Завршувањето на факултет не значи дека си гениј, паметен (како тука кај нас народот го доживува) туку колку си одговорен за твоите задачи, колку имаш трпение во тоа, со еден збор е еден вид едукација, знаеме многу добро особено ние што живееме во Македонија колку работа ке ти заврши знаењето од факс, но сепак има вредност ако стварно си стигнал до диплома со твој труд. Полесно ке се снаоѓаш со задачите дадени од работа утре задутре, ке знаеш да комуницираш, ке имаш богат речник (сепак од толку читање од факс нешто ке произлезе), ке знаеш како да се однесуваш, ке знаеш барем едно обично писмо да напишеш, полесно ке се вклопиш во било што. Сега знам дека има фрустрирани,искомплексирани (тие што немале успех во високото образование заради x причини) и го множат факултетот во денешно време со 0 кажувајќи "ееххх и дебил денеска завршува факултет"и сите знаеме дека има тавки што без една прочитана страна завршуват факултет но ти не можеш и немаш право да потценуваш некој што стварно се трудел многу на факс да стигне до таа диплома, ти потценувај колку сакаш, тој/таа ке постигне многу во животот ако стварно завршил факултет со учење. Заклучок факултетот ке те спреми многу за понатамошниот живот ако го завршуваш со твој труд.