Самата библија ни докажува дека има многу разни богови, тоа е последица на историскиот настанок на монотеизмот кај евреите и потоа таа еврејска вера ја превзедоа уз разноразни модификации, рисјаните.
И евреите како и сите други беа многубошци и нив ништо чудно не им беше да други народи имаат свои богови, но секако нивниот си го фалеа како најдобар, полна е библијата со такви примери:
Зашто Господ, вашиот Бог, е Бог на боговите и Господар на господарите, Бог голем, силен и страшен, Кој не гледа на лице и не зема дарови
Бог над боговите, Господ, говори и ја повикува земјата од сончевиот изгрев до запад
Бог застана во собранието на боговите, меѓу боговите изрече суд
Меѓу боговите нема таков каков што си Ти, Господи, и нема дела како Твоите
зашто велик е Господ и достоен за пофалба, страшен е Оне над сите богови
зашто Ти си Господи, Севишни на целата земја, повисок си од сите богови
Бидејќи познав, дека Господ е велик, и дека нашиот Господ е над сите богови
Славете Го Бога на боговите, зашто е вечна милоста Негова
Оти ќе поминам низ земјата египетска таа ноќ, и ќе го убијам секој првороден во земјата Египетска, од човек до добиток, и ќе се одмаздам на сите богови египетски. Јас сум Господ
Кој е како Тебе меѓу боговите, Господи?
Сега знам дека е Господ поголем од сите богови, и тоа токму во она, со што тие се превознесуваат
Пазете го сето она, што ви го кажав. Не спомнувајте ги имињата на туѓите богови; ова да не се чуе од устата ваша
Немој да им се клањаш на боговите нивни, ни да им служиш, ниту да правиш што тие прават, туку урни ги ликовите нивни уништи ги.
Не мешај се со нив, и со боговите нивни да не сврзуваш завет
Да не останат во земјата твоја, за да не те наведат на грев против Мене; зашто, ако им служиш на боговите нивни, тие ќе ти бидат соблазан за тебе
И не клањајте се на други богови освен на Господа, бидејќи името Негови е ревниво; Он е Бог ревнител
И ако речете: »зошто нашиот Господ Бог ни го прави сево ова?« Он ќе им одговори: »бидејќи Ме оставивте и им служите на туѓи богови во своја земја, затоа ќе служите на туѓинци не во вашата земја
ако не притеснувате другоземец, сирак и вдовица, не пролевате невина крв на тоа место и не тргнете по други богови за ваше зло
Ме оставија, вели Господ, и тргнаа по други богови, ним им служеа и им се поклонуваа, а Мене ме оставија, и законот Мој не го пазеа
Поради тоа ќе ве исфрлам од оваа земја во земја, која не ја познавете ни вие ниту татковците ваши, и таму ќе им служите на други богови дење и ноќе; оти Јас нема да покажам милост спрема вас
И ќе си одговорат – „затоа, оти тие го оставија заветот на Господа, својот Бог, и се поклонија на други богови и ним им служеа
Господ Саваот, Бог Израилев, вели: еве, Јас ќе го посетам Амона, кој живее во Ноф, Фараонот и Египет, боговите негови и царевите негови, Фараонот и оние што се надеваат во него