Хиндуизам

  • Креатор на темата Креатор на темата Fantom
  • Време на започнување Време на започнување

Fantom

Chikara
Член од
4 јуни 2006
Мислења
11.453
Поени од реакции
812
Хиндуизмот е политеистичка религија (религија во која се верува во повеќе богови). Таа е многу разновидна и повеќе би се рекло дека е конгломерат од разни верски учења отколку единствен религиски систем. Во неа постојат безброј култови и учења за нив. Основната идеја на хиндуизмот е реинкарнацијата, која подразбира вечен процес на раѓање, смрт и повторно раѓање. Најраспространета е во Индија, но ја има и кај нас, иако изразена со мал број хиндуисти.

Дали сте сретнале некој хиндуист? Што знаете повеќе за хиндуизмот? Што мислите за идејата за реинкарнација?
 
Политеизмот е единствената религија, која може логички да се докаже како невозможна...
 
Чорбаџи напиша:
Политеизмот е единствената религија, која може логички да се докаже како невозможна...
може да објасниш зошто? Дури и тие религии што веруваат у еден бог потекнуваат од политеистички религии. Обично тој еден бог што останал као „главен” бил бог на војна.

Инаку, ако некој се чуди зошто кравата е свето животно у Хиндуизмот - во матријахалните религии (од кои хиндуизмот е потекнат), кравата (поточно роговите), змијата и птицата се свети животни. Мајката Божица се поистоветувала со месечината. Роговите на кравата се полумесец и затоа е кравата свето животно, а бикот бил често убиван за ритуали пошто се гледал како син на божицата (кравата) што ќе се роди одново (Дионис, Митра, Исус).

Они пак не се баш тотално полиетистички. Еден е главен Бог/Божица со неколку лица/карактеристики - и лоши и добри. Другите богови се како споредни, а пак дел од главното Битие. Секое племе/село си има еден главен Бог, кој не мора да значи дека ќе биде обожаван со исти интезитет на друго географско подрачје.

Реинкарнацијата потекнува од многу одамна - сме дошле од мајката земја, живееме, се враќаме кај мајката земја и чекаме да се родиме одново и се се врти у циклус. Ја имам позитивна наклоност кон тоа верување.
 
short1 напиша:

Ако веруваш во реинкарнација, ти не си Христијанин (или Муслиман)... Во овие две религии нема реинкарнација.
 
Според мене верувањето во реинкарнација е интересен поглед на светот, и јас имам позитивна наклоност кон тоа. Ама учењето на будистите отсекогаш ми било поблиско од ова...
 
Lajce напиша:
Јако е како браманизмот и ведизмот го претставуваат пеколот за оние кои ке липсаат со кармата и одат во пекол:

Го претставуваат како седење во река од крв и јадење влакна:pos:
Ми се згади животот:)
Инаку како и Годес,будизмот и тој душевен мир после смртта ми е поблизок,поиздржан отколку реинкарнацијата.Во последно време ептен се заинтересирав за будизмот,и немате претстава колку го менува начинот на гледање на работите во животот.Добро е за опуштање,наоѓање на сопствениот мир.
Реинкарнација-можеби има нешто како човекот после својата смрт се преобразува во некое друго тело,тоа јас така го објаснувам,раѓањето на нова личност и во исто време умирањето на друга.Можеби,којзнае,многу мистерии се кријат под тоа:raz:
 
Реинкарнацијата е присутна во будизмот и во ранохристијанските учења.
 
Fantom_oh напиша:
Хиндуизмот е политеистичка религија (религија во која се верува во повеќе богови). Таа е многу разновидна и повеќе би се рекло дека е конгломерат од разни верски учења отколку единствен религиски систем. Во неа постојат безброј култови и учења за нив. Основната идеја на хиндуизмот е реинкарнацијата, која подразбира вечен процес на раѓање, смрт и повторно раѓање. Најраспространета е во Индија, но ја има и кај нас, иако изразена со мал број хиндуисти.

Дали сте сретнале некој хиндуист? Што знаете повеќе за хиндуизмот? Што мислите за идејата за реинкарнација?
Ова до некаде е точно но не сосем. Хиндусите веруваат во Трансмиграција на Душата.Ова претставува преносот нa нечија душа по смртта во друго тело. Ова резултира со еден непрекинат циклус на раѓање,живот,смрт,и повторно раѓање за време на нивните многубројни животни векови. Ова се нарекува Самсара(во наш превд реинкарнација) Карма е акумулираниот збир на нечии добри и лоши дела. Карма одлучува како ќе го живееш следниот живот.Преку чисти дела,мисли и преданост,личноста може да се прероди на едно повисоко ниво. Евентуално,може да се избега од самсарата и да се постигне просветлување. Лоши дела може да предизвика личноста да се прероди на пониско ниво,или дури како животно. Како последица од ова верување,на нееднаквоста меѓу луѓето се гледа како последица од нивните претходни дела,и во овој и во претходните животи.

Хиндусите ги организираат нивните активности околу одредени активности или „пурушартас”. Овие активности се нарекуваат „четрите цели на Хиндуизмот”
Тие се:
  1. Трите цели на „праврити” т.е. на тие што постојат во светот се:
  • Дхарма: праведност и моралност во нивниот религиозен живот. Ова е најважната од трите
  • Артха: успех во нивниот економскиот живот;материјален просперитет.
  • Кама:задоволување на сетилата; задоволство; сензуално, сексуално и ментално задоволство
    1. Главната цел за „ниврити” т.е. Тие што се откажале од материјалниот свет е Мокса т.е. ослободување од самсарата. Ова се смета за крајна цел на општеството.
 
Fantom_oh напиша:
Ако веруваш во реинкарнација, ти не си Христијанин (или Муслиман)... Во овие две религии нема реинкарнација.

и не се сматрам за христијанка нити за муслиманка. Не верувам у ниедна религија што го велича стариот бог на војна Јехова.
 
Би ги замолил членовите у иднина да не мешат будизам со хиндуизам пошо не е исто (освен ако ја не грешам...).

а некој може да ми објасни КАКВА бпжица е уствари Шива? Еднаш ја сонив. Ваљда тоа не е добар знак :D
 
Хиндуизмот е најстарата организирана религија од сите поголеми религии во светот. Тој не е една добро дефинирана религија, во смисла на тоа дека содржи повеќе школи на идеи и традициии. Понекогаш хиндуизмот е ословуван како култура наместо религија, но содржи и културни и спиритуални страни. Мнозинството од модерни хиндуси ја следат веданта философијата која е монотеистича философија, и верува во космичкиот дух наречен Брама, кој е обожаван во многу форми како што се Вишну, Шива и Шакти.
Хиндуизмот е трета најголема религија во светот со отприлика 1 милијарда следбеници, од кои приближно 890 милиони живеат во Индија. За разлика од другите религии, хиндуизмот нема основач.
 
Каде е тука хиндуизмот само никако да сфатам... :toe:
 
Toreador напиша:
Би ги замолил членовите у иднина да не мешат будизам со хиндуизам пошо не е исто (освен ако ја не грешам...).

а некој може да ми објасни КАКВА бпжица е уствари Шива? Еднаш ја сонив. Ваљда тоа не е добар знак :D

Shiva e uglavnom bog koj se povrzuva so brak i svadbi. On e toj sto ja nosi nevestata kaj mladozenecot. Dava hrana, bogatstva itn.....Od toa malku sto go znam za nego, ne e celosno dobar no ne e ni celosno zloben. Ne e ni zensko, ni masko.

Obozavanjeto na Shiva e eden od odgranocite na Hinduizamot - Shivaisam, Shaktizam, Smartizam i Vishnavizam
 
ПрИтИ_гРл напиша:
Хиндуизмот е најстарата организирана религија од сите поголеми религии во светот. Тој не е една добро дефинирана религија, во смисла на тоа дека содржи повеќе школи на идеи и традициии. Понекогаш хиндуизмот е ословуван како култура наместо религија, но содржи и културни и спиритуални страни. Мнозинството од модерни хиндуси ја следат веданта философијата која е монотеистича философија, и верува во космичкиот дух наречен Брама, кој е обожаван во многу форми како што се Вишну, Шива и Шакти.
Хиндуизмот е трета најголема религија во светот со отприлика 1 милијарда следбеници, од кои приближно 890 милиони живеат во Индија. За разлика од другите религии, хиндуизмот нема основач.
Да се сложувам со тебе... заради своите специфики не може да се стави во иста кошница со големите монотеистички традиции (Христијанството, Муслиманството). Повеќе е култура...Тоа е така најверојатно поради различните толкувања на Ведите кои се темел на хиндуизмот и кои изобилуваат со разни учења односно прикази за разни (полу)богови. Во самиот хиндуизам ќе сретнете неколку навидум монотеистички традиции кои главно се поврзани со трите главни божества - Вишну, Шива, Брама. (btw Шива не е божица :))
Но според Ведите посебно Риг веда (се смета од повеќето истражувачи за најстариот спис на земјава, 4000 п.н.е), во химната Пуруша сукта го наоѓаме првиот монотеистички принцип - зборува за Пуруша како демијургот (на Платон) кој создава се. Ако се зборува за монотеизам во смисла на сфаќањето за Алах или (Господ) Јехова, Вишну или Нарајан би бил врховниот Бог кој е трансцедентален, извор на материјалната креација. Затоа понегогаш ќе го сретнете как Ишвара (то би бил синоним за Бог, го преведуваат како Supreme Being). БрамA е задолжен за создавањето како првосоздаденото суштество, Вишну за одржувањето, а Шива за уништувањето на креацијата. Но двајцата се (полу)богови кои се раѓаат и умираат додека Вишну е вечен.
Од веданта филозофските традиции или школи (ги има шест) кои го прифаќаат авторитетот на Ведите, адваита веданта школата е моноистичка т.е. импресонална (не го прифаќа постоењето на Бог како личност - туку го признава токму тој универзален космички принцип Брахман), додека другите се персонални, т.е веруваат и со одредени процеси и милоста божја го спознаваат Бог со кој можеме да имаме размена на љубов.
 
Хиндуизмот е најстарата религија во светот.....името хинду потекнува од името за реката Инд или на санскритски јазик Сиду...Во средиштето на оваа вера се наоѓа ,,Браман,, или апсолутниот....тој се смета за целата вистина нешто што постои во се притоа и во човечката душа како атман или ,,јас,,....света река на хиндусите е Ганг која ја сметаа за божицата Ганга придружничка на Шива....Браманот владее со универзумот преку три основни својства а тие се...Брама-создавач...Вишну-заштитник.... и Шива уништувач....Се верува дека секоја душа минува низ самсара или непрекинат круг на смртта и повторното раѓање...
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom