Високо платени професии без високо образование

Член од
24 мај 2014
Мислења
5.309
Поени од реакции
5.928
Темава е за сите професии кои можат да се работат без факултет а платите за нив се високи. За жал овие професии кај нас ги нема. Идејата е секакви информации од овие професии, огласи, лични искуства, лични мислења и ставови итн.

За почеток овие, слободно допишувајте и други! :

1. Ловење туна. Еден килограм туна чини околу 30 долари зависи од квалитетот на месото а туните знаат да тежат и до 200 и повеке туна, обично се тим од 5, 6 луѓе на бродчето и заработката е страшна, во Америка е ваа професија многу раширена дали во околијата на балканот ја има воопшто немам идеја.

2. Ловење краби и ракови. Претежно во Канада овој начин на ловење е сосема подруг наспрема ловењето туна а и тимовите и бродовите се поголеми. Платите оделе и до 10 000 долари.

3. Нафтени платформи и полиња. Ова најчесто во арапските земји и африка, платформите се на морињата и океаните а полињата низ пустините. Од Македонија има доста луѓе што го работат ова и платите оделе и до 7, 8 000 долари.

4. Обезбедување нафтени полиња, плантажи и бродови. И во оваа професија се повеке Македонци најчесто се луѓе кои порано беа дел од специјалните единици. За да го работиш ова има повеке услови... Здравје, физичка кондиција, ракување со оружје, воена обука, лиценца за обезбедување. Платите оделе 6, 7 000 долари па нагоре.
 
Како ги нема?
А добар фризер не е добро платен?
Добар заварувач на иноксни огради со свој апарат
Пробај реновирај купатило и побарај некој да ти постави плочки 7 евра квадрат...

Во игротекиве роденден се закажува еден месец однапред да фатиш термин...
За свадба ако треба да накитиш врата, двор, кола, ресторан, букети, бонбони и се со ред, во еден ден колку ќе ти земе цвеќарот?
 
Огромна пара зимаат овие шо ловат ракови на Аљаска , али и огромен ризик има. Секоја сезона имаат по неколку удавени. Иначе на процент се , колку улови цел брод се дели на цел екипаж , минус трошоците за гориво , јадење на бродот. Највисок процент зима капетанот , па надолу зависно како иде хиерархијата. Можно е ако уловот е добар, 7-8 луѓе колку што се обично да си делат и 100.000 долари. Се зависи од количината и цената по pound. По 6 недели се на отворено море , повеќе со закон не е дозволено. Мора да се вратат да одмарат 3 недели , па пак да одат 6 , и толку е сезоната мислам.

Иначе друга платена професија е тие што возат камиони во рудниците , дампери или како и да ги викаа. Испод 10 илади долари месечно не се , али возат 24 часа со паузи за јадење , па имаат слободен ден , па пак 24 часа. Така идат смените. Страшен осет треба, идат товарат руда која некогаш стига и до 500 тони на тура , и ја растовараат на движечки ленти кои идаат во фабриката. Од една тура која се движи по 500 тони , излегуваат околу 15-20 грама злато. :D
 
Снимање порничи (клецкање)

Дали си грд или убав или црн или бел,најважно е да го имаш либидото.Да немаш страв пред камера и убав помин во сексот.Се заработува сигурно огромна пара зошто индустријата од година до година е се поголема за 10тици милјарди долари.Ебеш јаки женски и јаки пари :LOL::LOL::LOL:
 
4. Обезбедување нафтени полиња, плантажи и бродови. И во оваа професија се повеке Македонци најчесто се луѓе кои порано беа дел од специјалните единици. За да го работиш ова има повеке услови... Здравје, физичка кондиција, ракување со оружје, воена обука, лиценца за обезбедување. Платите оделе 6, 7 000 долари па нагоре.
Какви специјалци...ти треба SIA има Словенија 2000 евра и мислам Србија, и некој долар за старт. Ако не си пукал никад ќе земеш ќе ти покаже некој тука за месец дена ќе попукаш малку и тоа е. Треба да најдеш и канал да влезеш......тоа е најтешкото, треба некој по човек да знаеш јбг :)
 
Кладилница брат, слушам низ цел град сите фаќаат. Чиста пара. Седни у такси, вози се 10 минути,и таксистот ќе ти ги каже сите сигурни и сите дојави. И јас исто планирам со тоа да почнам. Прав бизнис.
 
Какви специјалци...ти треба SIA има Словенија 2000 евра и мислам Србија, и некој долар за старт. Ако не си пукал никад ќе земеш ќе ти покаже некој тука за месец дена ќе попукаш малку и тоа е. Треба да најдеш и канал да влезеш......тоа е најтешкото, треба некој по човек да знаеш јбг :)
Не се толкави платите како што пиша членот, пониски се стартните (од 100% инфо за Јужна Африка, обезбедување на рудници за дијаманти, се зголемуваат постепено, но до тие 6-7000 долари треба време), а колку ќе успееш да извадеш останува на тебе, но тоа е друга приказна, тоа што се случува таму, останува таму.

При земање на SIA секогаш ќе има предност некој што минал специјална обука, не дека некој што не се мрднал од пред компјутер нема да земе сертификат, но таквиот поарно сам да си испука куршум во чело, отколку да застане како обезбедување помеѓу лица кои се ѕверови во физичка и ментална спремност.
 
Јас размислувам за адобе сертификати со курс, графички дизајнер во канада зема 5000 долари месечно минимум со тек на време се напредува... само што не ми се оди странство уште одам со глава в ѕид да заработам 1000 долари од овде...

Вие ловите риби... кога ќе пржите викајте :)
 
....5000$??? од одма оди.., ако ти даваат со курс за графички дизајнер и адобе цертификат, па кога ќе се напуниш пара ко брод...испечи мафини и викај..., маринирана риба и вино ние ќе донесеме...:):):)
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom