Зелениoт чаj - извор на убавина и долг живот

  • Креатор на темата Креатор на темата TWEETY***
  • Време на започнување Време на започнување
Zeleniot caj vi e gaden na vkus bidejki ne go prigotvuvate soodvetno. Imeno, za negoviot vkus da ne bide gorcliv, temperaturata na vodata treba da bide 80- setina stepeni a ne da bide zovriena, a ekstraktot od zelen caj da ne se drzi podolgo od 4 minuti vo vodata.
 
Знам дека е ептен здрав зелениот чај,многу имам читано за него,ама одвратен е.Па без шеќер,отров за глувци:)....се имам неколку пати напиено,дур го испив...е сега ме потсети ќе одам да си купам зелен чај,ко е здрав мора да се пие.
 
Јас го пиев и се уште го пијам и од искуство знам дека помага многу во концентрација,а добро влијае и на циркулацијата,за слабеење не знам дали е добар зошто јас периодот кога го пиев малку се подздебелив а тоа и сакав да го постигнав.А сега баш ме потсети и ќе одам да си направам.:pipi:А заборавив да кажам и кинезите баш кои најповеке го консумираат овај пијалок се едни од најздравите луѓе на светот
 
Мислам дека зелениот чај е вистинска работа. Придобивките од зелениот чај се мултинаменски. Конзумирам секој ден и се луствувам супер !!!
 
Никаков друг чај не пијам освен зелен, и вкусен ми е баш ради тоа дека е горчлив. Овошните чаеви ми се ко степ и топла вода.
Без шеќер го пијам, и стварно помага за концентрација, особено кога спремам испити:pipi:
 
Не сум знаел дека зелениот чај е толку добар, одсега и јас ќе го консумирам!
 
Мене ми кажааа за лечење на хроничен замор било добро да се измешаат 2 дела мед, и 1 дел концентриран зелен чај и сок од лимон...И после секоја вечер пред спиење да се земаат од смесата 2 лажици...
 
Пијам зелен чај .. два пати на ден ..затоа што читав вака дека е здрав, а и ко имав нешо проблеми со јајниците ми рекоа да го пијам..Не знам зашо ваљда има некоја улога тука..
А за вкусот..уф.. на почетокот ми беше грд за пиење , ама се навикнав.
 
не сум го пробал али сите викате дека е добар па ќе се обидам да го пијам.:smir:
 
Последно прочитав во едно списание дека зелениот чај помагал и за прочистување на лицето од акни. Исто така можело и да се мие лицето со зелен чај. Мислам дека ова го прочитав во Здравје или во ТЕА.
 
Чајот е поздрав од водата

caj5.jpg
Консумирањето три или повеќе шолји чај дневно има ист позитивен ефект врз здравјето на луѓето како и пиењето неколку литри вода, покажале резултатите од истражувањето на британските нутриционисти.

Резултатите од истражувањето, објавени во Европскиот журнал за клинички нутриционизам ги демантираат тврдењата дека чајот го дехидрира организмот.

Чајот не само што рехидрира, како што тоа го прави водата, туку и го штити организмот од болести на срцето и крвните садови, па дури и од некои видови рак.

Експертите веруваат дека причина за тие позитивни ефекти се флавоноидите, полифенолските антиоксиданси кои ги има во растенијата, па и во листовите на чајот, а за кои е докажано дека ги штитат клетките од оштетување. Дополнителни позитивни ефекти на чајот кој содржи и флуор се заштитата на забите од кариес и јакнењето на коските.

Британските истражувачи утврдиле дека чајот може да ја намали способноста на организмот да го апсорбира железото од храната, па им препорачуваат на луѓето кои имаат анемија да него консумираат додека го јадат оброкот.



Нормално дека е поздрав.. Што има здраво у водата??Таа може само да штети ако е од чешма.. Затоа препорачливо е да се пие купечка вода.. Чајот се користи за многу заболувања, диети...
 
Нормално дека е поздрав.. Што има здраво у водата??Таа може само да штети ако е од чешма.. Затоа препорачливо е да се пие купечка вода.. Чајот се користи за многу заболувања, диети...



:pos2:вода е штетна да ти влезе во кондура,а не па да ја пиеш

али шала на страна и водата е здрава за пиење..ако глеаме од друга страна,сум читала дека со зголемено консумирање чај,потемнува бојата на забите,и ред други работи

што значи и двете си имаат свои + и -
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom