Од горниот линк:
Потребата од проширување и дополнување на Правописот на македонскиот литературен јазик тлееше подолго време, со оглед на тоа што општествениот развој неминовно бара да биде следен од соодветен развој на јазикот. Секојдневно се појавуваа низа нови јазични и правописни дилеми за кои беше потребно разрешување на соодветно место, достапно на сите, а не само на научни конференции и во научни трудови кои ги следат и читаат малкумина. Правописот е многу прегледно претставен со цел корисниците што полесно да се снаоѓаат, а се надеваме дека ќе биде и широко употребуван, со што ќе се подигне нивото на правилната употреба на македонскиот стандарден јазик.
Дополнително власта со години не инвестира ништо во научната дејност. Наместо државата да инвестира во старите универзитети и институти, да го ангажира најдобриот академски кадар, да испрати млади истражувачи на усовршување во странство, да ги подобри техничките услови за студирање, да даде стипендии за студирање на овие универзитети и да изгради или реновира пристојни студентски домови, сведоци сме на потполно обратен процес. Уништување на старите универзитети со тоа што се даваат акредитации на безброј нови, и државни и приватни, се отвораат дисперзирани студии каде што нема никави услови за тоа, со што се спушти нивото на образованието и, особено, на добивањето академски титули до тој степен што веќе тоа претставува предмет за подбив – вели во интервју за Фактор професор д-р Симона Груевска-Маџоска од Институт за македонски јазик „Крсте Мисирков“.
Таа вели дека Новото издание на Правописот на македонскиот литературен јазик било подготвувано во текот на изминативе две години од страна на 48 еминентни лингвисти од Институтот за македонски јазик, Филолошкиот факултет и МАНУ кои покрај својата професионалност оставиле и парче душа, ентузијазам и желба да дадат свое учество во креирање на вакво капитално дело. Но дополнително забележува професорката, дека во пракса има сериозно непознавање и непочитување на употребата на македонскиот литературен јазик, а за надминување на ваквата состојба се потребни итни и системски решенија преку добро осмислено образование, а не со избрзани реформи кои носат повеќе штета отколку корист. Ова историско дело вели не задолжува на обврската и насушната потреба да се негува македонскиот литературен јазик но подразбира и континуирано вложување и финансирање во научната дејност за унапредување квалитетот.
Проф. д-р Груевска-Маџоска: Во најкус можен рок
Елаборатот беше подготвен и потоа се пристапи кон назначување на Редакцијата на Правописот во која покрај нас влегоа уште и проф. д-р Живко Цветковски како претседател и проф. д-р Снежана Веновска-Антевска. Редакцијата ги покани сите научни работници од Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“ и од Катедрата за македонски јазик со јужнословенски јазици при Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ да се вклучат во работата на Правописот. Поголемиот дел и прифатија. Исто така, во делот за
транскрипција од други јазици вклучивме редица специјалисти (речиси 30) со свои авторски прилози. Но многу значајно е што единствените живи автори на стариот Правопис, проф. д-р Радмила Угринова-Скаловска и проф. д-р Кирил Конески се согласија да учествуваат и во новото издание, за што сме им особено благодарни
Фактор: Која е разликата на новиот Правопис на македонскиот литературен јазик од стариот зошто се чекаше толку долго да ја види светлината на денот?
Проф. д-р Груевска-Маџоска: Новиот Правопис е навистина збогатено издание. Тој не отстапува од веќе утврдените правила во стариот Правопис, туку само ги надополнува. Покрај постојните поглавја кои се целосно осовременети и дополнети, додадени се и нови, како на пример, Оформување текст, Писмено службено обраќање, Пишување библиографски единици, Библиографско цитирање, Мерни единици, Пишување називи на хемиски елементи и соединенија,
Коректурни знаци итн. со што ова издание претставува вистински советник при пишувањето. Правописот е многу прегледно претставен со цел корисниците што полесно да се снаоѓаат, а се надеваме дека
ќе биде и широко употребуван, со што ќе се подигне нивото на правилната употреба на македонскиот стандарден јазик.
Жалиме што тиражот е само 500 примероци, но тоа беше максималниот тираж за кој можевме да конкурираме на Годишниот конкурс за издавачка дејност на Министерството за култура.Морам да истакнам дека сите 48 автори работеа за симболични хонорари, само со желба сите да дадеме свој придонес за нашиот мајчин македонски јазик.
Фактор: Сведоци сме дека има сериозно непознавање и непочитување на употребата на македонскиот литературен јазик во повеќе јавни и општествени сфери.Како да се надмине оваа состојба?
Проф. Груевска-Маџоска: Оваа состојба може да се надмине единствено со добро образование, а тоа значи добра образовна програма, добри учебници и, пред сè, добар наставен кадар. Велам, со добро образование, а не со многу читање. Зошто? Затоа што иако се донесе Закон за употребата на македонскиот јазик во 1998 година и се започна со полагање лекторски испит, сведоци сме на многу лоши, нелекторирани текстови, лоши преводи, лош избор на новинари и презентери по телевизиите кои ниту го познаваат македонскиот стандарден јазик, ниту имаат добар изговор, така што немаме право да им забележуваме на младите ако ги повторуваат јазичните грешки коишто секојдневно ги слушаат и ги читаат. Затоа треба да се потрудиме да им обезбедиме навистина добро образование кое ќе се осмисли добро, а не со избрзани реформи кои носат повеќе штета отколку корист.
Фактор: Дали доволно се вложува во научно-истражувачка дејност во земјава?
Проф. Груевска-Маџоска: Во научната дејност речиси воопшто не се вложува. Од 2010 година не добиваме средства за проектите коишто беа одобрени од Министерството за образование и наука, ниту пак има конкурс за нови проекти. Не добиваме ни средства за учества на научни конференции, што заедно со срамните плати што ги добиваме прави да се чувствуваме немоќни во извршувањето на нашата дејност. Кога ќе сфатат надлежните дека во науката мора да се инвестира за да одиме напред како држава? Наместо државата да инвестира во старите универзитети и институти, да го ангажира најдобриот академски кадар, да испрати млади истражувачи на усовршување во странство, да ги подобри техничките услови за студирање, да даде стипендии за студирање на овие универзитети и да изгради или реновира пристојни студентски домови, сведоци сме на потполно обратен процес. Уништување на старите универзитети со тоа што се даваат акредитации на безброј нови, и државни и приватни, се отвораат
дисперзирани студии каде што нема никави услови за тоа, со што се спушти нивото на образованието и, особено, на добивањето академски титули до тој степен што веќе тоа претставува предмет за подбив. Сето ова се огледува во рејтингот на нашите универзитети на толку зборуваната Шангајска листа. Тој низок рејтинг е само доказ колку последниве години целиот развој на образованието и науката оди во потполно погрешна насока.
Фактор:
Дали финансирањето во научната дејност за истражувања во областа на македонскиот јазик е поврзано со спората динамика за објавување на вакви капитални дела?
Проф. Груевска-Маџоска: Како што споменав и претходно, научната дејност речиси да не се финансира. Тука спаѓа и науката за македонскиот јазик. Еве, јас сум главен истражувач на проектот Речник на синоними во македонскиот јазик, одобрен од 2009 година, а од 2010 веќе не добивам средства. Така не може да се работи. Покрај ова, од нашето ресорно министерство не добиваме средства ниту за издавачка дејност. Со години конкурираме на Годишниот конкурс на Министерството за култура, како единствен начин да добиеме средства за печатење. Годинава ниту од тоа министерство не добивме средства. Дури ниту за списанијата Македонски јазик и Македонистика. Со тоа кругот се затвори. Немаме никакви услови за работа.
Фактор: Има ли доволно млади научници од областа на македонистиката кои ќе дадат свој придонес во развивање и збогатување на јазичниот фонд?
Проф. Груевска-Маџоска: Млади научници од областа на македонистиката има доволно, но тие не се ангажирани речиси никаде. Во Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“ од 1998 година нема ниту едно ново вработување на научен кадар со што се прави толку голем генерациски јаз што не сум сигурна дека некогаш ќе може да се надмине. Во моментов во Институтот сите научници имаат над 40 години и сите се веќе доктори на науки. Ова е навистина многу сериозен проблем за којшто е крајно време некој од надлежните да се ангажира. Доколку не инвестираме во младите, нашата наука за македонскиот јазик нема да има никаква иднина, а тоа е поразително.
Фактор: Со години има сериозен проблем со топонимите и нивното пишување односно преведување со што во многу случаи се губи нивното значење, како и непрецизната законска регулатива која треба да го третира ова прашање. Што предвидуваат нормативите и литературата?
Проф. Груевска-Маџоска: Тоа е така затоа што политиката ги вмеша своите прсти. Во науката е потполно јасно – топонимите не се преведуваат никогаш, иако кај нас имаме обратен случај. Сето ова произлегува од лошо и нејасно напишаните договори и закони со кои се регулира употребата на јазиците. Прво треба правниците да седнат и да се договорат што подразбираат под официјален јазик, службен јазик и јазик во службена употреба, затоа што во законите тоа е потполно недефинирано. Оттаму, секој може да си толкува како што му одговара. Исто така, и тоа што е јасно дефинирано, треба да се почитува. На пример, според законот, во единиците на локалната самоуправа во кои над 20 % од населението зборува јазик различен од македонскиот, се употребува и тој јазик дополнително на македонскиот. Значи, на таблите треба прво да стои натписот на македонски јазик, па потоа на вториот јазик, но ние сме сведоци дека речиси секаде е обратно и никој од надлежните не реагира. За да имаме добар соживот треба да се почитуваме меѓусебно, со што ќе ја снема недовербата меѓу нас, а тоа сметам дека можеме да го направиме
Ова го забележав со "претрчување" низ текстот. Обележаните зборови нема да ги коментирам (има македонски зборови за истите). Сакам нешто друго да кажам.
Како е можно:
Правописот е многу прегледно претставен со цел корисниците што полесно да се снаоѓаат, а се надеваме дека
ќе биде и широко употребуван, со што ќе се подигне нивото на правилната употреба на македонскиот стандарден јазик.
И веднаш после ова:
Жалиме што тиражот е само 500 примероци, но тоа беше максималниот тираж за кој можевме да конкурираме на Годишниот конкурс за издавачка дејност на Министерството за култура.
Демек тие сакале, ама "овие" не им даваат пари?
Морам да истакнам дека сите 48 автори работеа за симболични хонорари, само со желба сите да дадеме свој придонес за нашиот мајчин македонски јазик.
Ова е фалење или жалење? Човек не знае како да го сфати
За да дојдеме до главниот проблем во оваа држава: ПАРИ!
Дополнително власта со години не инвестира ништо во научната дејност. Наместо државата да инвестира во старите универзитети и институти, да го ангажира најдобриот академски кадар, да испрати млади истражувачи на усовршување во странство, да ги подобри техничките услови за студирање, да даде стипендии за студирање на овие универзитети и да изгради или реновира пристојни студентски домови, сведоци сме на потполно обратен процес.
Да ги прашам јас "господичните" и останати од наведените катедри, институти и сл:
- ШТО Е ВАША РАБОТА?
- Да го истражувате и развивате јазикот, или да чекате "тендер" од Влада на РМ и тогаш "да засукате ракави", па "брже-боље" да се удирате во гради како сте го "средиле"?
- Вашите плати се мизерни? Колкави плати барате, за сериозно да си ја вршите работата за која сте дебело платени?
- Која е поврзаноста на отворање милион и еден универзитет и подобрување на студентски домови со проучување и развој на еден јазик? Зошто истото не би се работело на 2 и повеќе универзитети, во 10 градови на територијата на РМ и со тоа целосно да биде опфатен јазикот?
Имам уште мн прашања, ама ме мрзи да се вртам во круг. И така нема кој да ми одговори
Ќе заборавев: од кога
т е Т? "
претставен" ова ми личи повеќе на "премсмавен", отколку на "претставен".
