Нов и надополнет Правопис на македонскиот јазик

  • Креатор на темата Креатор на темата Acid
  • Време на започнување Време на започнување
@Acid имаш сознанија како е решена транскрипцијата т.е латиничното писмо? За тоа имаше многу дебати
На каква транскрипција мислиш? Од кој јазик?
 
За средните и основните училишта се согласувам, малку се, ама сигурно ќе се менуваат работите. Поентата ми беше за муабетов од погоре дека Правописот бил „задолжителен за секој дом“.
Не знам сега, на времето кога јас учев освен учебниците по некои предменти пример географија секој требаше да има атлас и карта на Македонија, по математика и физика имаше збирки задачи а по македонски требаше да има граматика и правопис. Еве јас не знам можеби тоа беше само поради што јас учев од принципиелен наставник ама мило ми е што го имам сѐ уште дома ова плаво „книжуле“, зошто секој 5/6 одделенец не би го имал и сега ако е 50-100 денари? Мене тогаш не ми купија ново зошто имав од брат ми кој е постар ама знам дека имаше список кој нема преку училиште можеше да си порача и да му набават да не одат неговите по книжарници и бараат...
 
Латинична верзија на македонските букви, дали Штип е Shtip или Stip
Па не сум баш сигурен дали ова треба да го има во македонскиот Правопис. Нашето писмо е кирилично писмо, и има одвоено голем дел во сите досегашни правописи за транскрипција на туѓите имиња на кирилица. Еве, во новиов слушам дури и проширен бил тој дел. За транскрипција на македонските имиња на некој друг јазик мислам дека би требало да бараш во правописот на тој јазик.

Можеби грешам, но според мене, на македонски се пишува на кирилица и нема што во македонскиот јазик да си ги транскрибираме нашите имиња на туѓа азбука.
 
Досега за правилно беше препорачано користење на двојни латинични букви наместо Ш, Ќ, Ч... Да ја користиме „англиската“ латиница наместо некоја од балканските верзии (со цртички и слично). Не верувам дека би чепкале во ова правило сега затоа што македоскиот јазик има само кирилично писмо.
 
Се разбираме, но секоја држава си има систем на латинично пренесување (од овие што не се со матично латинично писмо) а некаде има и посебни закони за вакво пренесување (во Бугарија на пример). Муабетот е, англискиот/францускиот јазик не прави сам латинична верзија за македонските имиња туку ги превзема правилниците од нашите соодветни тела, во случајот Правописот на мк јазик (види линк).
 
Не знам сега, на времето кога јас учев освен учебниците по некои предменти пример географија секој требаше да има атлас и карта на Македонија, по математика и физика имаше збирки задачи а по македонски требаше да има граматика и правопис. Еве јас не знам можеби тоа беше само поради што јас учев од принципиелен наставник ама мило ми е што го имам сѐ уште дома ова плаво „книжуле“, зошто секој 5/6 одделенец не би го имал и сега ако е 50-100 денари? Мене тогаш не ми купија ново зошто имав од брат ми кој е постар ама знам дека имаше список кој нема преку училиште можеше да си порача и да му набават да не одат неговите по книжарници и бараат...
Сменети се работите сега. Дома и јас имам неколку правописи од стариве мои уште од времето на Божидар Видоески, Радмила Угринова-Скаловска, Крум Тошев, Кирил Конески...
 
Јас кога бев основно над таблата имавме еден голем “постер“ со табела на која пишуваше

А Б В Г Д Ѓ Е Ж З Ѕ И Ј К Л Љ М Н Њ О П Р С Т Ќ У Ф Х Ц Ч Џ Ш
A B V G D Gj E Zj Z Dz I J K L Lj M N Nj O P R S T Kj U F H C Ch Dj Sh

19 години подоцна ја уште се водам по неа - за вас не знам
 
Досега за правилно беше препорачано користење на двојни латинични букви наместо Ш, Ќ, Ч... Да ја користиме „англиската“ латиница наместо некоја од балканските верзии (со цртички и слично). Не верувам дека би чепкале во ова правило сега затоа што македоскиот јазик има само кирилично писмо.
Муабетот ми е дека во две различни држави кои користат латиница (веројатно) различно би ги транскрибирале нашите имиња, во согласност со нивните правила, без оглед на тоа дали има или нема некакво правило во нашиот Правопис. ;)
 
Инаку, за правописниот речник пред две години во Нова Македонија пишуваше дека ќе излезе година-две по правописот. Ама кај нас сè доцни, па така и ова (правописот беше најавуван за почетокот на 2015 год.). Tака што, правописен речник очекувајте во 2019 год.
 
Муабетот ми е дека во две различни држави кои користат латиница (веројатно) различно би ги транскрибирале нашите имиња, во согласност со нивните правила, без оглед на тоа дали има или нема некакво правило во нашиот Правопис. ;)
Па така мислам и трба да биде, нема што ние да им кажуваме како се пишуваат нашите имиња на латиница по македонски кога немаме македоска латиница. Да имаме латиница најверојатно правило би било да имињата не трпат измени но бидеќи немаме тоа е тоа засега.

Дали имаме потреба од официјализирање на „некој тип на латиница“ како второ писмо на македонскиот јазик јас не би се осудил да коментирам зошто за или зошто против.
Сменети се работите сега. Дома и јас имам неколку правописи од стариве мои уште од времето на Божидар Видоески, Радмила Угринова-Скаловска, Крум Тошев, Кирил Конески...
Да, очигледно сменети се, сега никој не води грижа за јазикот а посебно дали тој правилно ќе се научи од децата.
 
ne mi se brza,za dve nedeli na deponijata-buvljak,ke go najdam,
za 50 denari, koga moze tamu da se najde povelbata za Naroden Heroj na JU,licno potpisana od Marsalot na Rade.J.Korcagin, za tolku pari,togas za ova moskin gajle.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom