излезе на кафе со другарките е „слобода“????? Јас мислев дека е просто излегување на кафе со другарките...

Па нема да ѝ ставам лисици... Зарем можам да ја контролирам додека е на работа, а и јас сум на работа? Па кој знае што прави со сите машки колеги на работа... можеби се пердаши со сите нив во секој момент, а потоа доаѓа кај мене, спремна и целосно посветена на мене... Имам ли начин да го проверам тоа, без да ја отечам со љубоморности и да си го изгубам целото време во нервози и сомнежи?

Ако меѓу двата партнери и ма искрена љубов и доверба, целиот концепт на „лобода“ паѓа во вода. Ако јас сум сигурен дека ја сакам неа и таа мене, нема што да се замарам со тоа каде оди, со кого оди, што прави итн, бидеќи знам дека на крајот таа е со мене и ќе остане таква.

Нормално, ако некаде застранува работата, треба да се реагира. Најголеми застранувања се ако почне да се мува со други, да спие со други... Во тој случај постои реална опасност да не заврши со мене и тоа е веќе причина за загриженост. Механизми за справување се безброј: веднаш раскинување, разговори, консултирање со други луѓе...



Како и да е, сметам дека не треба да се мери кој колку слобода кому му дава, туку кој колку кого сака. Ако љубовта е искрена, длабока и чиста, слободата си доаѓа сама по себе.
 
Фино изгледа ова со излегувањево со другарки или провокативна облека,АМА флерт и кокетирање ,ха!?
Не флертувам со некоја која не сакам да ја е..м,а сигурно и никој друг.
Гледам некој спомнал самоконтрола,а јас ке ги спомнам неизбежните моменти на слабост.
 
Не сум сигурен дали има ваква тема, доколку има молам да се среди работава :)

Значи вака,

Имате врска, со партнерот се разбирате, знаете кои се вашите барања, знаете и двајцата што точно сакате и што сакате да правите. Иако се ви оди како што треба, сепак еден од Вас, во оваа тема нека биде Вашиот партнер, во секој поглед го разбирате, знаете дека и тој истото го прави тоа, Ви се посветува целосно, но само мал еден дел заостанува.

Тоа е слободата, во овие времиња се почесто може да се слушне тоа, сакам да бидам слободен/а. Во смисол, флертување со други, кокетирањето, облеката секогаш е провокативна и кога е со Вас и кога не е во ваше присуство, муабети со други личности ( од спротивниот пол на Вашиот партнер) пред вас, па дури некад и на кафе да излезат.

Јас сум слободен, и така сакам да останам и во врска( бидејќи тоа сум јас).

Прашањето ми е, како се справувате Вие со тоа, дали му дозволувате на партнерот да се однесува така иако на крајот ќе Ви каже што бил муабетот, што била работата, дали му верувате во зборовите дека сепак нели сте прифатиле да биде слободен. Дали понекогаш Ви е непријатна таа негова слобода на Вашиот партнер?


Како почетник на темава би кажал и свое мислење.

Јас сум слободен, сакам и таа да биде слободна, сакам да флертувам, сакам да провоцирам, иако сум во врска, зашто тогаш не би можела и мојата партнерка? Сакам да ја гледам каква облека носи, нека биде и провокативна, не би и го скратил задоволството, нека флертува, нека си ужива нека прави муабети( најобични муабети) со дурги машки и пред мене, не сум љубоморен, сепак не станува збор за љубомора туку за Слободата.
Само под еден услов, нека прави што прави, само да нема физички контакт со некое друго машко додека е во врска со мене.

I wanna be free!


значи не се согласувам... тоа е :)

има две варијанти

кога искрено си заљубен, од толку шо си заљубен све ке му дозволеш, ама и другата толку си заљубен шо неќеш никој друг да го осете тоа шо го делеш ти со него, тоест љубомората...
у една врска ако нема ни малку љубомора, тука нешто не е у ред, поточно, нормално е да се има доза на љубомора, значи некој за нешто се залага
е сеа.
ја да имам дечко, еве на пример сега јас сум заљубена, да тргнам со него он може слободно да си шета со другари да иде на кафе да излева со своето друштво и неговите другарки, ама на пр иииич неќам да оде на кафе со други женски, освен ако не е некоја шо му е стварно другарка, така еден бивш ми направи и ми беше ногу гадно..... да ми дојдат други типки да ми викат “дечкото ти е на кафе со таа и таа“ ....
ок нека е на кафе ама прво да ми каже, за на таквите типки ја да можам да им одговорм “ако де, знам, шо се вие замарате“, а не да подзинам и да се чудам кај ми е дечкото и која е сеа таа.

Се убаво и другарки ама да знам. А флерто и кокетирањето го одобрувам само после кавга :D =] ... мада мене тие игрички ме плашат, оти ногу кучки знаат да го искористат, башка ако е некој дечко како вај, шо му се лепат како пчели на мед, ќе се питам дали ќе ми е сеедно со која флертува и зашо? флертува и кокетира :) ... не не не, неќам такви “игрички“ . тоа е искушение

секако тука е прашањето на доверба и взаемни чуства... ако ме сака нема нишо да прае нели, само ќе си игра :) ... ама ја никад не сум сигурна...

така да.... генерално кажано, нека си има слобода со друштвото, а све шо е вон друштвото му... њњееет

а од моја страна, јас си се дружам со другарки имам и другари наравно аама јас не флертувам и кокетирам... пошо они флертуват со мене =] ... а јас фино ги откачувам ... а на кафе ако сакам да идам со некој... хммм шознам треба да ми е ноооооооогу другар за да идам на кафе сама со него.
а бе ја ко си фанам дечко емотивно и ментално си се посветувам на него, за физички не збореме. очекувам и од негова страна така, но секако дека има место за слобода.... повелеле врати отворени, ама со акл ... :)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom