уште нешто...
чувар на срцето
природните антиоксидантни својства на зелениот чај го штитат организмот од болести на срцето,бидејки ги намалуваат ризичните фактори како висок холестерол,зголемени триглицериди и зголемен крвен притисок.нивото на холестерол во крвта се намалува правопропорционално на внесената количина зелен чај.
заштита од рак
истражувањата на јапонското министерство за здравство покажаа значително намален број на смртни случаи од рак,особено на рак на желудник ,во оние делови на земјата во кои зелениот чај прекумерно се пие. во објавените истражувања се наогаат податоци дека со пиење на 5-7 шољи зелен чај дневно се намалуваат метастазите кај дел од пациентите.
здрави заби
зелениот чај е богат со флуор.редовното внесување на флуор ги штити забите од кариес. само 1 шоља зелен чај содржи 0,3-0,5мг флуор.
против целулит
зелениот чај помага и против целулит бидејки ја ограничува апсорпцијата на маснотиите и ја поттикнува површинската циркулација.исто така го помага и слабеењето.
тромбоза
ја спречува аглутинацијата на крвните плочки-тромбоцити,со што се намалува ризикот од појава на тромбоза.
дијабетис
зелениот чај делува инхибиторно и на зголемување на шекерот во крвта.
богат е со флавоноиди или полифеноли,кои имаат силно антиоксидантно дејство.полифенолите ги неутрализираат слободните радикали кои се причинители за оштетување на клетките(причина за разни болести) и за забрзаниот процес на стареење на организмот.