Антихрист во Христијанството

  • Креатор на темата Креатор на темата Noor
  • Време на започнување Време на започнување
Не си во право со твоето учење, филозофија. Затоа што Господ Исус Христос во откровението кажува дека ќе се створи нова земја и ново небо за тие кои ги следат неговите заповеди и ги исполнуваат.
Заповеди?!
Ако било така многу до сега ќе го виделе небото и земјата....позаебано е од што мислиш.
 
Тоа што ти и сличните на тебе го правите е манипулирање со овие нешта, при што користејќи полувистини, промовирате заблуда и искривена слика со цел да го оцрните западот и да го претставите како нешто декадентно и опасно во очите на лекоумните и наивните.

Голем зналецу, како што јас го оцрнувам западот и ти слободно можеш да го промовираш западот, никој не ти забранува. Чуму е слободата на изразување ако не за слободно искажување на мислата. Еве уште можам да те поттикнам кон процесот на промовирање на западните вредности кога би ни говорел колкав висок степен на цивилизираност сме постигнале со легализација на проституцијата или со признавање на еднополовите бракови или пак за сурогат-мајчинството кога би ни говорел. Види само колку сме напреднале кога знаеме дека една млада дама која ќе ја платиме за сексуален однос има здравствена потврда дека нема сексуално пренослива болест, како што на пример кравите имаат жолти картони залепени за нивните уши за да би знаеле која е здравата (и соодветно вакцинирана) крава. Или пак кога би говорел за придобивката од еднополовите бракови. Замисли ти утре, кога би се наоѓал во заблуда и би почнал да ја преиспитуваш твојата сексуална ориентација и би заклучил дека си геј, таква либерта имаш во западните земји што без никаков проблем би можел да добиеш потврда за брак кога би се решил твојата друга половина да биде лице од ист пол. Така ќе се евидентирате во матичните книги на венчаните и би живееле хепи форевер. Кобајаги значителен напредок, нели? Толку од мене.

Инаку, би сакал само да нагласам дека топикот е отворен за дискусија во врска со антихристот и со последните времиња, па би замолил да се придржуваме до темата.
 
Голем зналецу, како што јас го оцрнувам западот и ти слободно можеш да го промовираш западот, никој не ти забранува. Чуму е слободата на изразување ако не за слободно искажување на мислата.
Слободата на изразување незначи слобода да се лаже, да се сведочи лажно и да се уништува нечиј углед и достоинство преку креирање на стереотипи и заблуди. Слободата на изразување значи слобода да се искаже сопствениот став или мислење без никој да те прогонува или казнува поради тоа.
Еве уште можам да те поттикнам кон процесот на промовирање на западните вредности кога би ни говорел колкав висок степен на цивилизираност сме постигнале со легализација на проституцијата или со признавање на еднополовите бракови или пак за сурогат-мајчинството кога би ни говорел. Види само колку сме напреднале кога знаеме дека една млада дама која ќе ја платиме за сексуален однос има здравствена потврда дека нема сексуално пренослива болест, како што на пример кравите имаат жолти картони залепени за нивните уши за да би знаеле која е здравата (и соодветно вакцинирана) крава. Или пак кога би говорел за придобивката од еднополовите бракови. Замисли ти утре, кога би се наоѓал во заблуда и би почнал да ја преиспитуваш твојата сексуална ориентација и би заклучил дека си геј, таква либерта имаш во западните земји што без никаков проблем би можел да добиеш потврда за брак кога би се решил твојата друга половина да биде лице од ист пол. Така ќе се евидентирате во матичните книги на венчаните и би живееле хепи форевер. Кобајаги значителен напредок, нели? Толку од мене.
Да! Цивилизираноста се гледа во способноста на луѓето да ги прифатат различните од себе без да ги осудуваат, деградираат, прогонуваат и убиваат! Сигурно не е цивилизираност да убиеш некого затоа што има различна сексуална ориентација од твојата! На кој начин неговиот сексуален живот те спречува тебе да живееш како што сакаш? Со кое право сексуалноста ја користите за да ги деградирате луѓето? Што е за вас цивилизираност? Сите да размислуваат, да се однесуваат и да веруваат во исти нешта? Свет на едноумие е за вас цивилизираноста?
 
Лага и вистин се разликуваат јасно по то шо едното може да се докаже а другото не, пример, дека Христ навистина постоел и правел чуда е доказ писмата на христијаните.
По ист принцип имаме доказ за вистиноста на Мухамед, Кришна, Амон Ра, Один, Сварог, Баал, Аштатра, Зевс, Митра.
Дали ги прифаќаш и тие “докази“ дека постоеле тие богови?

Сме ги правеле овие муабети на друга тема, овде друго се коментира. Но јас тек сега сваќам зашто одредени луѓе никогаш нема да ја прифатат вистината токму поради ова што го кажал Господ Исусу Христос.

Јован 8

47. Оној што е од Бога, ги слуша Божјите зборови, а вие не сте од Бога и затоа не сакате да слушате.“
 
Значи Бог не е единствениот креатор? Постојат нешта кои Бог не ги планирал за да постојат?
 
Лага и вистин се разликуваат јасно по то шо едното може да се докаже а другото не,

Како ти лично ја разликуваш лагата од вистината?

И лагата може да се „докаже„, и вистината може да се „докаже„: правниот поредок тоа редовно го користи, оти во правото, не постојат морално-етични норми, туку надмудрување меѓу поддржувачите на лагата и на вистината па кој ќе има појќе „докази„, го добива случајот, небитно дали е лажен или вистинит.
 
Значи Бог не е единствениот креатор? Постојат нешта кои Бог не ги планирал за да постојат?

Постојат ли клонирани луѓе денес? Постојат ли кучиња направени во лабараторија како пит бул? Значи никој не може да креира нешто ново, туку се вршело генетеска модификација на оргиналниот производ.
 
Постојат ли клонирани луѓе денес? Постојат ли кучиња направени во лабараторија како пит бул? Значи никој не може да креира нешто ново, туку се вршело генетеска модификација на оргиналниот производ.
Значи клонираните кучиња и пит бул кучињата не се дел од божјиот план?[DOUBLEPOST=1451762724][/DOUBLEPOST]
Како ти лично ја разликуваш лагата од вистината?

И лагата може да се „докаже„, и вистината може да се „докаже„: правниот поредок тоа редовно го користи, оти во правото, не постојат морално-етични норми, туку надмудрување меѓу поддржувачите на лагата и на вистината па кој ќе има појќе „докази„, го добива случајот, небитно дали е лажен или вистинит.
Има едно нешто кое ти не го поседуваш, а со чија помош се разликуваат. Тоа нешто се вика логика и здрав разум.
 
Ќе си побараш докази, пример, ќе отвориш книги и истражувања од историја, од археологија од математика, напоредно ќе го испиташ случајот со нив па ќе речеш “ова можело да биде така или не“
 
Ќе си побараш докази, пример, ќе отвориш книги и истражувања од историја, од археологија од математика, напоредно ќе го испиташ случајот со нив па ќе речеш “ова можело да биде така или не“

...и така, ќе ти текни што е „лага„ а што е „вистина„.

Ти благодарам на неодговарањето.
 
Постојат ли клонирани луѓе денес? Постојат ли кучиња направени во лабараторија како пит бул? Значи никој не може да креира нешто ново, туку се вршело генетеска модификација на оргиналниот производ.
Зар тоа не е доказ дека се зависи од човекот?Бог кога стварал како што пишува во Библијата нигде не пишува дека суштествата што ги створил едни биле диви,а други питоми.Се што користи човекот сам припитомил пред 15000 години,и флора и фауна.И кучето како куче е доместициран волк,ниту Бог ниту природата створиле куче.Кога Бог стварал не постоела пченицата ниту оризот ниту тие биле во неговиот план.После потопот Ное насадил лозје,направил вино и се опил.Приказни за мали деца или за некој што никогаш не виделе лозје.
 
Има едно нешто кое ти не го поседуваш, а со чија помош се разликуваат. Тоа нешто се вика логика и здрав разум.

Јасно е дека твојата перманента и хронична неспособност да дадеш одговор, ја надополнуваш со навреди на лична основа.

@Атеист,
живо ме занима како ќе изреагираш на погоре цирираниот „одговор„.
 
Јасно е дека твојата перманента и хронична неспособност да дадеш одговор, ја надополнуваш со навреди на лична основа.

@Атеист,
живо ме занима како ќе изреагираш на погоре цирираниот „одговор„.
Не гледам ништо спорно. Ако некој може да мери духовност на грамови, некој верување во проценти или субјективно да оценува кое е вистина кое лага.... итн. што да не и ова.
 
Значи клонираните кучиња и пит бул кучињата не се дел од божјиот план?.

Забегавме од темата, но, тие примери не ти се доказ дека сатаната сакал да има следбеници кои него ќе го обожават и сакаат? Па една парабола го објаснува тоа кога ја кажува Господ Исус Христос. Тоа е параболата за житото и кукуљот кој ќе растат заедно.

Но исто така секој човек и кој е креиран од Бога, ако не ги следи заповедите негови, и живее според световните заповеди, автоматски тој потпаѓа под дејство не нечестивите сили и тој самиот се претвара во ѓавол и под владение на сатаната. Така да има и вакви примери кои ја спречуваат тие луѓе да ја препознаат вистината зашто во нив има друга енергија. Само преку Господ Исус Христос секој човек може да се очисти од овие нечистоти кои го заслепуваат умот.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom