Толкување цитати од било која духовна книга

  • Креатор на темата Креатор на темата alf
  • Време на започнување Време на започнување
Кога ќе направите од двете едно,
кога ќе направите
внатрешното да е како надворешното и надворешното како внатрешното,
горното како долното и кога ќе биде машкото и женското едно, така што машкото нема да е машко, ниту пак женското да е женско,
кога двете очи ќе гледаат едно и двете раце ќе бидат како една,
двете нозе како една, сликата на едно место да биде самата слика,
тогаш ќе влезете во царството.

Евангелие по Тома

Значење.
Овде не се зборува во телесна смисла т.с. маж и жена да се како едно. :)

Зборува во духовна смисла за смртта , смртта на внатрешното во човек "јас".
Сепак, некој од апостолите поради тешкиот пат кој треба да се изоди за да се доживее таа состојба, тоа го практикуваат со спој на машко и женско во еден "лик", правејќи лажна слика на духовното.Но, тие не влегуваат во царството.
 
Погледнете го и ова „толкување“, за истата книга :)

"Мноштвото се менува и поминува; едното останува.
Исто како што дрвото и јагленот и железото согоруваат во еден голем оган,
само ако таа печка има натприродна топлина;
така и во алембикот на оваа духовна алхемија,
ако само зелаторот доволно дува врз оваа печка
сите системи на земјата се проголтани во Едното Знаење.

Сепак, како што огнот не може да биде запален само со железо,
на почетокот еден систем може да биде погоден за еден трагач, друг за друг."
- Liber Portra Lucis svb figura X

На почетокот кога се влегува во „кругот“, секој правец на движење е „правилен“. Секој систем е погоден, секоја книга е „вистинската“, секоја „иницијација“ е конечна. Затоа Телема како философија на живеење и напредување меѓу мноштвото, не бара укинување на ниту едно учење, верување или обожување! Нормално, се додека тоа не предизвикува проблеми со туѓата волја. А и ако предизвикува, универзумот ги решава тие нешта многу ефикасно, не чека смрт, туку како што вели науката: на секоја акција следи реакција, така да ефектите од лошото дејствување не доаѓаат „отпосле“, туку доаѓаат веднаш.
Како што вели и Вивекананда за карма јога:

"the action one has done cannot be destroyed until it has borne its fruit; no power in nature can stop it from yielding its results."

Само со истрајност, со усовршување на проби и грешки, аспирантот по патеката успева да го „изоди“ кругот (to Go, една од моќите на Сфингата)и да ја препознае точката каде што го прекинал кругот кога прв пат стапнал на таа патека и од истиот тој круг, по своја волја од него да направи пентаграм, ново учење, па дури и нов универзум!
Бидејќи по патот по кој што „чекорел“ не се забележува дека се околу него се движи, а само тој мирува бидјеќи

„Јас сум Магичарот и Егзорцистот. Јас сум оска на тркалото, и коцка во кругот.
“Дојдете кон мене” е будалест израз: зашто јас сум тој што оди!“
- Liber AL, II:7

Коментарот за овој цитат може да го најдете тука.
Дел од него гласи:
Hadit is both the Maker of Illusion and its destroyer. For though His interplay with Nuit results in the production of the Finite, yet His withdrawing into Himself is the destruction thereof.

Исто:
Hadit is Motion, that is, Change or 'Love.' The symbol of Godhead in Egypt was the Ankh, which is a sandal-strap, implying the Power to Go; and it suggests the Rosy Cross, the Fulfilment of Love, by its shape.
But note that the Mover is himself not moved.

Исто знаеме дека:

„ Грубиот мора да помине низ оган; финиот нека биде проверен умствено, а возвишените избраници во највисокото.
Така имате ѕвезда и ѕвезда, систем и систем; нека едното не го познава добро другото!“
- Liber AL, I:50

Тешко за совладување, ама ако себе си не можеме да се совладаме, како ќе го совладаме светот? :)

И ако стигнавте до тука, премногу е и ова што е кажано. :)
 
Тешко за совладување, ама ако себе си не можеме да се совладаме, како ќе го совладаме светот? :)

И ако стигнавте до тука, премногу е и ова што е кажано. :)

А зошто би сакале да го совладаме светот?
Малку безвезно толкување.
 
А зошто би сакале да го совладаме светот?
Малку безвезно толкување.
Зошто би се истражувала и совладувала себе си? :)
Или подобро прашање: имаш ли воопшто потреба да се истражуваш и совладуваш себе си?

Инаку да, без веза е толкувањето.
 
Зошто би се истражувала и совладувала себе си? :)
Или подобро прашање: имаш ли воопшто потреба да се истражуваш и совладуваш себе си?

Инаку да, без веза е толкувањето.
А ти???
 
Зошто би се истражувала и совладувала себе си? :)
Или подобро прашање: имаш ли воопшто потреба да се истражуваш и совладуваш себе си?

Инаку да, без веза е толкувањето.
...да истражуваме и совладуваме,или да спознаваме и усовршуваме?
 
...да истражуваме и совладуваме,или да спознаваме и усовршуваме?
Нема или... сето тоа се повратни врски, постојана форма на јама и нијама, најфизичкиот дел од „работата“ и од која се зависи ... :)

↱ Истражување → Спознавање → Совладување →Усовршување ↴

⇠ - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - -- - - - - - - - ↵

П.С. Не знам колку е јасно од сликава ( I've tried my best :) (и секој чекор оди наназад, анализа))
 
Нема или... сето тоа се повратни врски, постојана форма на јама и нијама, најфизичкиот дел од „работата“ и од која се зависи ... :)

↱ Истражување → Спознавање → Совладување →Усовршување ↴

⇠ - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - -- - - - - - - - ↵

П.С. Не знам колку е јасно од сликава ( I've tried my best :) (и секој чекор оди наназад, анализа))
Jama i nijama, jas nikako da dojdam do sovladuvanje i usovrsuvanje....ocigledno i ne se ni trudam mnogu....I to je to:toe:
 
Jama i nijama, jas nikako da dojdam do sovladuvanje i usovrsuvanje....ocigledno i ne se ni trudam mnogu....I to je to:toe:
Сега ми влета ова во очи... со тоа што си напишала дека знаеш дека не се трудиш многу, пола равенка е решена. Следно според ова толкување, треба да дејствуваш и да најдеш начин да промениш.
И потоа пак да провериш до каде си... понекогаш дејствуваме несвесно во вистинска насока. :coffee:
 
Во грчката религија втората задача на Херакле е убивањето на Хидрата која има многу глави. Ако една глава пресечеш нови растат на нејзиното место. Херакле се мачи со сечење на главите кои постојано растат се додека не ја пресекува главната глава која и ја дава бесмртноста на хидрата. Тоа го прави со златниот меч што го добил од Атена.

Толкување
Хидрата се нашите проблеми, колку и да се обидуваме да ги тргнеме тие растат повторно одново и одново. Проблемот доаѓа постојано во нова форма. Херакле сме ние, јунакт во нас кои се бори со проблемите се додека не го најдеме коренот на проблемот (главната глава) за да го решиме, сосечеме од корен.
 
Во трета книга Ездра 4
Ездра бара одговори како би го разбрал бог и тоа што се случува на земјата.Добива интересен прашалник од три делови од кој само еден треба да одговори како би добил одговор, иде вака...
<„Појди и иземри ја тежината на огнот или измери го дувањето на ветерот или врати ми го денот што веќе изминал.»»

Значење.
Колку ти тежат емоциите, колку ти е брза мислата и врати го перидот кога си бил дете.

Во продолжување на текстот индиректно спомнува на што се мисли со прашањата.....

Ти не можеш да го познаеш ни она што е твое и што било со тебе уште од твојата младост, 11. како тогаш твојот сад би можел да го смести во себеси патот на Севишниот и во овој видлив расипан свет – да ја разбере расипаноста, која е видлива само за мене?»»


Колку знае човек за себеси, за да може да го разбере божјото!?
 
Исус збореше во параболи опишувајќи го царството небесно.
Една од параболите е:

Царството небесно прилега на квас, што го зема жена и го клава во три мери брашно, дури не скисне сето.

Значењето е ..
Човек е квасот,брашното е времето поделено во три мери (минатото,сегашноста и иднината)
Ако ја победите или вкусите смртта времето повеќе не постои т.с. минатото,сегашноста и иднината се соединуваат во едно, така ќе скисне сето брашно/време.

Жена го раѓа човека во време,три времиња,но некомплетното доживување кое му недостасува на човека е да се сети на смртта и ја вкуси.


Одлична парабола за царството небесно!

п.с. смртта се однесува на внатрешното "јас" кое го живее човек, а не за телесна смрт.
А "јас" е во сегашноста, минатото му е сеќавање,а иднината непозната.
 
Откровение 4

7. првото животно прилегаше на лав, второто – на теле, третото животно имаше лице како на човек, а четвртото личеше на орел во лет.
8. И четирите животни имаа по шест крилја околу себе, а одвантре беа полни со очи, и без прекин дење и ноќе воскликнуваа: ”Свет, свет, свет е Господ Бог Седржителот, Кој беше, Кој е и Кој ќе дојде!”

Језекил 1
10. Обликот на лицето нивно им беше како лице човечкио и лице лавовско од десната страна кај сите четири; а, пак, од левата страна – лице телешко при сите четири, и лице орловско кај сите четири животни.

Идентично видение за четири животни или некој од некого препишал.
Толкување и нивно значење е ништо друго освен човек.

Се користат метафори за одредени периодо од животот на човек.

Првиот период или главата на лав е кога човек е бебе.Користат лав поради плачот на бебето кој предизвикува немир во срцата на родителите.

Вториот период или глава на теле, кога човекот е дете кој го водат држејќи го за рака како теленце.

Третиот период или глава на човек,кога човек е во пубертет - адолесцент.

И четвртиот период или глава на орел, созреана личност преставена како граблива птица која граба да спечали и заработи за живот.

Многу интересно го преставуваат човековото постоење со битните промени во животот и за нив одредиле метафорични лица од животинскиот свет.

Језекил опишува и кругови полни со очи за кој вели дека душата на животните е во нив.Зборува за времето, поделено на четирите годишни времиња само што ги опишува во метафора.
 

Kajgana Shop

Постови на неделата

Недела од 12 јули 2025

Политички случувања во Македонија - Генерална дискусија
Многу изгубија Вмро, Мицковски и Тошковски со ова. 30 години политички партии, еден не се најде да им каже дека не можат да идат со глава во ѕид, и дека не идат лично против Арсовска, туку против функцијата градоначалник на Град Скопје. Толкави...
Фан Клуб: Вардар
убаво е да се знае, не сите комити го делат ставот на “комити“
не може мене никој да ми наметнуваат како да размислувам.

иститие тие пред неколку години во ерата на најуспешните години на вардар бараа вардар да се повардарел. се повардари, си...
Политички случувања во Македонија - Генерална дискусија
тошковски постапува по судски налози. Конкретно за ова кај судот треба да ја бараш кривицата. Судот моментално не е под влада него ете е независен. ВМРО не смени ниеден судија кога дојде него тие што беа за време на СДС.

Аха, значи ако некој...
Back
На врв Bottom