Антихрист во Христијанството

  • Креатор на темата Креатор на темата Noor
  • Време на започнување Време на започнување
Мир вам.

п.с. интересна е теоријата од исламската Есхатологија, и се поклопува со Господ Исус Христос што го кажал дека ќе дојде друг во своја слава и него ќе го примат евреите.

Тоа е и причината што го отворив овој топик, затоа што постојат многу сличности посебно со православието, а единствено православието и Исламот велат дека Месијата Исус (нека е Божјиот мир над него) повторно ќе дојде во физичка форма, додека другите христијански деноминации велат дека ќе дојде само во духовна форма.
Нели на Антихристот, според Исламот, треба да му фали десно око?
Нели е релативно лесно да се познае по тоа?
Не да му фали, туку ќе биде слеп на десното око: "...Тој (Деџџалот) е млад човек со виткана коса, и неговото десно око е слепо..." (Сахих Муслим)
Во еден друг хадис, Божјиот пратеник Мухамед (нека е Божјиот мир над него) вели: "Нема Божји пратеник кој не ги предупредил своите следбеници за едноокиот Лажец (антихристот). Тој е слеп на едното око, а вашиот Бог не е..." (Сахих Бухари)
Има зналци кои велат дека антихристот навистина е слеп на десното око (физичко слепило), но има и други кои велат дека слепилото на десното око симболизира внатрешно (духовно) слепило и гледањето од левото око симболизира надворешно гледање со физичките очи. Јас се придржувам кон последното стојалиште, бидејќи мислам дека има повеќе смисла. Десната страна секогаш симболизира добрина бидејќи муслиманите јадат со десна рака, ангелот од десното рамо им ги пишува добрите дела, а истотака во арапската култура на пример, кога двајца ќе застанат пред врата, тој што е од десната страна влегува прв внатре. Додека за антихристот кога се вели дека е слеп на десното око, тоа симболизира дека внатрешно (спиритуално) ќе биде слеп, а истотака и неговите следбеници. Денешниот свет е секуларизиран (да се потсетиме, Novus Ordo Seclorum - нов секуларизиран ред) а тоа значи дека само тоа што го гледаш со физичките очи е вистина (материјален свет) и дека нема Суден Ден, нема живот после смрт, знаењето се добива само со екстерна обзервација и дека овој свет е се што имаме, па да го искористиме максимум (нели, YOLO - You Only Live Once). Лесно може да се заклучи кои се тие луѓе кои мислат на таков начин.
Што значи, антихристот во својот изглед не може да биде слеп на едното око, бидејќи евреите одма ќе го одбијат. Тие го одбија Исус (нека е Божјиот мир над него) како Месија бидејќи велеа дека е (Господ да ми прости) копиле. Месијата според тоа треба да биде перфектен (олицетворение на Божјото лице), да е евреин и да е роден од татко и мајка. Затоа антихристот не може да има ќораво око.
Значи, тој ќе биде млад човек, евреин и со виткана коса, бидејќи ќе го имитира вистинскиот месија, а истотака и еврејските рабини имаат таква коса.
 
Последно уредено:
Мир вам.

Тоа е и причината што го отворив овој топик, затоа што постојат многу сличности посебно со православието, а единствено православието и Исламот велат дека Месијата Исус (нека е Божјиот мир над него) повторно ќе дојде во физичка форма, додека другите христијански деноминации велат дека ќе дојде само во духовна форма.

Не да му фали, туку ќе биде слеп на десното око: "...Тој (Деџџалот) е млад човек со виткана коса, и неговото десно око е слепо..." (Сахих Муслим)
Во еден друг хадис, Божјиот пратеник Мухамед (нека е Божјиот мир над него) вели: "Нема Божји пратеник кој не ги предупредил своите следбеници за едноокиот Лажец (антихристот). Тој е слеп на едното око, а вашиот Бог не е..." (Сахих Бухари)
Има зналци кои велат дека антихристот навистина е слеп на десното око (физичко слепило), но има и други кои велат дека слепилото на десното око симболизира внатрешно (духовно) слепило и гледањето од левото око симболизира надворешно гледање со физичките очи. Јас се придржувам кон последното стојалиште, бидејќи мислам дека има повеќе смисла. Десната страна секогаш симболизира добрина бидејќи муслиманите јадат со десна рака, ангелот од десното рамо им ги пишува добрите дела, а истотака во арапската култура на пример, кога двајца ќе застанат пред врата, тој што е од десната страна влегува прв внатре. Додека за антихристот кога се вели дека е слеп на десното око, тоа симболизира дека внатрешно (спиритуално) ќе биде слеп, а истотака и неговите следбеници (а мислам дека не е тешко да се заклучи кој гледа само со неговите физички очи). Денешниот свет е секуларизиран (да се потсетиме, Novus Ordo Seclorum - нов секуларизиран ред) а тоа значи се што гледаш со физичките очи е вистина (материјален свет) и дека нема Суден Ден, нема живот после смрт, знаењето се добива само со екстерна обзервација и дека овој свет е се што имаме, па да го искористиме максимум (YOLO - You Only Live Once). Лесно може да се заклучи дека кои се тие луѓе кои мислат на таков начин.
Значи, антихристот во својот изглед не може да биде слеп на едното око, бидејќи евреите одма ќе го одбијат. Тие го одбија Исус (нека е Божјиот мир над него) како Месија бидејќи велеа дека е (Господ да ми прости) копиле. Месијата според треба да биде перфектен (олицетворение на Божјото лице), да е евреин и да е роден од татко и мајка. Затоа антихристот не може да има ќораво око.
Значи, тој ќе биде млад човек, евреин и со виткана коса, бидејќи ќе го имитира вистинскиот месија, а истотака и еврејските рабини имаат таква коса.

Исто така имам прочитано дека и ќе криви со една нога антихристот. Тој текст го прочитав одавна, кога немаше интернет во едно списание и ме криво што не го сочував зашто ми се виде дека има вистина во тој текст.
 
Тојест пео се поред Дњепра до неког брдовитог места, на коме је потом поникао град Кијев.

Текстот е пишуван да биде разбирлив за денес, има бројки на секоја реченица со објансување.

https://slavoslovije.wordpress.com/2008/12/05/zitije-svetog-apostola-andreja-prvozvanog/
Aко Киев е основан во 10 век, и тогаш се појавил зборот Киев, Киевски гори.... значи некој го пишувал житието на светецот 1000+ години после светецот и некој опишувал каде се качил, каде седнал и шо рекол.... после 1000 години од настаните.
 
Денешниот свет е секуларизиран (да се потсетиме, Novus Ordo Seclorum - нов секуларизиран ред) а тоа значи дека само тоа што го гледаш со физичките очи е вистина (материјален свет) и дека нема Суден Ден, нема живот после смрт, знаењето се добива само со екстерна обзервација и дека овој свет е се што имаме, па да го искористиме максимум (нели, YOLO - You Only Live Once).
Тешка глупост. Seclorum на латински не значи секуларизиран, туку значи ера, еон, означува временски период. Како само ноншалантно си тресете глупости и носите заклучоци врз нив.....страшна работа...
 
Исто така имам прочитано дека и ќе криви со една нога антихристот. Тој текст го прочитав одавна, кога немаше интернет во едно списание и ме криво што не го сочував зашто ми се виде дека има вистина во тој текст.
Јас мислам дека нема да биде така, бидејќи како што реков Месијата мора да биде совршен за да го примат воопшто евреите. Но може и да сум во грешка, Господ знае најдобро. Ако се потсетиме за поранешните Божји пратеници ќе видиме дека тие го одбија вистинскиот Месија затоа што тој е роден само од мајка и не можеа да сфатат дека зачнувањето на Дева Марија е Божјо чудо и сметаа дека таа извршила блудство, и резултатот од тоа блудство е раѓањето на Исус (нека е Божјиот мир над него) кој според ова, он би требало да е копиле (Господ да ми прости). Божјиот пратеник Мухамед (нека е Божјиот мир над него) го одбија само затоа што е арабин, а според нив Божјите пратеници мора да бидат само евреи. Затоа јас мислам дека антихристот кога ќе се појави како човек ќе мора да биде цакум-пакум (да не му фали ништо во физичкиот интегритет), млад, евреин, роден од татко и мајка и со виткана коса бидејќи во спротивен случај нема да го примат евреите. Но тој мора да стори и нешто друго за да биде прифатен. Тој ќе мора да ја направи државата Израел повторно светска сила, како што беше во времето на Давид и Соломон (нека е Божјиот мир над нив) кога владеа од Ерусалим, и да се оствари Божјото ветување за светата земја која им е ветена и која спред нивната Тора се простира од реката на Египет (Нил?!) до реката Еуфрат. Тоа е период кога Израел ќе владее "еден ден како една недела" за која напишав погоре. А тоа ќе се случи по Третата Светска Војна.

Тешка глупост. Seclorum на латински не значи секуларизиран, туку значи ера, еон, означува временски период. Како само ноншалантно си тресете глупости и носите заклучоци врз нив.....страшна работа...

Мир тебе, пријателе. Баш се прашував во последно време што толку се задржа да се противиш на некое мое искажување или да ме "фатиш" како грешам.
great-seal-usa-back.png

Еве ја официјалната слика да ни биде ориентир на моето објаснување. Зборот seclorum произлегува од римскиот збор sæclum што значи ера, генерација, сегашно време/ера, век итн. Истотака зборот seclorum е множина, а еднината на овој збор е sæculum што го има истото значење како sæclum (види латински речник). Ако историјата се дели на Aнтика, Среден век и Нов (модерен) век, Novus Ordo Seclorum, што во превод направен од Чарлс Томсон (кој го дизајнирал The Great Seal of USA) значи Нов Ред на Ерата, тогаш ова начело несомнено се врзува со Новиот век. Тоа го дознаваме од фактот што Новиот Ред на Ерата е воспоставен да означи (според Томсон) почеток на Новата Американска Ера со усвојување на американската Декларација за Независност во 4 Јули 1776 година. Тоа го докажува и римскиот број MDCCLXXVI напишан во долниот дел од пирамидата што "во превод" e 1776 година. Но што навистина означува оваа година е формирањето на Илуминати (Просветлените) во 1 Мај 1776 година, а случајно по 2 месеци и 4 дена, имено во 4 Јули истата година е донесена Декларацијата за Независност за да привидно го означи тој настан. Новата Ера од друга страна се дели на Раниот Нов Век и Доцен Нов Век. Првата започнува во XVI век со Ренесансата, а втора во XVIII век по Француската и Индустриската Револуција. Бидејќи 1776 година спаѓа под XVIII век не е тешко да се заклучи дека се врзува со Доцен Нов Век. Велам се врзува, а не дека се означува Доцниот Нов Век. Оттаму и Нов Ред на Ерата, како своевидни спасители и воведувачи на "нов" ред во Новата (модерна) Ера.
Што е интересно тука е фактот што во Новата (Модерна) Ера почнуваат најголемите немири и најстрашните Револуции во човечката историја. Тогаш луѓето почнуваат да се жалат од Црковниот диктат и од неправедните црковни канони со кои неправедно им одземале земјишта. Тогаш се создаваат големите немири бидејќи на луѓето им беше "преку нос" и овој немир кулминираше со Француската Револуција во 1789 година (13 години по MDCCLXXVI година). Секако и Индустриската Револуција имаше свој удел во овие случувања. Резултатот од оваа Револуција беше создавањето на демократска и секуларна држава и појавата на Наполеон Бонапарта. Чудно нели? Одеднаш секуларна држава. Од овој момент дефинитивно Црквата се одвојува од државата (тоа е смислата на концептот на секуларизација) и Либералните концепти почнуваат да пуштат корени за идните држави. Во Англија уште од XVI се развиваше концептот на владеење на правото (rule of law), но по овој настан конечно ќе се прифати овој концепт не само таму, туку и пошироко. Од тогаш па наваму до денешно време скоро целиот свет го прифати концептот на секуларизација. Од ова гледаме дека секуларизацијата е непосредно поврзан со Novus Ordo Seclorum и тоа е водилка на овој Нов Ред. Затоа многумина теоретичари го преведуваат како Нов Секуларизиран Ред, со цел да го одбегнат оваа објаснување што јас го дадов сега. Но што е уште поинтересно е тоа што зборот "secularis" произлегува од истиот збор од кој произлегува seclorum, имено од зборот sæculum. Коинциденција? Не верувам.
Сега мислам дека е јасно кој "ноншалантно тресе глупости" и кој сака да се покаже како мали Ѓокица. Но Ѓокица треба да учи и да знае нешто, не заборавај.

Не да е јасно, од месечината се гледа кој и колку тресе глупости. Значи твоето првично тврдење беше дека seclorum значело секуларно. Тоа е лага, и во текстот што сега го постираше само се потврдува тоа што го кажав, дека зборот означува ера, еон - временски период, а не секуларност. Што означува еден збор е една работа, кои зборови имаат потекло од истиот е сосема петнаеста. Тоа што ти и сличните на тебе го правите е манипулирање со овие нешта, при што користејќи полувистини, промовирате заблуда и искривена слика со цел да го оцрните западот и да го претставите како нешто декадентно и опасно во очите на лекоумните и наивните.
 
Aко Киев е основан во 10 век, и тогаш се појавил зборот Киев, Киевски гори.... значи некој го пишувал житието на светецот 1000+ години после светецот и некој опишувал каде се качил, каде седнал и шо рекол.... после 1000 години од настаните.
Де бре толку ли не разбра? Апостолот се качил некои брда, гори, каде покасно ќе се наречат киевски гори. Текстот денес го пишале така зашто се знаеви на читателот да му биде јасно на кое место прободел крст и го кажал прорштвото бидејќи бил исполнет со светиот дух.

Sent from my EBM8000NBD using Tapatalk
 
Зато и постојат религија пошто има луѓе како тебе кои не размислуваат.
Пред 1000 години некој ѓоа апостол на некој ѓоа рид негде во русија нешо рекол.
И по 1000 години напишале дека било таму кај шо е сега Киев без никаков доказ за тоа.
И ќе најјдат лековерни луѓе кои веруваат во тоа и му даваат пари на црквата.
Ти знаеш ли колку ридови и реки има Русија?
Ти знаеш ли дека пред 2000 години поинаку се викаа и реки и народи и области и ридови не само во сегашна Русија туку и низ цел свет. Ти знаеш ли дека Андреј кој го велат дека бил Евреин, не е еврејско име? Нигде не постои некој Андреј евреин ниту то нешо значи на Хебрејски??
Али ко шо велам, црквата се потпира на имотот на неуки луѓе.
 
Зато и постојат религија пошто има луѓе како тебе кои не размислуваат.
Пред 1000 години некој апостол на некој рид негде во русија нешо рекол.
И 1000 години напишале дека било таму кај шо е сега Киев без никаков доказ за тоа.
И ќе најјдат лековерни луше кои веруваат во тоа и му даваат пари на црквата.
Ти знаеш ли колку ридови и реки има Русија?
Ти знаеш ли дека пред 2000 години поинаку се викаа и реки и народи и области и ридови не само во сегашна Русија туку и низ цел свет. Ти знаеш ли дека Андреј кој го велат дека бил Евреин, не е еврејско име? Нигде не постои некој Андреј евреин ниту ти нешт значи на Хебрејски??
Али ко шо велам, црквата се потпира на имотот на неуки луѓе.
Проблемот е кај луѓето кои ја немаат вистината во себе и затоа не можат да ја препознаат. Но затоа има и сведоци од тоа време кои ги запишувале за сведоштво на идните генерации. Покасно ќе ти ги напишам сведоците кои сведочат за овие настани.

Sent from my EBM8000NBD using Tapatalk
 
Затоа што Господ Бог така одлучил и пророкувал преку Апостолот Андреа кој бил жив сведок и ученик на Христос.

Житије од живото на Апостолот

Прегледај го приврзокот 135808

и точно како што проркувал преку светито дух после 1000 години се покрстуваат Русите и одненадеш се појавува светска сила во светот која го преставува Царството Небесно на земјата.

Прегледај го приврзокот 135809

И ова е уште едно чудо кое го повтрдува доказот дека виситнскиот Госпдо Бог е со православните и затоа зборот православие = права вера = правислно славење на Господ Бог.

Прегледај го приврзокот 135810
Ова се живи глупости,историјата кажува нешто друго.Првиот цар на Русија Владимир кој е всушност со норманско потекло и нормански принц ,тој како цар на Новото царство Киевска Русија во 988 година,тој бил паганин.И за негов опстанок тој морал да избере страна,која ќе го штити и подржува неговото царство.Тој избрал да биде ортодоксен, заради блиските односи со Византија.Инаку имал избор да биде Јудаист заради Хазарите,кои ги имало на тие пространства,или Муслиман заради Татарите.Инаку дивите пагански словенски племиња во Киевска Русија можеле сега да бидат муслимани или јудаисти.Се зависело од изборот на Владимир,кој избор не бил духовен заради тоа што му се јавил некој светец,или дух,туку политички избор.Тоа време Византија била голема светска сила.http: //www.imwerden.de/pdf/povest_vremennyx_let.pdf
 
Значи и ти не разбра дека апостолот Андреј пророкувал што ќе се случи на таа земја и како Господ ќе издигне народ. Коцките се така наместени според божја воља, а сето тоа било кажано пред 1000 години од светиот дух кој бил во Апостолот Андреј.[DOUBLEPOST=1451749933][/DOUBLEPOST]
Јас мислам дека нема да биде така, бидејќи како што реков Месијата мора да биде совршен за да го примат воопшто евреите. Но може и да сум во грешка, Господ знае најдобро. Ако се потсетиме за поранешните Божји пратеници ќе видиме дека тие го одбија вистинскиот Месија затоа што тој е роден само од мајка и не можеа да сфатат дека зачнувањето на Дева Марија е Божјо чудо и сметаа дека таа извршила блудство, и резултатот од тоа блудство е раѓањето на Исус (нека е Божјиот мир над него) кој според ова, он би требало да е копиле (Господ да ми прости). Божјиот пратеник Мухамед (нека е Божјиот мир над него) го одбија само затоа што е арабин, а според нив Божјите пратеници мора да бидат само евреи. Затоа јас мислам дека антихристот кога ќе се појави како човек ќе мора да биде цакум-пакум (да не му фали ништо во физичкиот интегритет), млад, евреин, роден од татко и мајка и со виткана коса бидејќи во спротивен случај нема да го примат евреите.

Антихрист, у чијем ће лицу, по учењу Светих Отаца, сам Сатана постојано деловати, изводиће своја лажна чудеса уз помоћ демона и савремених техничких средстава. У већ поменутом тексту објавили смо и видео запис представљања огромног LG комерцијалног холограма у Берлину 2010. године, којим су демонстрирана тадашња достигнућа 3D технологије (видети прилог бр. 2). Сада већ (дакле, после само две године) имамо прилику да видимо први опипљиви комерцијални холограм, који су креирали јапански научници.

http://borbazaveru.info/content/view/4579/1/

Свети Јован Богослов говори да ће Антихрист чинити велика дела, „да и огањ силази с неба на земљу пред људима" (Откр. 13,13). „Свето писмо указује на ово чудо као највеће од свих чуда Антихристових, и место овога знамења је ваздух: оно ће бити прекрасан и страшан призор. Оно ће највише деловати на чуло вида, одушевљавајући га и обмањујући" (Епископ Игнатије, IV, 302). Свети апостол Павле назива Сатану „кнезом који господари у ваздуху" (Еф. 2, 2). Из тог разлога Свети Симеон Нови Богослов упозорава да се ретко „гледа у небо из страха (предострожности) од лукавих духова у ваздуху, због чега се и називају ваздушним духовима, који производе многе и разне преваре у ваздуху" (Добротољубље том V, О трећем облику пажње).
 
Последно уредено:
Драги пријатели, мир вам.

Во последно време истражувам во врска со последната епоха, односно времето на појавата на Антихриста, какво ќе биде тоа време, кои ќе бидат знаците преку кои може да се препознае тоа време. Ме интересира од Христијанско стојалиште некој ако може да објасни како Христијанството ја објаснува последната епоха и како се објаснува случувањето на Армагедон? Кои ќе бидат знаците?
Не дека Исус сакал да прецизира календарски, намерата му била говорот да му биде нешто како тригер. Сите постапки кои се поврзани со дејствувања на овој свет се безврска. Дури и сите оние колективистички размислувања од типот дека децата ќе не спасат сите нас се срање. На светот еден ден ќе му дојде крајот, за да ефектот од говорот биде поголем т.е. тригерот што го спомнав,он вика ќе биде брзо...врло ускоро.
Оваа констатација во суштина е погубна за егото и нормално тоа и му било целта.
Целата поента е дека овој свет еден ден ќе го снема......прашањето е што ќе правиш ти со таа констатација?
 
Проблемот е кај луѓето кои ја немаат вистината во себе и затоа не можат да ја препознаат. Но затоа има и сведоци од тоа време кои ги запишувале за сведоштво на идните генерации. Покасно ќе ти ги напишам сведоците кои сведочат за овие настани.

Sent from my EBM8000NBD using Tapatalk
Не мешај вистина и религија
 
Последно уредено:
Не дека Исус сакал да прецизира календарски, намерата му била говорот да му биде нешто како тригер. Сите постапки кои се поврзани со дејствувања на овој свет се безврска. Дури и сите оние колективистички размислувања од типот дека децата ќе не спасат сите нас се срање. На светот еден ден ќе му дојде крајот, за да ефектот од говорот биде поголем т.е. тригерот што го спомнав,он вика ќе биде брзо...врло ускоро.
Оваа констатација во суштина е погубна за егото и нормално тоа и му било целта.
Целата поента е дека овој свет еден ден ќе го снема......прашањето е што ќе правиш ти со таа констатација?

Не си во право со твоето учење, филозофија. Затоа што Господ Исус Христос во откровението кажува дека ќе се створи нова земја и ново небо за тие кои ги следат неговите заповеди и ги исполнуваат.[DOUBLEPOST=1451757314][/DOUBLEPOST]
Не мешај вистина и религија

Па ти не можеш да ја препознаеш и да разликуваш виситна од лага затоа што во тебе нема вистина. Затоа и такви размислувања и коемнтари имаш.

  • 1 Јован 2:27 (MNT)
    Што се однесува до вас, вие сте просветлени од Светиот Дух и, се додека Тој Дух живее во вас, нема потреба никој да ве учи за тоа што е вистина, а што не. Светиот Дух ве учи за се, и се што Тој ве учи е вистина, а не лага. Држете се до Него и до она што Тој ве научи.
 
Лага и вистин се разликуваат јасно по то шо едното може да се докаже а другото не, пример, дека Христ навистина постоел и правел чуда е доказ писмата на христијаните.
По ист принцип имаме доказ за вистиноста на Мухамед, Кришна, Амон Ра, Один, Сварог, Баал, Аштатра, Зевс, Митра.
Дали ги прифаќаш и тие “докази“ дека постоеле тие богови?
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom