Стапка на вработеност

  • Креатор на темата Креатор на темата de_crecy
  • Време на започнување Време на започнување
Округло отприлика, од два милиони третина се деца и старци, според статистиките има околу уште една третина што е вработена, и тече стаж/зема плата и недостасува последната третина. Од неа аврм вика дека се водат како невработени 250.000, тогаш каде се другите...

Цел муабет е поради фалбите дека власта ја намалила невработенаста на рекордни 25% а реално или народот сам се се пријавил (го убедиле поради икс причини) за пасивен барател или не е тука за да бара работа или нешто трето... Значи невработеноста не е намалена толку многу поради што луѓето се вработиле туку дека не се водат повеќе за невработени поради разни основи односно се избришани од таму.

Според статистиката, од 1946 и 50те години се раѓале над 50.000 новороденчиња годишно, што би требало да има над 500.000 возрасни луѓе меѓу 60 и 70 години и кој знае колку има повозрасни од 70 години. Нека се живи и здрави, а ние младите треба да се угледаме на нашите дедовци и бабовци и да чуваме најмалку по 3 деца, зошто сега се раѓаат само околу 20.000 новороденчиња годишно.[DOUBLEPOST=1453484769][/DOUBLEPOST]
Јас за некој месец имам 15 години од матура. Ако од 32 тогаш бидиме 10 што сме тука во градов/државава ќе е чудо...

Од штабот ли е таа статистика?
 
Според статистиката, од 1946 и 50те години се раѓале над 50.000 новороденчиња годишно, што би требало да има над 500.000 возрасни луѓе меѓу 60 и 70 години и кој знае колку има повозрасни од 70 години. Нека се живи и здрави, а ние младите треба да се угледаме на нашите дедовци и бабовци и да чуваме најмалку по 3 деца, зошто сега се раѓаат само околу 20.000 новороденчиња годишно.[DOUBLEPOST=1453484769][/DOUBLEPOST]

Од штабот ли е таа статистика?
http://forum.kajgana.com/attachments/рбс-jpg.136296/

219.000 за твоја информација. Блазеси на учителката што те научила дека од 2 милион една четвртина се пензионери/стари лица... туку да, за дотичните гласаат и умрените така да затоа и им се 500.000...

Од тајна група на фб со СИТЕ школски, сакаш можеби покана ?!
Да тврдиш дека сите оние кои не се водат како вработени/невработени, немаат никаков приход, е во најмала рака смешно. Јас, на пример, сум еден од тие кои не се водат како вработени, но имам приходи. Вакви како мене има илјадници. Има илјадници кои привремено работат во странство. Илјадници иселени. Илјадници хонорарци, фриленсери. Илјадници кои работат на диво и не се пријавени. Илјадници племиња, по 10-15 во семејство, кои живеат со пари кои им ги праќа Измет од Швицарска. И така натаму, да не набројувам, има милион примери.

Она што треба сите да нè интересира е стапката на вработеност, а не стапката на невработеност. Ако бројот на вработени има тенденција на растење, мање битно е дали сме еден милион жители или сто милиони. Небитно е колку се пасивни, а колку активни баратели на работа, се додека бројот на вработени се зголемува.

Види, едно е да не работиш а да имаш приход а друго е да не работиш а некој да кажува дека не си невработен. Темава е за тоа како некој зема поени пласираќи фиктивна статистика дека намалил невработеност толку многу а тој уствари само ги избришал (или им помогнал сами да се избришат бркајќи ги во странство) сите оние кои не се пријавуваат во аврм на месец или шест. Јас не гледам поинаква логика некој да не се пријвави во аврм освен да системот не го прими таму поради некои причини. Причините се или си вработен на определено/неопределено или си пензионер односно постар од 64/62 или не си полнолетен односно уште се школуваш и крајната најупотребувана опција = си закаснил 15+ дена и штрак избришан од систем на година дена...

Зборувам за начинот на кроење на бројките. Тој во намала рака е жива превара за пред камери...
 
Хаха, ама зошто си се фатил за таа невработеност ко слеп за стап, кога воопшто не е битна во муабетов!? Статистиката за бројот на невработени нема допирна точка со објективната реалност. Ти кажав и зошто. :LOL:

Она што треба тебе да те интересира е стапката на вработеност. Во трет квартал од 2015та, имало вкупно 711 380 вработени. Спореди ја оваа бројка со бројот на вработени во 2005та, и ќе видиш за колку се намалила невработеноста, и дали некој поентира со фиктивна статистика или не.
 
Си слушнал некаде на по медиуми некој да рече пред 10 години работеле 30% сега работат 32% или цело време сме бомбардирано како пред 10 години имало 37% невработени а сега се 25% невработени. Затоа и треба да не интересира дали тие 12% се вработиле сите и зошто не се повеќе невработени...
 
Убаво си пиша, фиктивна статистика. Еве што вика ПИОМ (кој е далеку померодавен кога се работи за вработени).
Во Република Македонија, на крајот од 2014 година, евидентирани се 536.191 осигуреник и 93.246 обврзници. И сега колку е вработеноста изразена во проценти од работоспособно население?
 
Она што треба тебе да те интересира е стапката на вработеност. .
Ако ставиш колку се вработени на државни јасли, колку платено од кредити и буџет...
Во Република Македонија, на крајот од 2014 година, евидентирани се 536.191 осигуреник и 93.246 обврзници. И сега колку е вработеноста изразена во проценти од работоспособно население?
Никој не знае, сите биле у подрум. Точно е што спомена Мистерно, нема попис, а последниот попис 2002 вели нешто друго, различно од бројките за 2002 и оние сега, нелогична разлика.
 
Последно уредено:
Убаво си пиша, фиктивна статистика. Еве што вика ПИОМ (кој е далеку померодавен кога се работи за вработени).
Во Република Македонија, на крајот од 2014 година, евидентирани се 536.191 осигуреник и 93.246 обврзници. И сега колку е вработеноста изразена во проценти од работоспособно население?
Убаво си пиша, ПИОМ е далеку померодавен кога се работи за вработени. Еве што вика ПИОМ:

- на крајот на 2005 година, бројот на вработени изнесувал 348.500.
- на крајот на 2014 година, бројот на вработени изнесувал 536.191.

Од 2006 година до 2014 година, се вработиле 187.691 луѓе. Значи, за девет години, невработеноста се намалила за вкупно 187.691 луѓе. Бројкиве се до 2014та. Ако ја сметаме и 2015та, бројката сигурно надминува 200.000 нововработени луѓе.

313nmae.png

Си слушнал некаде на по медиуми некој да рече пред 10 години работеле 30% сега работат 32% или цело време сме бомбардирано како пред 10 години имало 37% невработени а сега се 25% невработени. Затоа и треба да не интересира дали тие 12% се вработиле сите и зошто не се повеќе невработени...
Сум слушнал. :pos: :facepalm:

Нас треба да нè интересира точна бројка на вработени, бидејќи само за тоа имаш гаранција "црно на бело" дека тие луѓе имаат приходи и се вработени. Стапката на невработеност не ја отсликува објективната реалност, и можеш комотно да ја помножиш со нула. Јас имам редовни приходи, но се водам како невработен. Такви како мене има илјадници. И шукурац од таков податок, фаличен, неточен!?

Е ова треба да те интересира: oд 2006 година до 2014 година, бројот на вработени се зголемил за 187.691, и истиот има тенденција на растење. Тоа значи дека бројот на невработени, од 2006 година до 2014 година, се намалил за 187.691 луѓе. Овде нема ништо фиктивно. За сите овие луѓе се води евиденција, вработени се и плаќаат придонеси.

Ако пак нешто не ти е јасно, кажи, ќе ти нацртам.
 
Убаво си пиша, ПИОМ е далеку померодавен кога се работи за вработени. Еве што вика ПИОМ:

- на крајот на 2005 година, бројот на вработени изнесувал 348.500.
- на крајот на 2014 година, бројот на вработени изнесувал 536.191.

И со овој податок не се менува небулозата дека невработеноста ја прикажуваат дека е 26%, а од 950.000 работоспособно население како вработени според ПИОМ се водат само околу 550.000. Ако се направи проста математика се добива дека останатите 400.000 се 42%.

Од 2006 година до 2014 година, се вработиле 187.691 луѓе.

Ако погледнеш поубаво ќе видиш разликата е од 2005, а не 2006. Или се обидуваш да спинуваш или разликата од 45.000 што ја има од 2005-2006 не ти се свиѓа, па намерно ја прескокнуваш.
 
Еве што вика ПИОМ (кој е далеку померодавен кога се работи за вработени).
Ма уопште бре не им веруем ништо више на партискиве институции. Нека се ебат со зажарено железо.
 
И со овој податок не се менува небулозата дека невработеноста ја прикажуваат дека е 26%, а од 950.000 работоспособно население како вработени според ПИОМ се водат само околу 550.000. Ако се направи проста математика се добива дека останатите 400.000 се 42%.

Од 01.01.2015 плаќаа придонеси и луѓето кои не беа вработени официјално, т.е. фриленсерите и вработените по договор на дело за странски фирми и организации (преведувачи, информатичари, продажни агенти, научни работници итн.), а земаат редовни (често високи) приходи повисоки од минималната плата. Така, оваа разлика меѓу 550.000 официјално вработени и 712.000 е всушност бројот на фриленсерите кои си земаат приходи повисоки од минималната плата , а кои според нашите закони не се сметаат за плата, но секаде во Европа се сметаат за личен доход.

И јас не се бројам за вработен во ПИОМ, но остварувам приходи од странство, а такви како мене има илјадници во државава и сме благодарни на даночната политика со ниски даноци од 2008 г. , која ја поттикна индивидуалната претприемчивост и бизнис идејноста, со што државата ја разви фриленсерската дејност и донесе финансиска благосостојба на над 160.000 млади невработени лица.

Со оглед дека се пријавуваа придонеси само за повисоките приходи кои не се сметаа за плати на невработените, секако дека има и невработени кои остваруваат пониски приходи од неработен однос, така што реалната стапка на невработеност е пониска од 25%.[DOUBLEPOST=1453541599][/DOUBLEPOST]
Ма уопште бре не им веруем ништо више на партискиве институции. Нека се ебат со зажарено железо.

Ама затоа народот верува. Јас сум од голема фамилија со многу братучеди и сега скоро сите од мојата фамилија се вработени (за разлика од пред 10 години) и секако дека верувам на нашата статистика по однос на вработеноста.
 
Последно уредено:
Од 01.01.2015 плаќаа придонеси и луѓето кои не беа вработени официјално, т.е. фриленсерите и вработените по договор на дело за странски фирми и организации (преведувачи, информатичари, продажни агенти, научни работници итн.), а земаат редовни (често високи) приходи повисоки од минималната плата. Така, оваа разлика меѓу 550.000 официјално вработени и 712.000 е всушност бројот на фриленсерите кои си земаат приходи повисоки од минималната плата , а кои според нашите закони не се сметаат за плата, но секаде во Европа се сметаат за личен доход.

Сакаш да кажеш дека има 162.000 фриленсери? o_O Или и оние “кликај страни за 5 центи“ ги рачунаш за фриленсери?
 
Пошто гледам ти одат бројкиве дадени од штаб ај најди податок и закачи го колку имало буџетски корисници за плата и придонеси во 2006 а колку има сега, Моја кладба е дека од тие 187.000 бар 150.000 се во јавна администрација и субвенционирани вработувања...

А за 160.000 фриленсери видовме на протестот на хонорарците, ако имаше нови 160.000 кои требаа да плаќаат данок бар пола ќе излезеа на протестите...
 
Убаво си пиша, ПИОМ е далеку померодавен кога се работи за вработени. Еве што вика ПИОМ:

- на крајот на 2005 година, бројот на вработени изнесувал 348.500.
- на крајот на 2014 година, бројот на вработени изнесувал 536.191.

Од 2006 година до 2014 година, се вработиле 187.691 луѓе. Значи, за девет години, невработеноста се намалила за вкупно 187.691 луѓе. Бројкиве се до 2014та. Ако ја сметаме и 2015та, бројката сигурно надминува 200.000 нововработени луѓе.

313nmae.png

Сум слушнал. :pos: :facepalm:

Нас треба да нè интересира точна бројка на вработени, бидејќи само за тоа имаш гаранција "црно на бело" дека тие луѓе имаат приходи и се вработени. Стапката на невработеност не ја отсликува објективната реалност, и можеш комотно да ја помножиш со нула. Јас имам редовни приходи, но се водам како невработен. Такви како мене има илјадници. И шукурац од таков податок, фаличен, неточен!?

Е ова треба да те интересира: oд 2006 година до 2014 година, бројот на вработени се зголемил за 187.691, и истиот има тенденција на растење. Тоа значи дека бројот на невработени, од 2006 година до 2014 година, се намалил за 187.691 луѓе. Овде нема ништо фиктивно. За сите овие луѓе се води евиденција, вработени се и плаќаат придонеси.

Ако пак нешто не ти е јасно, кажи, ќе ти нацртам.
Убаво си пиша, ПИОМ е далеку померодавен кога се работи за вработени. Еве што вика ПИОМ:

- на крајот на 2005 година, бројот на вработени изнесувал 348.500.
- на крајот на 2014 година, бројот на вработени изнесувал 536.191.

Од 2006 година до 2014 година, се вработиле 187.691 луѓе. Значи, за девет години, невработеноста се намалила за вкупно 187.691 луѓе. Бројкиве се до 2014та. Ако ја сметаме и 2015та, бројката сигурно надминува 200.000 нововработени луѓе.

313nmae.png

Сум слушнал. :pos: :facepalm:

Нас треба да нè интересира точна бројка на вработени, бидејќи само за тоа имаш гаранција "црно на бело" дека тие луѓе имаат приходи и се вработени. Стапката на невработеност не ја отсликува објективната реалност, и можеш комотно да ја помножиш со нула. Јас имам редовни приходи, но се водам како невработен. Такви како мене има илјадници. И шукурац од таков податок, фаличен, неточен!?

Е ова треба да те интересира: oд 2006 година до 2014 година, бројот на вработени се зголемил за 187.691, и истиот има тенденција на растење. Тоа значи дека бројот на невработени, од 2006 година до 2014 година, се намалил за 187.691 луѓе. Овде нема ништо фиктивно. За сите овие луѓе се води евиденција, вработени се и плаќаат придонеси.

Ако пак нешто не ти е јасно, кажи, ќе ти нацртам.
Партали праиш со бројкиве, само не кажуваш дека бројот на фирми во Македонија веќе 5 години се намалува и се помалку се отвораат нови фирми.

Трендот на намалување на претприемачката иницијатива во Република Македонија продолжи и во 2014 година, се вели во најновиот извештај за финансиската стабилност на земјава што го објави Народната банка.

Така, бројот на новооснованите правни лица веќе четири години по ред бележи пад, а во 2014 година се намали за 1,4%, што предизвика и благо намалување на нивното учество во вкупниот број активни правни лица.

„Од друга страна, кризните години без економски раст сè уште манифестираат последици врз корпоративниот сектор, што се согледува како преку растот на правните лица над кои е отворена стечајна постапка, така и преку растот на апроксимативната стапка на банкротирани правни лица (анг. bankruptcy rate), која во 2014 година изнесува 3,8% или за еден процентен поен повисока во споредба со 2013 година“, се вели во извештајот.

http://emagazin.mk/vesti/vest/11943...ovoosnovani-фirmi-pagja-chetiri-godini-po-red

Во државава има нешто над 70.000 регистрирани активни фирми, бројка која е за 5000 поголема од таа во 2004 та, но има и скоро 42.000 блокирани сметки на деловни субјекти, ова е според народна банка

Скопје, 19 јуни, 2015 (META)
Според податоците на НБРМ, бројот на физички лица со блокирани сметки во април годинава е 70.066, а во споредба со истиот период лани, бројката е зголемена за 25.978, кога бројот на блокирани сметки изнесувал 44.088.

Во однос на правните лица, пак, во април годинава 41.736 сметки биле блокирани, што е за 1.150 повеќе од истиот период лани, кога бројот на блокирани сметки на правни лица изнесувал 40.586.

http://meta.mk/se-pogolem-broj-gragani-i-firmi-so-blokirani-smetki/

Затоа пастирот откога го фатија усран почна и вакви одлуки да носи

Владата ги утврди и достави до Собранието законите за намалување на казните за фирмите

И сега ај објасни ми, ако нови фирми не се отвараат, ако и на постоечките им ги блокираат сметките и згаснуваат, каде се вработила таа маса на луѓе?
 
Сакаш да кажеш дека има 162.000 фриленсери? o_O Или и оние “кликај страни за 5 центи“ ги рачунаш за фриленсери?
Фриленсер е секој кој работи самостојно вон редовен работен однос и заработува други приходи кои не се плата, како преведувачи, информатичари, научни работници, продажни агенти итн.

Тие 162.000 (вклучително и јас) се оние кои не се во работен однос, а остваруваат редовни приходи по други основи повисоки од просечната минимална плата. Така и беше законот, само ние кои бевме официјално невработени, а остварувавме редовни други приходи поголеми од минималната просечна плата ( народски речено хонорарци), сами си ги пријавувавме приходите во Пиом.[DOUBLEPOST=1453545919][/DOUBLEPOST]
Партали праиш со бројкиве, само не кажуваш дека бројот на фирми во Македонија веќе 5 години се намалува и се помалку се отвораат нови фирми.

Трендот на намалување на претприемачката иницијатива во Република Македонија продолжи и во 2014 година, се вели во најновиот извештај за финансиската стабилност на земјава што го објави Народната банка.

Така, бројот на новооснованите правни лица веќе четири години по ред бележи пад, а во 2014 година се намали за 1,4%, што предизвика и благо намалување на нивното учество во вкупниот број активни правни лица.

„Од друга страна, кризните години без економски раст сè уште манифестираат последици врз корпоративниот сектор, што се согледува како преку растот на правните лица над кои е отворена стечајна постапка, така и преку растот на апроксимативната стапка на банкротирани правни лица (анг. bankruptcy rate), која во 2014 година изнесува 3,8% или за еден процентен поен повисока во споредба со 2013 година“, се вели во извештајот.

http://emagazin.mk/vesti/vest/11943?title=se-gushi-pretpriemachkiot-duh-brojot-na-novoosnovani-фirmi-pagja-chetiri-godini-po-red

Во државава има нешто над 70.000 регистрирани активни фирми, бројка која е за 5000 поголема од таа во 2004 та, но има и скоро 42.000 блокирани сметки на деловни субјекти, ова е според народна банка

Скопје, 19 јуни, 2015 (META)
Според податоците на НБРМ, бројот на физички лица со блокирани сметки во април годинава е 70.066, а во споредба со истиот период лани, бројката е зголемена за 25.978, кога бројот на блокирани сметки изнесувал 44.088.

Во однос на правните лица, пак, во април годинава 41.736 сметки биле блокирани, што е за 1.150 повеќе од истиот период лани, кога бројот на блокирани сметки на правни лица изнесувал 40.586.

http://meta.mk/se-pogolem-broj-gragani-i-firmi-so-blokirani-smetki/

Затоа пастирот откога го фатија усран почна и вакви одлуки да носи

Владата ги утврди и достави до Собранието законите за намалување на казните за фирмите

И сега ај објасни ми, ако нови фирми не се отвараат, ако и на постоечките им ги блокираат сметките и згаснуваат, каде се вработила таа маса на луѓе?

Остај ги пропагандите на кои ни ти не веруваш, погледај ја реалноста во Македонија.

Се намалила претприемчивоста зошто за 1.8% се намалил бројот на новоотворени фирми? Дај не зезај. Зошто да се отвараат фирми, кога државата овозможува да се работи како фриленсер со најнизок данок од 10% без плаќање придонеси? Само лани 162.000 лица самостојно работејќи оствариле редовни приходи повисоки од просечната минимална плата, а не биле вработени.

Блокираните сметки на фирми се влечат уште од пред 20 години кога полно отвориле фирми и не им се активни.
 
Последно уредено:
Фриленсер е секој кој работи самостојно вон редовен работен однос и заработува други приходи кои не се плата, како преведувачи, информатичари, научни работници, продажни агенти итн.

Тие 162.000 (вклучително и јас) се оние кои не се во работен однос, а остваруваат редовни приходи по други основи повисоки од просечната минимална плата. Така и беше законот, само ние кои бевме официјално невработени, а остварувавме редовни други приходи поголеми од минималната просечна плата ( народски речено хонорарци), сами си ги пријавувавме приходите во Пиом.[DOUBLEPOST=1453545919][/DOUBLEPOST]

Остај ги пропагандите на кои ни ти не веруваш, погледај ја реалноста во Македонија.

Се намалила претприемчивоста зошто за 1.8% се намалил бројот на новоотворени фирми? Дај не зезај. Зошто да се отвараат фирми, кога државата овозможува да се работи како фриленсер со најнизок данок од 10% без плаќање придонеси? Само лани 162.000 лица самостојно работејќи оствариле редовни приходи повисоки од просечната минимална плата, а не биле вработени.

Блокираните сметки на фирми се влечат уште од пред 20 години кога полно отвориле фирми и не им се активни.
Не е пропаганда, податоци на НБРМ се.
За да си фриленсер треба и да имаш сериозно работно искуство позади себе, за кое сам ќе ти треба долго време да го стекнеш, а дека има 162.000 експерти у државава во своите професии тешко малце.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom