Флертот во врска, добар како игра или не...

  • Креатор на темата Креатор на темата cYb3rc0re
  • Време на започнување Време на започнување
Слобода во врска? Прифатливо ли е тоа за Вас?

Не сум сигурен дали има ваква тема, доколку има молам да се среди работава :)

Значи вака,

Имате врска, со партнерот се разбирате, знаете кои се вашите барања, знаете и двајцата што точно сакате и што сакате да правите. Иако се ви оди како што треба, сепак еден од Вас, во оваа тема нека биде Вашиот партнер, во секој поглед го разбирате, знаете дека и тој истото го прави тоа, Ви се посветува целосно, но само мал еден дел заостанува.

Тоа е слободата, во овие времиња се почесто може да се слушне тоа, сакам да бидам слободен/а. Во смисол, флертување со други, кокетирањето, облеката секогаш е провокативна и кога е со Вас и кога не е во ваше присуство, муабети со други личности ( од спротивниот пол на Вашиот партнер) пред вас, па дури некад и на кафе да излезат.

Јас сум слободен, и така сакам да останам и во врска( бидејќи тоа сум јас).

Прашањето ми е, како се справувате Вие со тоа, дали му дозволувате на партнерот да се однесува така иако на крајот ќе Ви каже што бил муабетот, што била работата, дали му верувате во зборовите дека сепак нели сте прифатиле да биде слободен. Дали понекогаш Ви е непријатна таа негова слобода на Вашиот партнер?


Како почетник на темава би кажал и свое мислење.

Јас сум слободен, сакам и таа да биде слободна, сакам да флертувам, сакам да провоцирам, иако сум во врска, зашто тогаш не би можела и мојата партнерка? Сакам да ја гледам каква облека носи, нека биде и провокативна, не би и го скратил задоволството, нека флертува, нека си ужива нека прави муабети( најобични муабети) со дурги машки и пред мене, не сум љубоморен, сепак не станува збор за љубомора туку за Слободата.
Само под еден услов, нека прави што прави, само да нема физички контакт со некое друго машко додека е во врска со мене.

I wanna be free!
 
Bravo za vakvi maski kako tebe Skaj Dog, alal da ti e. Normalno deka e prifatliva slobodata vo vrskata, duri e i pozelna i preporacliva ne da e samo prifatliva.
Sakam sloboda vo vrskata i mu davam sloboda na partnerot. Neka pravi muabet so drugi, neka izleguva na kafe, neka flertuva, ama se sto mu e kef dozvoleno mu e. A i na mene mi e, e razbira. Nitu e on ljubomoren, nitu jas, sekoj si gi znae granicite do kade moze da odi. Sega ne sloboda vo smisla da odi da spie so sekoja sto ke mu se dopadne, ama si znae deka ne e vrzan za mene i kontroliran na sekoj mozen nacin. Imame doverba eden vo drug i toa e najvazno.
Sum za vakva vrska, vo koja nikoj ne e cuvstvuva ogranicen i obvrzan, deka ako si so nekoj, uskratena ti e moznosta da bides sloboden.
 
По природа сум либерте човек, и знам како е кога некој ке се потруди да ми ја скрати или креира слободата, но во врска е друго, тапа ми е досадно ми е со оние клише изрази, не смееш да имаш друштво, да им се јавуваш, нема искачања со другарки, па кој ти се јави, значи ти на партнерот / партнерката му правиш преголема контрола, = се гуши врската така,
Што се однесува до мене, да партнерката моја ќе ја има и ужива својата слобода во нашата врска, и криво ми е да и го ускратувам тоа право, што сака и како сака нека прави, јас ако и верувам нема потреба од контроли и сл. нормално е дека може да излезе и без мене, и да си пројде еден убав ден или убаво искачање , ама да и забранувам нешто, да и ускратувам нечие задоволство - Тоа НИКОГАШ, не ја поседувам па да ја контролирам и манипулирам.
Значи Да ! сум за слобода во врската, разбирање и договор:pipi: се бидува така
 
