Лига на Шампиони 2016/17

  • Креатор на темата Креатор на темата Tomasino
  • Време на започнување Време на започнување

Ќе ИДЕ ли Вардар у Келн бе пеер?


  • Вкупно гласачи
    61
  • Гласањето е завршено на .
Статус
Затворена за нови мислења.
Каква одбрана им играат, не можат да мрднат Веспрем. Случајно ќе им помине некоја акција и одма брани Варгас. Борко морална подршка :D
 
Кил си го сркна во Плок,хуху.
Заслужија да изгубат,се заебаваше Гисласон во второ,ај некако во прво се држеа,ама во второ на моменти се изгуби.во иста постава ги пушти Билик Нилсон и Зајц,каква комедија беа тие.
Од 17-15 за Кил речиси 10 минути гол не дадоа и ги одува промајата:pos:,најјак момент беше коца Зајц од зад грб проба да асистира до пикер:pos:,и одма ги извади сите тројца Гисласон,ама веќе беше доцна,немаше време да се вратат,Висла ја презеде контролата врз резултатот и играта,ги отепа Шиме Ивиќ:pos:,симултанка на другарчето.:pistoldz:
Трет пораз на Кил во четвртото гостување,сеа во недела имаат олд фирм дерби со Фленсбург,држ не дај ќе е овде.
Металург вчера можеше подобро,не беа лоши,само заради грешките на Лино во одбрана и напад изгубија со 6,не дека немаше да изгубат,ама ќе беше поинтересно,а сигурно немаше да сркнат 30 гола.
Ги уништи Гребиј,нормално кога виде пред себе играч како Велковски,го избриша подот со детето,тка Лино е крив,нема шо да го играш во одбрана детето кога нема шанси против бек како Гребиј,тука замина возот,баш кога почна да се враќа екипата.
Кога е слаба одбраната го нема ниту Арсиќ,и тој не е Супермен па да фаќа 15 топки,повеќето гола на Монпеље беа од брза транзиција и пенали,тука нема шо да се замери.
Обрадовиќ искина,секоја чест,ме изненади овај ептен,на турнирот во Струга си мислев ништо не бива од него,ама види го ти него:icon_mrgr:,искина,заедно со Фитило најдобри бекови кои ги има Металург.
Талески се изгуби детево:tapp:,по тие голови со Елверум го нема на мапата,и кога шутира се е од некоја неизградена позиција,ако не се изделка во дуел игра тешко дека ќе биди нешто од него.
За разлика од него Фитило ќе кини,и голема грешка на Лино шо не го пушти со Чесите да изигра,сигурно ќе покажеше нешто,допрва иди неговото време,за брзо сигурно ќе добие некоја понуда од голема екипа,не седат со сркрстени раце големите екипи,дури тогаш ќе се види шо играч е.
Од другите резултати вчера Медведите си го сркнаа дома од Прешов јасно беше,и на првиот меч се покажа дека тука се екипите,а ептен мал коеф имаше за Медведи.
Татран имаше подолга клупа и успеа за 15ина минути да ги реши,уште од старт 6 разлика и чао пријатно,пробаа Русите да се вратат ама немаа сила,сеа Татран излезе со некоја шанса,да не се глупираа со Елверум дома можеа и сериозно да се наметнат за пролаз,водеа два разлика на 10 минути и до крај не дадоа ниеден гол.:bravobe:
РНЛ уште еднаш докажа дека е ШАБАНСКО ШАЛАБАЈЗЕРСКА ЕКИПА,пак трет пат по ред на домашен терен последен напад решаваше дали ќе тепаат или не,а онде со Киелце како некои суперхерои играа.
Мајката си ебале бе,не даваат максимум дома а секогаш победуваат,типична германска приказна,трабеше вчера Загреб да ги поздрави,имаа време во последен напад,едно добри 15секунди ама Мандалиниќ ја успори акцијата и се закуца на средина и немаше време за некој удар,заслужува РНЛ со овие игри да го прими,а сигурно ќе е на некое од гореспомнатите гостувања,ќе изгубат сигурно барем едно гостување против Загреб,Цеље и Кристианстад,а можеби и две.
Најнепредвидлива екипа се овие,можат секого да го победат и можат да се изглупираат и да изгубат кога најмалку се очекува.
Фленсбург рутински вчера со Швајцарците,иако видоа мака на моменти,посебно на крај кога се доближи Кадетен на еден гол,ама Андерсон влезе и ги спаси,рутински.
Сеа се спремаат за големото дерби со Кил во недела,се врати и Лауге сеа,комплетни се и ќе одат машки во дуелот,како тргнаа тие се фаворити за бундеслига,а и Врањеш во ЛШ ги штеди силите и ги чува најјаките за Бундеслига,се во ЛШ е гратис,интересно дерби во недела.
Од останатите неодиграни мечеви во ЛШ.
Веспрем -Силкеборг
Овде треба рутински Веспрем да одработи,малку и тие да се вратат да се вратат во ритам,неколку порази ги извадија од ритам.
Нема да има проблеми овде.
Мешков-Кристианстад
Чист кец е оваа,сеа накурчени се Белорусите по победата во Србја,добра утакмица дадоа и со Веспрем во СЕХА,во ритам се влезени,ќе тепаат овде,иако и Швеѓаните не се за фрлање,ама не ми се верува да направат некое изненадување,немаат сила за цел меч,нивната сила е на домашен терен.
Вардар-Киелце
Дерби на групата,победникот има голема шанса за прво место,како оди работата.
Вардар е во предност овде,посебно по формата на костурот на Полската селекција во последно време,од тој дебакл со РНЛ дома се изгубија тие носители на игра кај Пољаците.
Не ми се верува утре да имаат некоја шанса со Вардар,посебно ако Вардар изигра на ниво.
Бомбач уште не е влезен во ритам,Зорман овде ако напрај нешто и да ги разигра другите,ептен фали Јурецки,без него како отсечени се другите бекови,и Јуркевич не е ни бледа сенка од времето,Карол игра колку шо ќе му дозволиш,за Лијевски треба простор.
Појаки се во внатрешната линија,крила и пикери имаат топ,голманите се знак прашање.Шмал е веќе предвидлив и го знаат доста,овде ако изненади Карате Кид,иначе тешко да се извлечат.
Сепак не ги отпишувам,екипа која ја предводи Талант не смее да се потцени во никој случај,не ми се верува така да остави на случајност,има некоја замисла тој,е сеа колку ќе изиграат ќе видиме,и од Вардар зависи,посебно од бековите,пред се Борозан,ако успее да разбие од надвор ќе има игра.
Ќе видиме,интересна утакмица е во секој случај,мој тип е победа на Вардар од 1-3 разлика.
Брага-Мотор
Мотор има појјак тим,ама не играат на гости ништо,па има Брага овде шанси,домашна екипа се,опасни играчи,интересно ќе е,треба да има доста голови.
Мотор има подолга клупа,ако успеат да ги разиграат можеби ќе имаат шанса,ако ја стегнат одбраната,ако не во меч со многу голови тешко со Брага.
Ла Риоха-Елверум
Треба да е чист кец оваа,опасна екипа е Ла Риоха,многу јак напад имаат,ете и во средата со Анаитасуна,цел меч губеа,дури и некаде 50та минута и со 5 разлика,на крај успеаа да ја свртат и да тепат 32-31,опасен ракомет играат,многу добри индивидуалци имаат,лесно тепаа во Норвешка,сега во Логроњо победата не смее да е дискутабилна.
ПСЖ-БАРСА
Дерби на колото,можеби и на сезоната,според мене најјаките екипи досега во ЛШ.
Иако сум за Барса овде предност давам на Парижаните,не ми се верува да дозволат да изгубат на домашен терен.
Барса чкрипи,неколку утакмици се вадат во Асобал,последен напад бранеа 3 бода со Адемар во средата,голема среќа шо Адемар се прекомбинира во напад и не изигра акција туку десниот бек Виера ја даде напамет топка во аут:pos:,иначе како играа дотогаш Адемар во напад сигурно циркус ќе беше,вака на тацна им ја поклонија победата.
Со фленсбург Барса се извади на гости,овде многу тешко ќе се извлечат,ќе тепа Пе се же,прилично убеден сум.
Цеље-Сегед
Уште еден интересен меч,Сегед по победата над Веспрем со поголема самодоверба,Цеље од друга страна ќе бара бодови за спас.
Се извадија некако со Швеѓаните на гости,,бодче бодче,кој ти го дава,овде ќе имаат тешка задача,иако ќе дадат фајт.
Со Вардар не можеа докрај да трчаат,толку беше силата,со Сегед би требало да е подобро,тесен меч треба да е,можно е Цеље да изненади овде и да тепа со некоја тесна разлика,ако стегнат одбрана нормално,ако не нема шо да бараат.
Недела два прилично неинтересни дуели.
Холстебро-Бешикташ
Турците со победа овде ќе имаат голема шанса за тоа второ место,прилично лесно тепаа во Истанбул,ако повторат таква игра и на гости ете ги блиску до 1/8 финале,можеби клучен меч за прибак и компанија,треба да има милион голови овде,сепак Данци се,тие играат до крај,не ги интересира друга математика,
Нант-Динамо
Овде треба да е кец,во Букурешт беше добар фајт,ама во Нант нема шанса Динамо,и тие во криза влегоа ,доста мечеви ги изгубија,неколку мечеви шо требаше да ги тепаат извадија бодови на домашен терен,и во првенството чкрипат,тешко дека ќе избегнат убедлив пораз во Франција,си ја испушти шансата Динамо.
 
Хенрик Мелгард доктор за одбрана!:bravobe::bravobe::bravobe::bravobe:

ПСЖ се многу јаки,фантастичен ракомет. Ремили е играчиште.

Кај Барса Дика Мем заслужува масивен респект.Какво играчиште во најава па па па!:bravobe::bravobe::uzi:
 
Хенрик Мелгард доктор за одбрана!:bravobe::bravobe::bravobe::bravobe:

ПСЖ се многу јаки,фантастичен ракомет. Ремили е играчиште.

Кај Барса Дика Мем заслужува масивен респект.Какво играчиште во најава па па па!:bravobe::bravobe::uzi:

Малку off-topic ама во контекст на играчиве.

Има некои коментари вака меѓу познавачите дека на Французите им доаѓа крајот со крајот на оваа генерација и дека веќе не се тоа што беа порано.

Имам впечаток дека тоа не само што не е точно туку ништо чудно и уште појаки да се во иднина отколку што беа во минатото. Ремили, Мем, Фабрегас... Страшни играчи во најава имаат. Плус на нив ако се додадат и до некаде докажаните а сеуште млади Мае, Гребиј, Нгесан, Порт тоа е веќе одлична основа. А имаат и еден куп други млади таленти. Последниве години доминираат французите во младинските и кадетски категории - нешто што никогаш порано не го правеле а сепак склопуваа фантастични сениорски состави. Којзнае колку може да бидат јаки со овие генерации за 6-7 години кога генерацијата на Карабатиќ ќе биде веќе пензионирана.

Само уште вистинска замена за Омејер им фали...
 
Последно уредено:
И јас се сложувам за Французите, имаат одлични млади бекови во најава, ако се развијат сите во одлични играчи кај ќе им биде крајот. За голман можеби ќе биде проблем, ама ќе изделкаат некој сигурно.

Исто незнам кој колку прати Француско првенство, во Aix игра Aymeric Minne, среден бек, 19 години. Играше и за Франција u19 на Европско/Светско, чинам европско беше, па потоа и за u21 репрезентацијата. Одличен играч, милина за гледање, одлично разигрува и има одличен шут, стил на игра речиси ист како на Карабатиќ. Не да го преувеличувам предвреме, ама многу потсеќа на Никола, ништо чудно да биди и неговата замена.
 
Па и француската лига моментално е квалитетна на нивото на Бундес, освен ПСЖ можда нема друг европски џин ко швабите, ама земено вкупно сите екипи заедно со послабите се квалитетни на нивото на бундеслигашките.
 
500 милиони утакмици гледав викендов:pos:,СЕЛЕКТ топки ми се вртат:гик:
Прво да почниме со дамите.
Ростов Дон,толку фалената екипа од земјата на олимпискиот шампион ги фрли чевлите:pos:
Немаа сила во ГРУПАТА НА СМРТТА,играа неконстантен ракомет,посебно во гости беа очај и нема шо да бараат.
Во клучниот меч ги испраши ЦСМ,иако почнаа Русинките одлично,10-4 по 15ина минути,ама по ова потоп,почна полека да се враќа ЦСМ,влезе Грубишиќ и почна да се топи предноста,во напад Мартин и Мајда Мехмедовиќ решетаа од крило.Изабел Гулден,+пикерот Манеа,тие беа стрелци на сите голови,по 1 дадоа само Линеа Торстенсон и десниот бек Саурина,Гулден беше сигурна од пенали,премногу грубо играа Русинките 500 пенали направија.
И кога веќе се приближи ЦСМ на само еден гол на крај на прво јасно беше дека мечот ќе е тесен,и така беше,со мала разлика шо ЦСМ цело второ контролираше се на терен,немаше шанса Ростов да се врати,иако беа тука некаде,на некоја негатива од 1,2 ама немаа сили.
Заслужено се аут,без победи барем дома против директните ривалки нема поминување,класична приказна се Митјиланд.
Дома газат,во гости се очај и губат со огромни разлика,нетипично за Скандинавки,салам ги ишлакаа звездите на Ѓер,од прва до последна минута водеа,на моменти и со 5 разлика,немаше шанси Ѓер да се извади,без расположена Нора Мерк и без подршка од Гербиц која головите претежно ги даде од 7 метри нема шо да бараат.
Брок одигра страшен меч,можеби нема да ја замени Локе,затоа шо нема замена за неа,ама е опасен пикер,онаа слободно и во машка конјуренција нека се проба.
Будучност изгуби во Мец,иако речиси цел меч водеа,на крај дури и убедливо изгубија.
Си ја расипаа и меѓусебната гол разлика со Мец,само со Неагу и Булатовиќ многу тешко ќе можат да парираат на појјаките екипи како Ѓер,Вардар,Цсм.
Не знам шо е со Цвијиќ?Не играше,Лазовиќ добро ја замени,5 комада закуца МАЖОТ
B.jpg
:shook::shook::shook::kuracc:
Мец не е лоша екипа,Поп Лазиќ,замената за Цвијиќ во српската репка искина,8 комада.средниот бек Деуна,а посебно десниот бек Словенката Грос:bravobe:,опасна е оваа Грос,страшна замена за Лакрабер,за брзо ќе оди во некоја појјака екипа,еден од подобрите десни бекови во последно време шо сум ги видел.
Ларвик по очајниот старт се врати кај шо треба,со 3 последнователни победи од последно место се искачија на прво.
Вчера растурија во Шведска,против Саехоф,Корен Ригелут десното крило,и Аманда Куртовиќ заедно 21 гол:pistoldz:,а Аманда нервите ми ги искина прошлата недела со Есбјерг кога напрај 500 илјади пробивања:anco:
Опасна екипа е Ларвик,иако групата е слаба,тешко дека дотуркаат подалеку од 1/4 финале,зависи во која група ќе паднат,ама ако паднат во групата со Ѓер,Митјиланд и ЦСМ би требало да се докопаат до 4то место,не се лоша екипа,имаат неколку репрезентативки,но далеку се од она некогашно ниво,добра игра имаат,многу брза,како оси се,освен Куртовиќ која е пониска и покрупна другите се многу опасни.
Крим изненади со Есбјерг,истиот тој Есбјерг го изнамачи Ларвик во Норвешла,а доживеа потоп во Љубљана.
Бугарката Елизбет Омориге(оваа ако е Бугарка јас сум Германец)
B.jpg
,+Мирјета,не се лоша екипа Крим,иако далеку се од некогаш.
Опасна е оваа црната,кај ја ископаа секоја чест:bravobe:,страшен плеј.,15 гола дава на последните две утакмици:pistoldz:,страшен преглед на игра и исфрлање на топка.
Ќе ја бараат и оваа за брзо големите екипи.
Ефектот ДАВИД ДЕЈВИС уште еднаш се покажа на дело,како улави играат ДЕВОЈКИТЕ,срцки бе.:pijani:
Ги отепаа вчера,страшна игра,транзиција упм,контрола на топка,проток на топка,укрстувања,праење позиции за шут:shook:,како од друга планета беа,ФТЦ не знаеа кај се,онај тренерот со грд,рапав глас се изгуби,ќе му пукнеше тој стомакот од мака.:pos:
Ова ти е таа разлика во ТРЕНЕРИТЕ,од една страна ИНДИ МАЈСТОРЕ која од Македонија нема мрднато,цел живот Кометал,па школи си водеше,па после дојде Самс и се беше поинаку,ама модерниот ракомет замина премногу далеку од времето кога Инди Мајсторе како играч го победи Херц Ференцварош во 2002,не е времето на Трифун балада пејачот повеќе.
Од друга страна Давид,како шо рече Југо СИМПАТИЧНИОТ ТРЕНЕР(му фрли мерак Југо):pos::backa:,играч кој освоил се шо можи да се освои на клубско и репрезентативно ниво,играч кој бил под палката на Талант,па сеа учел од падаванот на Талант,знае како се работи во Европа,како се тренира,како се спрема тактика за еден меч,со самото тоа шо од Шпански за неколку години научија Македонски и тој,и Раул,ене го и Алекс,зборуваат како да се родени овде,шо не е случај за некои од етникумите.:icon_mrgr:
Ако продолжи Вардар на вакво ниво ќе бидат многу опасен тим,единствено е заебано шо повторно Ф4 ќе се игра во Ѓер,но сега Ѓер без Локе не е истата екипа,
Има време кај дамите,сеа следи ЕП,таа екипа која ќе има добри месеци во март и април и ќе ја темпира формата ќе има најголеми шанси,иако не смее да се типува,сепак еден меч е,една мала криза и замина се,доказ е ЦСМ,кој од тотален аутсајдер лани напрај парче и заслужено освои,но сепак тие се екипите кои ќе бркаат Ф4,Ѓер,Вардар,Будучност,Цсм-како можно изненадувања Митјиланд и можеби и Ларвик.
МАЖИШТА
Веспрем
се изнамачи со Силкеброгг,се дупеа на крај можеа да го сркнат салам,арно немаше време иначе готови беа.
Ќе ги видиме сеа со ПЕСЕЖЕ,вистински тест за силата на Веспрем,како игра ПЕСЕЖЕ има да ги размонтира среде Веспрем,иако е најтешко да се добие таму,секоаш се вадат,и кога очајно играат на крај пак ќе најдат некоја сила и ќе тепаат,страшно нешто:pos:
Мешков очекувано си тепа со Швеѓаните,немаше дилема овде,појјаки за класа се.
Брага ја погоди ЧЕРНОБИЛ,:pos:10 минута губеа 8-1,ги уништи Мотор,сепак појјак тим е Мотор,мораше да проработат.
Полека си доаѓаат работите на место во групата,Бешикташ го сркна во Данска,и сеа имаат ист број на бодови како Мотор,со разлика шо Мотор сеа ќе ги чека со цела украинска армија на трибини:pistoldz:,ќе си лапни Мотор второ место,имаат добар распоред,дома играат со Динамо и Бешикташ,во гости со Нант и Холстебро,единствено од Нант речиси сигурно губат,а со Холстебро имаат големи шанси да тепаат.
Нант се помачи со Динамо,ама рутински си лапнаа нови два бода и речиси сигурно се први.
Во другата лузерска група Ла Риоха се намачи првите 20 ина минути кога резултатот беше фудбалски 2-1 беѓе 15та минута:pos:,после работите се дојдоа на свое место и во второ ги изрешетаа Норвежаните,опасна екипа се Шпанците,имаат голема шанса за 1/ финале,посебно ако паднат со Мотор,сепак не е завршено се во групата,допрва треба да гостуваат во Монпеље и Прешов,можно е на крај и да останат со куси ракави,не се стабилни во гости,иначе се многу јак тим.
Вардар искористи страшна криза кај Пољаците и ги уништи,буквално ги уништи,КЛАСИЧЕН ГЕНГ БЕНГ,ДАБЛ ПЕНЕТРЕЈШН.ги убија.
Која комедија е одбраната на Киелце,хаха,40 гола да примиш,макар и од екипа како Вардар е за секоја осуда,а си европски шампион,значи не било случајно силувањето кое им го бапнаа шалабајзерите на Николај Јакобсен.
Во голема криза е Полскиот ракомет,дали има некој проблем со Талант,или пак толку им е силата на играчите не знам,сепак Шмал,Карол,Зорман се над 35 години,Ивиќ сеуште е млад за да е лидер на екипата,се бара сеуште,а и нема подршка од одбраната,Лијевски е повеќе повреден,една игра две не игра во полна сила,Јуркевиќ се бара сеуште по повредата,страшно фали Јурецки,без него се 50% послаби,Бомбач не е уште вклопен во тимот,Агинагалде само е на ниво и крилата кога ќе добијат шанса,се друго е како за во лузерските групи.
Без подршка од бек,без ротација таму нема шо да бара,каде бе со Пачковски?:pos:Немој да ме јебеш жити се со тој кославиот,додека функционираше таа 2на 2 игра со пикер имаа игра и се држеа,или гол од Агинагалде или пенал,после кога Вардар ја згусна одбраната и немаше толку простор за тие дупли пасови до пикер толку беше,и Штербик проработи и се изгубија.
Исто сценарио како со РНЛ,при прва посериозна предност се распаднаа,во Скопје повеќе издржаа,ама немаа сили за Вардар,страшна партија на техничарите на Вардар,Карачич и Алекс,:shook:не се нормални оние,најдоа и село без кучиња и ги уништија.
Немаше потреба ни од Македа ни од Кањелас,овај вториот сеуште е недифиниран,кога ќе му го најдат и него местото во напад ќе бидат уште појаки,се губи тој,не е за таква брза игра како шо имаат со Алекс,Карачиќ и Циндриќ па затоа не го игра толку во напад Раул,кога ќе имаат утакмица која ќе е со бавен ритам подобро ќе се снајди.
Како и да е,Вардар со оваа победа би требало да е најмалку втор,иако има уште многу да се игра и следат 4 екстра тешки гостувања,веќе четврток со шалабајзерите,па на крај со Киелце,па на пролет со Мешков и Сегед кои би требало полесно да ги поминат,со една победа од Киелце или Манхајм голема работа е завршена,ќе видиме како ќе оди,со РНЛ ќе се види до кај се вистински.
Цеље машки изгуби од Сегед,немаа сила до крај да се држат,без пуцачи од надвор не се добива меч во ЛШ,нон стоп бркаа,додека можеа парираа,на крај ги одува промаја,Горбок страшен 6 комада,исто и Балог и Бахниди по 5,тука е Сегед,веднаш зад водечката тројка,би требало да се бркаат со Мешков за тоа 4то место.
За 6то место ќе е голема борба,ако успее Загреб веќе во среда во Вараждин да се среди и да искористи криза кај Пољаците нема да ме чуди тие да се 6ти,појјаки се и од Цеље и Кристианстад.
Многу дилеми ќе реши баш тој меч,и за врвот и за дното,многу важен меч за групата е.
Блиску беше до бод Загреб со шалабајзерите,сеа ќе бидат уште понакурчени дома,интересен меч во секој случај.
И за крај ,дербито,или требаше да е дерби.
Барса се изгуби во Париз,головите кои ги прими Борко на крај јасно ја отсликаа сликата на терен,ги отепа Псж,рутински без мака,како сакаа играа,без проблем креваа разлика кога требаше,дури ми делуваше дека ни со 50% од силите не играат,као со Аикс да играа во Француска лига.
Ремили ги уништи,опасен играч ќе е овај,голем потенцијал,дел од плејадата врвни десни бекови на Франција,Бараше,Порте,Дипанда,Дика Мем,Ниокас,еден куп ги има,кога се работи се работи.
Борко не знаеше кај е на крај:pos:,сепак и одбраната на Барса попушти на крај,а нападот очаен,посебно на крај,сите голови беа на сила,индивидуално,така против ПСЖ не се игра.
Во недела ќе се види како стои ПСЖ на гости,првото тешко гостување го изгубија,сеа следи најголемиот тест,ако се покажат добро во Веспрем големи се шансите за прво место во групата,иако овде не смее да се прогнозира ништо,имаш 8 екстра тешки мечеви со горе долу израмнети екипи,а засега освен Барса шо напрај брејк во Фленсбург другите слабо стојат со гостински бодови.
И уште едно големо дерби е на програмата,Кил-Фленсбург,повторно,за само 7 дена два пати во Шпаркасе арена ќе се судрат големите ривали,вчера беше држ не дај,очекувам на ревашнот Љубо да ги одмори старите пушки како Могесен,Матијас,Егерт,каква текма беше вчера,леле леле:shook:,повеќе во темата за Бундеслига.:гик:
 
Загреб-Киелце
Со овај меч се отвора 7мото коло,Загреб ќе биде домаќин во Вараждин,затоа што во Загребската арена се игра тенис,Дејвис куп.
Помала сала е оваа,ќе видиме каква подршка ќе има Загреб,иако и пред 15 К публика во Арена не се осеќа дека имаат некоја голема предност,повеќе е театарска публика
Киелце е во страшна криза,како ќе успеат да се снајдат денес ќе видиме,не знаат кај тераат,5 утакмици со ред ги губи Талант,не ми се верува ова да му се има случено некогаш.
Колку ќе искористи Загреб ќе видиме,едно е сигурно,очекувам Киелце да диктира овој пат темпо,не ми се верува повторно да дозволат противникот да доминира.
Моѓеби Загреб ќе успее да воспостави контрола,сепак опасна екипа имаат,Мандалиниќ,Вори,Марковиќ,Хорват,Стиви Бој на голот,но не ми се верува да издржат до крај со Киелце,сепак немаат клупа за да им изиграат толку машки како РНЛ и Вардар.
Но Загреб е опасен во одбрана,и знаат да ги извадат од ритам,висока,снажна зона,ако немаат ден пуцачите на Киелце,и да го бараат нон стоп како во Скопје Агинагалде нема тала лесно да поминат,прелесни голови дадоа во Скопје со таа брза игра,овде не ми се верува да дадат толку лесни голови,ќе видат мака,пред се од таа централна одбрана на Загреб која е доста агресивна и сигурно ќе има проблеми Ахинагалде да прима топки.
Сепак клучот е кај Киелце,ако не се успеат да се снајдат во одбрана и не се разбудат од сон ќе го примат пак.
Очкеувам тесен меч,и на крај некоја тесна победа на Киелце од 1-3 гола,сепак прејак тим се за да дозволат толку да паднат,иако чкрипат,сепак имаат подолга клупа од Загреб,ако таа двојка по страните Биелецки и Лијевски во форма тешко дека Загреб ќе има шанси,од овие двајца зависи се,на центар се прејјаки,3ца врвни играчи имаат,еден ќе проработи сигурно,а Јуркевич лесно би покривал и на лев.
Крила и пикер се одлично тука нема да имаат мака,одбраната,голманите и шутевите од дистанца им се главните проблеми при поразите,овде чкрипат,ако успеат да ја развлечат зоната ќе имаат игра,ако се базираат само на 2на2 игра за пикер лошо ќе поминат,посебно ако има ден одбраната на Загреб,и пред се Стиви Бој кој на старост се напрај голманиште:cool:
Интересен меч во секој случај,must see етикета има.:kafence:
 
Ма нека идат у курац Загреб. Од 5 појаки екипи во нашата група само Вардар го тепаа. И Вујо џабе го сменија а новиот тренер им донесе победа само против Вардар, а од сите други изгуби. Ако ништо друго, може Вујо ќе ни ја пуштеше :D
 
Ма нека идат у курац Загреб. Од 5 појаки екипи во нашата група само Вардар го тепаа. И Вујо џабе го сменија а новиот тренер им донесе победа само против Вардар, а од сите други изгуби. Ако ништо друго, може Вујо ќе ни ја пуштеше :D
Seuste ne sfakjas deka namestija?
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom