Стапка на вработеност

  • Креатор на темата Креатор на темата de_crecy
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
17 февруари 2010
Мислења
32
Поени од реакции
13
Според податоците на Државен завод за статистика на Република Македонија што ги има на овој линк http://www.stat.gov.mk/KlucniIndikatori.aspx Активно население е 954 610 од кои 711 380 се Вработени а 243 230 се Невработени.
Кога ќе собереш 243 230 + 711 380 се добива 954 610 што е во ред, но исто така има податок дека Стапка на вработеност е 42.4% а Стапка на невработеност е 25.5%. Ако ги собереш тие два податока добиваш 42.4% + 25.5% = 67.9% што е различно од 100%.
Има некоја грешка во податоциве или има некој друг начин по кој се пресметува Стапка на вработеност?
 
тие 32% до 100 се пензионери и деца
 
За Население има 2 069 172, не испаѓа дека се останатите или пензионери и деца се 32% туку негде 55%, ако Активно население е 954 610.
 
Можно е да тие 42,4 % се со полно здравствено и пензиско, а овие останативе како волонтери да се водат.
 
http://forum.kajgana.com/threads/Инвестициски-БУМ-во-Македонија.53587/page-227
Тука имаш прво мое мислење на истава тема и неколку реплики и контра реплики, кога излезе дека има 324.000+ работоспособни народ пропаднат во земја бранителите на теоријата за намалена невработеност исчезнаа и никој не се јави повеќе да противречи... јбг немаат бројки од штаб пратени...
 
Да, малку им се чудни бројките. Вработеност рачунаат према работоспособно, невработеност према активно. И двете во однос на активното население се 75 со 25%.
Повеќе ме чудат други бројки. Пример работоспособно население од 15-79. До 24 теоретски учат, над 65 теоретски не работат. Од 15-24 се 289238, над 65 се 259083, тоа се 548321. Неактивно е 714496 за 2014. Разлика од неактивното и погоре теоретски неактивно (а работоспособно, 540 илјади) е 165.175 (бројката е сигурно поголема). Ако се бројките во ред, не е јасно каде се овие лица, зошто немаат никаква активност (ниту учат, ниту се пријавени, ниту работат, ниту се пензионери). Или како за 1 година бројот на неактивни се зголемува или намалува за 10-30.000 лица.
Ако се земе предвид и колку се на број осигуреници и неосигурани по ниеден основ (околу 1.800.000), станува уште позамрсено.
 
Ова што ти го наметнуваш како прашање беше кажано од страна на Фросина Ременски, привремениот технички министер. И беше одговорено и од тогаш не слушнав да искоментира нешто.

Kлучот е во начинот на кој се мерат, и влезните параметри кои се земаат в предвид, па така бројот на вработени и невработени на различен начин ги бројат Агенцијата за вработување и заводот, но и Пензискиот фонд. Тоа е стара тема која во моментов низ политички поенти ја наметнува актуелната техничка министерка за труд и социјална политика од редовите на СДСМ. Прашање е дали нејзините изјави се навистина дел од политичката игра за да се замајува јавноста или, пак, го покажуваат нејзиното незнаење.
Kако и да е, работите се кристално јасни. Имено во Македонија, Државниот завод за статистика е најголемата статистичка институција и собира и објавува податоци за сите области од животот по стандарди кои моментно важат во Европската Унија. Невработеноста и вработеноста се мерат со анкета на работна сила, на секои три месеци на репрезентативен примерок. Во резултатот се објавува активното и пасивното население и стапката на невработеност – ама вработен е и тој што месецот работел и само еден час. Агенцијата за вработување, пак, како невработени ги смета сите кои месечно им тропаат на врата и се регистрираат како невработени. Нив им течат законски рокови за пререгистрација – ако прескокнат ќе бидат избришани (за потсетување - најголем дел од бришењето беше направено кога СДСМ беше на власт). Тоа што некој задоцнил и не се пријавил, а некој се иселил па не може да се пријавува, секако влијае на бројот на регистрирани невработени, број кој со годините се намалува бавно. Но ова во никој случај не е податок кој е основа за споредба и база за тврдење дека измерената (сега од Државниот завод за статистика), стапка на невработеност од 25,5 проценти во третиот квартал е можеби последица на нереален процес, како што некој функционер сега се обидува да го наметне.
руг јасен факт е разликата што се јавува кога се споредуваат бројките за бројот на вработени кој го објавува ПИОМ и тие на Државниот завод за статистика. Пензиски придонеси не се плаќаат за хонорарците, за ангажираните со договор на дело, за земјоделците кои земаат паушал. Затоа за нив никако не може да се најдат податоци во пензискиот фонд, а статистиката на Државниот завод ги мери и нив, па излегува дека оваа институција избројала повеќе вработени.
 
Има многу избришани, кои се водат како "вработени" затоа што не се пријавиле на време во Агенцијата за вработување...
 
Има многу избришани, кои се водат како "вработени" затоа што не се пријавиле на време во Агенцијата за вработување...
Не се тие вработени туку се едноставно избришани од листата на невработени заради неактивност.
 
Да, малку им се чудни бројките. Вработеност рачунаат према работоспособно, невработеност према активно. И двете во однос на активното население се 75 со 25%.
Повеќе ме чудат други бројки. Пример работоспособно население од 15-79. До 24 теоретски учат, над 65 теоретски не работат. Од 15-24 се 289238, над 65 се 259083, тоа се 548321. Неактивно е 714496 за 2014. Разлика од неактивното и погоре теоретски неактивно (а работоспособно, 540 илјади) е 165.175 (бројката е сигурно поголема). Ако се бројките во ред, не е јасно каде се овие лица, зошто немаат никаква активност (ниту учат, ниту се пријавени, ниту работат, ниту се пензионери). Или како за 1 година бројот на неактивни се зголемува или намалува за 10-30.000 лица.
Ако се земе предвид и колку се на број осигуреници и неосигурани по ниеден основ (околу 1.800.000), станува уште позамрсено.
...уште мноогу одамна ми објаснија...градацијата е: мала лага, голема лага, статистика.....па сеа ти види што и како со твоите дилеми...:sneaky:
 
Не се тие вработени туку се едноставно избришани од листата на невработени заради неактивност.
Мене лично во аврм ме имаат прашано да не сакаш да те префрлиме во пасивни баратели, тоа по твој муабет значи да не сакаш да те „вработиме“ и скиниме ск*рца од процент на невработени во државата. Ова се политиките за намалување на невработеност? Колку ли спротивно од мене го имаат прифатено тој непристоен предлог за да наместо секој месец одат секои 6 месеци во аврм можам да замислам. Па имам братучед кој кога му го рекле истото прашал што е разликата помеѓу еден и шест месеци, дали ако најде работа нема да го прифатат за вработен му рекле дека нема никаква разлика и човекот рекол ај пиши на шест. Кратат бројки во статистики од нигде никаде. Фино лепо попис и секој кој не се води за вработен да си биде невработен а не невработен е само оној кој се пријавува секој месец без закаснување. Се знае, невработен е оној кој не зема личен доход!!! А такви се скоро милион а не нецели 300.000...
 
Според тебе не постои некој кој не бара работа? За жал познавам неколкумина а и на форумов има неколку такви. Не ги осудувам но нема потреба да ги викаме активни баратели на работа кога навистина не бараат работа.
 
Сериозно мислиш дека баш такви се пола милион народ?

Туку да, не се во државава за да бараат работа нели?
 
Сериозно мислиш дека баш такви се пола милион народ?

Туку да, не се во државава за да бараат работа нели?
Пола милион е разликата? Во тој случај има добар дел иселени. Проблемот е што до сега немало сериозни податоци за бројот на иселени лица (а и тоа тешко се утврдува затоа што не работат сите легално). Затоа можеби најдобро е да се гледа бројот на вработени лица како бројка не процент затоа што не знаеме колку луѓе во моментов има во МК. Време да се соочиме со вистината, дека има голем број иселени лица особено отако се либерализираше визниот режим. не знам зошто ние треба да го прикриваме тој тренд кој е присутен во цела источна Европа. Бугарите и Романците масовно се иселија и тоа после приемот во ЕУ.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom