Не би рекол. Денеска никој не ти бара писмо да напишеш, ниту речник ти гледа, освен ако не си топ пичица па да те земе да му куцаш документи и да му праиш табели у ексел, туку да му решиш проблем што он не знае да го реши. Еве конкретно ИТ сферата да ја земеме, во две фирми во Скопје познавам двајца кои немаат ни ф од факултетско образование, едниот мислам има идено на курс макромедиа флеш уште на времето а до пред извесно време беше хед оф дипартмент на php одделот, додека другиов фатил јаваскрипт уште на 18 години и плус пракси-макси, факултет нема, и он е хед оф дипартмент на некој си фронтенд департман таму. И двајцата земаат плати што да ги собереш на куп факултетлииве од економски и правен може да ги сањаат у Македонија. Закључок, не е до факултетот, туку до колку ти сече и колку знаеш што сакаш у живот и нормално колку си посветен на тоа, а да и колку ти држи гзето да да работиш под притисок со денови и со саати кога имаш рокови. Тоа што у Македонија младите, а и не само у Македонија, не знаат што да праат со животот па упишуваат факултети и им ги пунат џебовите на луѓе кои продаваат ветар и магла е друг проблем.