Интересно е што званично Русите не кажуваа многу за помошта од запад и америка во нивниот технолошки и индустриски развој, иљадниците производи кои ги превзеле или ископирале од запад па дури и званичните договори на америчките компании и фирми за работа и испорака на опрема и материјали во русија ретко кога се објавувани, но затоа во нивна стручна литература остануваа оригиналните називи и ознаки на превземената западна и америчка технологија, иако како копија ја правеле самите руси, така да на кирилично писмо беа “Ман, Дајц, Шулцер, роквел (rockwell), стонеја машина (Stones), крукса трубка (Crookes), штауфера масленка (Stauffer) стилстона клуч (Stillson) дизел мотори правени како копија на западните си и имаа броевите на оригиналите. Секако бројни се и руските копии на западната технологија кои добија свои руски ознаки и називи како авионскиот мотор на Хиспано Суиза во русија доби ознака М-100, или стариот добар амерички Форд А во русија се правеше како ГАЗ модел АА...
Но не е само бројноста на технологијата земена од запад, голема е и бројка на западните и амерички стручњаци кои работеле во русија при планирање, подигање, опремување на погони фабрики и комплекси. Тоа се водеше како “техничка асистенција“ и за пример во 1936 година 6700 странски западни стручњаци и инженери од кои 1700 американци беа ангажирани во тешката индустрија на Русија, во 1932, 200 германски стручњаци работеа во Магнитогорск (гигант кој во русија го изградија американците предходно) англискта метрополитен - Викерс имаше 350 свои стручњаци ангажирани во русија во 30сетите и бројни други примери.
Овде ќе споменам едно име, Џон Калдер, амерички инженер кој во русија стан легенда, гение кој со своето искуство и знаење ги решаваше сите проблеми на руската економија, човек кој русите го сметаа за херој, и кој доби највисоко руско одликовање - орден на ленин како благодарност од русите за несебичната и огромната помош кој тој човек им ја даде во изградбата на нивната земја. Џон беше праќан на најодговорни места во индустриски капацитети кои беа од животно значение за русија икој што можеше тој да ги сфати и реши благодарение на своето богато америчко искуство, беше ангажиран меѓу останато и како главен инженер во изградбата на фабрика на трактори во Сталинград (која произведуваше меѓу друго и тенкови Т-34) Главен инженер во фабриката во Челјабин, која произведуваше тешка механизација дизел мотори но и тенкови меѓу кои и познатиот Т-34), технички советник и надзорник во околу 90 руски челичани и железари, технички директор во Магнитогорската челичана - најглемата во свет во тоа време и направена од страна на американци, консултант на проектот за бакар од балкашко езеро.....со право наречен “чудотворец“
иљадници стручњаци како Џон, иљадници производи на напредната америчка и западна технологија, беа од огромна и непроценлива корист при изградба на руската индустрија