Скај Дог опишал како треба да изгледа нормална врска меѓу две зрели, формирани и неисфрустрирани личности, и јас се согласувам со тоа.Никогаш, по никоја цена не би се откажала од личната слобода и од тоа јас да бидам јас, а не сурогат на нечија идеја за совршена:toe:
 
Скај, се сложувам со тебе. Се знае дека секој си сака слобода, да излезе, да се нашали, да се виде со другари другарки и тн. Сепак би додал дека тоа ти што го нарекуваш
Во смисол, флертување со други, кокетирањето, облеката секогаш е провокативна и кога е со Вас и кога не е во ваше присуство, муабети со други личности ( од спротивниот пол на Вашиот партнер) пред вас, па дури некад и на кафе да излезат.
треба да си има одредена граница на пристојност која нема да се премине.

Инаку, почнуваат сомнежите и недовербата, така да толку од либералната врска, welcome Садам Хусеин. Те каде си, те со кого си, те вака те така, додека на еден не му здодее и стави крај.
 
Можеби не сум толку либерална колку што сум мислела ... :pos:
Сум за слобода во врската, го сакам повеќе од се на светов, но тоа не значи дека нема да излезам на кафе со пријатели и дури нека биде за забава да „флертувам“, но за прв пат во врска, научив да не ги минам границите на зезањето.

Кога си со некој, со него си, кафето нема да промени ништо, а провокативната облека ако ти е дел од имиџот, во таа личност се заљубил, но кога некој е побитен од се на светот, сите останати се на маргините и едноставно не е возможно да им се посвети повеќе внимание или да ја има желбата за тоа.

Се зависи до степенот на емоции и доверба, како што јас нема да имам проблем да седне на маса на некоја што сака нешто повеќе со него и како што тој има доверба да ме остави мене сама да заминам за Скопје, така емоциите остануваат без да бидат изгребани од невнимателноста.

Слобода да, но до одреден степен!
 
Сум за слобода во врска од едноставни причини: што тоа не е брак
Добро сега појќето знаат со таа слобода да забегаат малку отпоќе шо за мене е неприфатливо. Да, кога одам негде и кога ќе видам некој убав не се воздржувам,а да не речам колку е убав, ама за флерт и такви работи додека сум во врска и ако го сакам не ни помислувам.
А за (не )слобода во смисла да те контролира дали си излегла со другарките, кај ојш и шо прајш то веќе е помешано со довербата...
 
Јас па не сакам до олку слободен да ми биде партнерот,ни пак јас сум до олку слободна.Се знае што можеш да правиш кога си слободен а што кога си во врска.

Тоа е слободата, во овие времиња се почесто може да се слушне тоа, сакам да бидам слободен/а. Во смисол, флертување со други, кокетирањето, облеката секогаш е провокативна и кога е со Вас и кога не е во ваше присуство, муабети со други личности ( од спротивниот пол на Вашиот партнер) пред вас, па дури некад и на кафе да излезат.
За другото мање више,на другарска база кафиња уопште не ми сметаат,со други нормално дека ќе муабетам/муабети и пред мене и пред други,ама флертување и кокетирање со други?
Од почит кон партнерот најпрво не би сакала да флертувам со други,колку и да вели дека не му смета нормално е дека му смета,во спротивно ќе се запрашам што барам јас у таа врска.
И јас сакам слобода и се тоа,ама се знае каде се границите,не може да биде исто кога сум слободна и кога не сум,сакам партнерот да биде сконцентриран на мене и јас на него,зошто инаку воопшто би се зафатила со некој ако правам се што правам кога сум сингл.
Не дека јас можам да забранам нешто некому,ама не би сакала да се најдам или да продолжам со ваква “слободна“ врска во која на партнерот очигледно не му значам до толку,чим му се присакало слобода од мене.
 
Мојата дефиниција за нормална и здрава врска би била - сојуз меѓу двајца, единство кое опстанува само и само под услов партнерите да ја чувствуваат и почитуваат потребата од независност и слобода на другиот. Значи под слобода во исто време не подразбирам и недостиг на самоконтрола, ниту пак недостаток на почит и разбирање кон оној кој во врската се поставува во улога на доследен почитувач на вашите права.
Значи провокативното облекување, дружење и излегување насамо со личности од спротивен пол без потреба од пардон или бедни оправдувања како резултат на тортурирачки контроли, отсуство на банални проверки на мобилни телефони, невини флертови се додека остануваат на тоа, се дел од сето она што ја сочинува слободата која не само што е прифатлива, туку и потребна за двајцата да почувствуваат дека врската им се базира на солидна основа и дека не постои опасност предвреме да се загушат себеси со поставување на бесмислени услови инспирирани од благодетите на младомонашкиот живот.
 
Слобода има онолку колку што ќе побара. Ако знае да ја искористи паметно и ако мотивот за да биде слободен нема други намери и позадини, тогаш нек ужива слободен кога сака и со кого сака.
Инаку, околу флертувањето нема човек кој и покрај сто годишна врска и покрај брак не флертува со другите. Некогаш како причина може да биде остварување на некоја цел, понекогаш затоа што ти е симпатично лице кое го гледаш пред себе, понекогаш енергиите ќе се препознаат... Доколку флертот остане на чист флерт и нема последици или повторувања, дотогаш е се` ок.

Околу облеката... доволно е само да не е гол во умот. Се` друго е прифатливо. :)
 
флертот е исто како и храната хахаха ,се зависи од менито
 
Абе не ми смета да флертуе да има слобода и се, ама да се знае до кај да се иде! Да не претеруе! И да не претеруе со провокативна облека :) Ако се има доверба ни ова нема да е проблем :)
 
Во зависност од потребата...Доколку двајцата партнери се знаат меѓу себе доволно добро, не соммевајќи се во своите интереси, и доколку сакаат динамична врска ок е флерт на страна. Но доколку едниот партнер не го сака тоа, тогаш е мн нормално врската да си остане интимна, и да нема шарање по други:toe:
 
Има слобода и слобода. Едно се облеката и излегувањата со другари и другарки, а друго се флертовите, кокетирањата и провоцирањата.
Јас никогаш не сум дозволила некој да ми каже како да се облечам или па јас некому да му го кажам тоа (иако машко баш и не знам како може да се ограничи во тоа). Исто, не дозволувам некој да ми каже кога, каде и со кого можам, а кога, каде и со кого не можам или не смеам да одам. Но, имам контрола и сум претпазлива кога сум со некого. Не би сакала да го провоцирам со чести излегувања со другари или другарки со кои би се пијанчела по дискотеки или па пред него (а и зад него) да флертувам со други. И тоа всушност не е затоа што ми е страв од партнерот туку затоа што кога сум со некого сакам секогаш кога може да е со мене. Не ми смета да е каде што сум јас, затоа што немам задни намери, ако го сакам секако.
Со партнери кои тоа истото го немаат, не можам да функционирам. Не јас да му кажувам што да прави (тоа е толку грдо!), туку сам да сака да е со мене и да не чувствува потреба за флерт со други или чести излегувања без мене, без оглед со кој друг би бил. Ако не сака, сигурно дека ќе е повеќе со сите отколку со мене, па тогаш ај што нема да се симнам на ниво да му пререкувам, туку и ќе го оставам да си го тера тој живот. Нема потреба од измачувања и тортури.
Значи, слобода да, ама не може да е иста како таа кога сме слободни т.е. кога не сме во врска со некого.

п.с. Скај, како тоа се` е дозволено само додека нема физички контакт? Во ред е твојата девојка да флертува со некого, да го провоцира како стигне, само додека не му се пикне во гаќи? Зарем флертот не е појава на кокетирање со некој кој ни се допаѓа? Ако е така, не е доволно лош сам по себе? :toe:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom