Уште една непознатица на русите беа и моторите, меѓу кои и авионските мотори. Од појавата на авијацијата, речиси сите мотори за авиони русија ги увезуваше од запад и америка. Кон средина на 20 сетите почна уз западно америчка помош и надзор, почна изградба на руски фабрики за авионски мотори и нивно опремување, секако со западна технологија за произвпдство на одличните амерички и други западни мотори. Две фабрики беа подигнати во Москва, едната правеше копии на Врајт циклон мотори (под свои ознаки М25, М34, М63, М64), другата произведуваше делови за истите мотори. до 1938 овие фабрики вработуваа 12.000 работници и правеа по 250 мотори месечно. Русите се обиудуваа да дојдат до барем по еден примерок од секој авионски мотор направен во светот па дури и прототипови кои не влегоа во сериско производство, набавуваа мотори од Пакард, Конкуер, Ролс Ројс, Кестрал, Хиспано Суиза, Фиат, Исета, ги расклопуваа до најмал дел ги проучуваа, и некои од нив ќе ги ископираа и произведуваа. На некои од моторите ставаа и свои решенија кои не секогаш беа добри и успешни но речиси и да немаа свој оригинално развиен и произведен авионски мотор, пример, во 1944 постоеа околу 130 основни модели на авионски мотори во светот со отприлика 275 нивни варијанти. Од тие 130 основни модели, 48 беа правени во старата добра америка, 28 во англија, 20 во германија, 17 во италија и 3 во русија, и тоа тие три руски беа превземени западни модели М38, В модел со 12 цилиндри настанат (преку постариот М34 од америчкиот Врајт циклон, 14 цилиндриски звездаст М88 кој настана од францускиот Гном Рон 14 (произведуван во Харков) и кој русите имаа мака да го научат добро а го прават, и М105 12 цилиндриски настанат од Хиспано Суиза М105
Овде ќе опишам како изгледаше отпочнувањето на производство н “рускиот“ Ли-2. Кога во 1935 се појави америчкиот Даглас ДЦ-3 русите беа воодушевени и веднаш вложија сите напори за да добијат лиценца за негово производство. Година дена подоцна русите потпиша договор со Даглас за техничка помош и асистенција и во рок од 30 дена добија:
3 комплети на сите планови и технички цртежи за ДЦ-3 заедно со комплетна спецификација на материјалите
4 комплета од по 250 фотографии во врска со производство на ДЦ-3
4 компети на инструкции и сервисни книги, пилотски книги
4 комплети на инструкции и спецификации за набавки на делови за ДЦ-3 од други производители
3 комплети на статички и лабараториски испитувања и резултати
3 комплети на пресметки на цврстина
4 комплети на испитувања и резултати во аеродинамички тунели
3 комплети на истражувања пресметки и тестови на аеродинамика и стабилност
3 комплети на документи со спецификации на опрема машини и алати потребни да се изработе ДЦ-3 заедно со адреси на производители на такви машини и алати
3 комплета со описи на методи и начини на тестирање на авио деловите
Е сега со сите ове документи и спецификации, човек би рекол дека русите без проблем ќе почнат да го прават тој величенствен авион (со слични документи и добиена лиценца, јапонците мошне брзо тргнаа во производство на авион со помош на своја опрема, машини и материјали, но на русите не им беше доволно па порачаа уште:
1 комплетен ДЦ-3
1 ДЦ 3 изграден делумно (прва фаза)
готови алуминиумски делови за ДЦ 3 доволни за правење на 50 авиони
материјал за алуминиумски делови за уште 25 авиони
гомила завршни делови (од дрво, бакар, пластика....)
хидраулични преси, опрема за заварување, калапи, машини и алати за сечење и обликување на делови од метал.....
се шо требаше да направат русите за да направат сместа 50 ДЦ-3 беше да гледаат во фотографиите и почнат со штрафење и заварување....
но не беше така, поминаа уште 3 мачни години додека на го совладаа заварувањето, спојување на алуминиумските плочи, работа со хидраулични преси.... цел тој период беше исполнет со нови нарачки на алуминиумскиу делови (пошто старите ги уништуваа со нестручна работа) , посети на руси во амерички фабрики да гледаат како се работи, уцени со неплаќања, американците дури и вложија протест кај русите пошто нивни “стручњаци“ дојдени да видат и научат работа на специјални машини, беа фатени како прават скици и нацрти на америчките фабрики и тамошните машини..... али да не должиме.
ДЦ-3 беше на времето најмодерен авион и русите не можеа со години да направат негова копија иако имаа сите документи и материјали, шо кажува колкав беше јазот меѓу западна и америчка технологија и она на русија