Толкување цитати од било која духовна книга

alf

Член од
28 јануари 2010
Мислења
1.595
Поени од реакции
1.138
Кога ќе направите од двете едно,
кога ќе направите
внатрешното да е како надворешното и надворешното како внатрешното,
горното како долното и кога ќе биде машкото и женското едно, така што машкото нема да е машко, ниту пак женското да е женско,
кога двете очи ќе гледаат едно и двете раце ќе бидат како една,
двете нозе како една, сликата на едно место да биде самата слика,
тогаш ќе влезете во царството.

Евангелие по Тома

Значење.
Овде не се зборува во телесна смисла т.с. маж и жена да се како едно. :)

Зборува во духовна смисла за смртта , смртта на внатрешното во човек "јас".
Сепак, некој од апостолите поради тешкиот пат кој треба да се изоди за да се доживее таа состојба, тоа го практикуваат со спој на машко и женско во еден "лик", правејќи лажна слика на духовното.Но, тие не влегуваат во царството.
 

Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.201
Поени од реакции
12.194
Погледнете го и ова „толкување“, за истата книга :)

"Мноштвото се менува и поминува; едното останува.
Исто како што дрвото и јагленот и железото согоруваат во еден голем оган,
само ако таа печка има натприродна топлина;
така и во алембикот на оваа духовна алхемија,
ако само зелаторот доволно дува врз оваа печка
сите системи на земјата се проголтани во Едното Знаење.

Сепак, како што огнот не може да биде запален само со железо,
на почетокот еден систем може да биде погоден за еден трагач, друг за друг."
- Liber Portra Lucis svb figura X

На почетокот кога се влегува во „кругот“, секој правец на движење е „правилен“. Секој систем е погоден, секоја книга е „вистинската“, секоја „иницијација“ е конечна. Затоа Телема како философија на живеење и напредување меѓу мноштвото, не бара укинување на ниту едно учење, верување или обожување! Нормално, се додека тоа не предизвикува проблеми со туѓата волја. А и ако предизвикува, универзумот ги решава тие нешта многу ефикасно, не чека смрт, туку како што вели науката: на секоја акција следи реакција, така да ефектите од лошото дејствување не доаѓаат „отпосле“, туку доаѓаат веднаш.
Како што вели и Вивекананда за карма јога:

"the action one has done cannot be destroyed until it has borne its fruit; no power in nature can stop it from yielding its results."

Само со истрајност, со усовршување на проби и грешки, аспирантот по патеката успева да го „изоди“ кругот (to Go, една од моќите на Сфингата)и да ја препознае точката каде што го прекинал кругот кога прв пат стапнал на таа патека и од истиот тој круг, по своја волја од него да направи пентаграм, ново учење, па дури и нов универзум!
Бидејќи по патот по кој што „чекорел“ не се забележува дека се околу него се движи, а само тој мирува бидјеќи

„Јас сум Магичарот и Егзорцистот. Јас сум оска на тркалото, и коцка во кругот.
“Дојдете кон мене” е будалест израз: зашто јас сум тој што оди!“
- Liber AL, II:7

Коментарот за овој цитат може да го најдете тука.
Дел од него гласи:
Hadit is both the Maker of Illusion and its destroyer. For though His interplay with Nuit results in the production of the Finite, yet His withdrawing into Himself is the destruction thereof.

Исто:
Hadit is Motion, that is, Change or 'Love.' The symbol of Godhead in Egypt was the Ankh, which is a sandal-strap, implying the Power to Go; and it suggests the Rosy Cross, the Fulfilment of Love, by its shape.
But note that the Mover is himself not moved.

Исто знаеме дека:

„ Грубиот мора да помине низ оган; финиот нека биде проверен умствено, а возвишените избраници во највисокото.
Така имате ѕвезда и ѕвезда, систем и систем; нека едното не го познава добро другото!“
- Liber AL, I:50

Тешко за совладување, ама ако себе си не можеме да се совладаме, како ќе го совладаме светот? :)

И ако стигнавте до тука, премногу е и ова што е кажано. :)
 
Член од
3 мај 2019
Мислења
19.265
Поени од реакции
10.169
Тешко за совладување, ама ако себе си не можеме да се совладаме, како ќе го совладаме светот? :)

И ако стигнавте до тука, премногу е и ова што е кажано. :)
А зошто би сакале да го совладаме светот?
Малку безвезно толкување.
 

Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.201
Поени од реакции
12.194
А зошто би сакале да го совладаме светот?
Малку безвезно толкување.
Зошто би се истражувала и совладувала себе си? :)
Или подобро прашање: имаш ли воопшто потреба да се истражуваш и совладуваш себе си?

Инаку да, без веза е толкувањето.
 
Член од
3 мај 2019
Мислења
19.265
Поени од реакции
10.169
Зошто би се истражувала и совладувала себе си? :)
Или подобро прашање: имаш ли воопшто потреба да се истражуваш и совладуваш себе си?

Инаку да, без веза е толкувањето.
А ти???
 

Joshua_Tree

Samo na minuvanje...
Член од
21 март 2010
Мислења
1.403
Поени од реакции
4.777
Зошто би се истражувала и совладувала себе си? :)
Или подобро прашање: имаш ли воопшто потреба да се истражуваш и совладуваш себе си?

Инаку да, без веза е толкувањето.
...да истражуваме и совладуваме,или да спознаваме и усовршуваме?
 

Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.201
Поени од реакции
12.194
...да истражуваме и совладуваме,или да спознаваме и усовршуваме?
Нема или... сето тоа се повратни врски, постојана форма на јама и нијама, најфизичкиот дел од „работата“ и од која се зависи ... :)

↱ Истражување → Спознавање → Совладување →Усовршување ↴

⇠ - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - -- - - - - - - - ↵

П.С. Не знам колку е јасно од сликава ( I've tried my best :) (и секој чекор оди наназад, анализа))
 
Член од
3 мај 2019
Мислења
19.265
Поени од реакции
10.169
Нема или... сето тоа се повратни врски, постојана форма на јама и нијама, најфизичкиот дел од „работата“ и од која се зависи ... :)

↱ Истражување → Спознавање → Совладување →Усовршување ↴

⇠ - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - -- - - - - - - - ↵

П.С. Не знам колку е јасно од сликава ( I've tried my best :) (и секој чекор оди наназад, анализа))
Jama i nijama, jas nikako da dojdam do sovladuvanje i usovrsuvanje....ocigledno i ne se ni trudam mnogu....I to je to:toe:
 

Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.201
Поени од реакции
12.194
Jama i nijama, jas nikako da dojdam do sovladuvanje i usovrsuvanje....ocigledno i ne se ni trudam mnogu....I to je to:toe:
Сега ми влета ова во очи... со тоа што си напишала дека знаеш дека не се трудиш многу, пола равенка е решена. Следно според ова толкување, треба да дејствуваш и да најдеш начин да промениш.
И потоа пак да провериш до каде си... понекогаш дејствуваме несвесно во вистинска насока. :coffee:
 
Член од
21 јуни 2021
Мислења
1.404
Поени од реакции
3.839
Во грчката религија втората задача на Херакле е убивањето на Хидрата која има многу глави. Ако една глава пресечеш нови растат на нејзиното место. Херакле се мачи со сечење на главите кои постојано растат се додека не ја пресекува главната глава која и ја дава бесмртноста на хидрата. Тоа го прави со златниот меч што го добил од Атена.

Толкување
Хидрата се нашите проблеми, колку и да се обидуваме да ги тргнеме тие растат повторно одново и одново. Проблемот доаѓа постојано во нова форма. Херакле сме ние, јунакт во нас кои се бори со проблемите се додека не го најдеме коренот на проблемот (главната глава) за да го решиме, сосечеме од корен.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom